Војната на патиштата

Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.553
Поени од реакции
43.504
До продавница на 50метра.

Прегледај го приврзокот 348795

Првин тротоаров е тесен за велосипедисти, на пешаци треба да им свириш цело време, со други велосипедисти тешко разминување освен ако не се симнеш.
И ај што е тесен тротоарот, имаш контињери на секој 100-150 метра, па симнување константно, на тротоар што е висок 10cm.
И бонус имаш паркирано џукела, кој смета и на мене и на возачите на булеварот. За да го поминам треба на пола булевар да искочам. За ваквите треба само им ги кршиш ретровизорите дур поминуваш, следен пат ќе размислат.
И ова не е до продавница за цигари на минута. Ова е кај американ колеџ, слободно паркирај се вака и иди на предавања.
ти си дужен да возиш по тротоар и каде што има пречки да се префрлиш на коловоз, тоа не ти го забранува никој. Али да користиш два контењера како изговор за тоа цело време да возиш по коловоз не иде. Коловозот не е наменет за точаци, тротинети, и пешаци.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.394
Поени од реакции
5.568

Ја мајката, кој ти го кажал тоа дека коловозот не е наменет за велосипедисти. Ти си ги поминал ли тестовите за градска воопшто.
Велосипедист треба да вози по десната страна на коловозот ако нема обележано велосипедска патека. Тротоар не е наменет за велосипеди, туку за пешаци. Ние што го користиме тротоарот за возење за да си олесниме и на себе и на вас тоа е друго. Како јас во овој случај возев по тротоар бидејќи сметав дека е побезбедно него ли на булевар, иако имаше пречки.
Но при споредни улици слободно си возам по десна страна, твое е да дадеш жмигавец и да ме поминеш.
А ако мислиш дека си во право, слободно оди на запад и увери се.
 
брат, тоа правило е кога нема каде да возиш, пример тротоарот да е блокиран од кола или ако нема тротоар. А не на булевар да искачаш со точак и возиш по трета лента лол.
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.143
Поени од реакции
9.609
Точаците и некако но сопствениците на скутерите се посебна класа.

Уште кога ќе видам и дете како балансираат пред нив и се тресе скутерчето лево-десно додека со гордо крената глава се возат по коловозот кај Сетек до Мајчин Дом каде патеката е секогаш слободна..........

Кокошко ако читаш стави му барем кацига на малиот!!!
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.413
Поени од реакции
11.904
Еве пред половина час што ми се случи.
До мене од десна страна, паралелно си вози точак. Некој познаник од преку улицата, од лева страна му довикна. Инстантно овај крас, пред мене на пешачки, како главен да е во цел универзум. Закочив и ми се пули мангупски онака, па после тоа расправија нормално, се дери се раскарува, класична ПРЕД ЧОТЕК ситуација. А човек во години, 50-60 од око вака.
Барем 5-6 пати во минативе 2-3 год ми се има случено ова.
Глава клавам дека да беше обратна ситуација, пак тој ќе БЕШЕ во право според него. Само чотек му е мајката, др решение не гледам.
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.190
Поени од реакции
2.822

На пешачки строго се поминува со точак залетан да не видиш од кај дошол. Ако се симнат од точак и регуларно пешки го поминат пешачкиот, ќе дојдат од продавница ќе им го земат точакот.
Автоматски споено мислење:

Пред малку пред мене девојка се вози на тротинет нормално на улица. Реално немаше место на тротоар и нема велосипедска патека. На тротоарот паркирана кола и тој изгледа проба да отвори врата, девојката наеднаш сврте лево накај мене и за малку ќе ја удрев. Среќа што возев полека позади неа пошто не можев да ја поминам сигурно.
 
Последно уредено:

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.531
Поени од реакции
4.366
Да, да, велосипедистите се криви. Не се криви тие што паркираат коли на секој тротоар, па не можеш да возиш ни по тротоар, ни по велосипедска. Криви се затоа што нема никаква мрежа од велосипедски патеки во градов, што сред велосипедска патека имаш огромни контејнери што можеш да ги заобиколиш само ако се симнеш на улица или да влезеш во пешачкиот дел, што сред велосипедска патека имаш автобуски на кои стојат 100 луѓе и не се поместуваат кога те гледаат дека идеш, што на сред велосипедска патека луѓето си пешачат затоа што тротоарите се нефункционални од паркирани возила, старци буткаат колички за пазарење, родители буткаат колички со бебиња и секако моторџии ги користат за да избегнат семафори.
Партизанска и центар се чисти 99% од времето и просторот. Ако има 3-4 коли на две три локации не ви е изговор. За рестото знам дека здруженијата од пајак многу си уживаат во работата. Скоро сегде е наредено со пеколните портокалови столбчиња на шилегов.
Ама ајде. во 10тина наврати ве имам видено да возите по автопат. Кога се приближувате на автобуска или на раскрсница не усопорувате. Меѓу коли возите . На партизанска и на други места дрифтате по пешачките патеки. Дури каде што имате две патеки сегде ама таму не возите. На гологанов цели паркови со пешачки се возите, морало вие кај теснотилакот кај алумина да се пиката да пречите на се живо и диво.
Згора на тоа сигурно и членувате во здружениа за животински права како добри хипстери па не може ни џукелите да се средат. Прилично сум сигурен како солеше памет пред година дена.
Вие сте зависници од адреналин и тоа е тоа. Ќе успориш и ќе ползиш ако треба. Исто како што ја мора да ползам секој пат кога се пикате сред коловоз.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.136
Поени од реакции
75.171
Згора на тоа сигурно и членувате во здружениа за животински права како добри хипстери па не може ни џукелите да се средат. Прилично сум сигурен како солеше памет пред година дена.
Па, ова ми е најјако од цел пост :D
Хипстер ме направи, што членувал во здружениЈа за животински права, па уште и сум бранел здруженија ко Анима мунди на форумов :D
Нешто си измешал, другар.

За остатокот, горе долу ти објаснија/објаснивме во претходните коментари.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.990
Поени од реакции
41.444
Млад велосипедист од Тетово загина во сообраќајката кај скопската обиколница

Жално е што загинал дечково, а другиов веројатно е во многу тешка состојба, и не сакам да го бранам возачот, затоа што претпоставувам возел со огромна брзина, ама не знам што сакаат да докажат велосипедистиве? Спремни се и да погинат само за да докажат некоја поента? Дека се еднакви учесници во сообраќајот? Не, не сте, и во ваква држава со ваква инфраструктура не сте еднакви. Тоа е реалноста, вие може да се лупате со глава у ѕид ама тоа нема ништо да смени.

Да не бидам сфатен погрешно, немам ништо против велосипедистите, сметам дека во градска средина тоа е најдоброто превозно средство, и јас го користев се додека пред 3 недели не ми го украдоа велосипедот, ама никогаш не би помислил да возам на десна страна од коловозот (иако законски имам право) познавајќи какви ментални луѓе има што возат коли, автобуси и камиони, секогаш сум го бирал тротоарот кога немало велосипедска патека.

Пред неколку дена, еден таков напален велосипедист, кој често го среќавав по пат накај дома, и секогаш нешто тераше правдини и се расправаше со возачите на автомобилите, за малку ќе легнеше под камион. Ама битно кацига носеше и возеше на десна страна од коловозот. Во тој предел каде што он движеше, нема велосипедска патека, па или ќе возиш на тротоар или на улица. Дечкото одбрал на улица да вози, затоа што нели се еднакви учесници во сообраќајот, па сакаше да тера некоја правдина со возачот на камионот, за малку не влезе под тркало.

Пак ќе кажам, жалосно е за дечкото што загинал и за неговата фамилија, ама загинал на автопат, место на кое не е предвидено движење на велосипедисти.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.394
Поени од реакции
5.568
Па не е за џабе забрането сегде со закон да возиш велосипед на автопат, ама кај нас ова не важи баш. Не ми е јасно како не им е страв да го возат делот Скопје-Велес, посебно во тунелине.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.928
Поени од реакции
37.020
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.077
Поени од реакции
7.163
Млад велосипедист од Тетово загина во сообраќајката кај скопската обиколница

Жално е што загинал дечково, а другиов веројатно е во многу тешка состојба, и не сакам да го бранам возачот, затоа што претпоставувам возел со огромна брзина, ама не знам што сакаат да докажат велосипедистиве? Спремни се и да погинат само за да докажат некоја поента? Дека се еднакви учесници во сообраќајот? Не, не сте, и во ваква држава со ваква инфраструктура не сте еднакви. Тоа е реалноста, вие може да се лупате со глава у ѕид ама тоа нема ништо да смени.

Да не бидам сфатен погрешно, немам ништо против велосипедистите, сметам дека во градска средина тоа е најдоброто превозно средство, и јас го користев се додека пред 3 недели не ми го украдоа велосипедот, ама никогаш не би помислил да возам на десна страна од коловозот (иако законски имам право) познавајќи какви ментални луѓе има што возат коли, автобуси и камиони, секогаш сум го бирал тротоарот кога немало велосипедска патека.

Пред неколку дена, еден таков напален велосипедист, кој често го среќавав по пат накај дома, и секогаш нешто тераше правдини и се расправаше со возачите на автомобилите, за малку ќе легнеше под камион. Ама битно кацига носеше и возеше на десна страна од коловозот. Во тој предел каде што он движеше, нема велосипедска патека, па или ќе возиш на тротоар или на улица. Дечкото одбрал на улица да вози, затоа што нели се еднакви учесници во сообраќајот, па сакаше да тера некоја правдина со возачот на камионот, за малку не влезе под тркало.

Пак ќе кажам, жалосно е за дечкото што загинал и за неговата фамилија, ама загинал на автопат, место на кое не е предвидено движење на велосипедисти.
Во каква состојба се алтернативните патишта што се поврзуваат со Тетово? Има доволна ширина за да те претекне камион? Дали ти кога претекнуваш велосипедист му оставаш најмалку 1.5 метар простор? Има дупки и нерамен пат?

Лесно е да се пише од тастатура, но почни да возиш точак надвор од градот и сам ќе апелираш до сите велосипедисти да се движат по автопат.

Ова за жал е многу трагична завршница, но ако се бараат жртви, биди сигурен дека веројатноста да загинеш на регионален пат со точак ти е за 100 пати повисока отколку на автопат каде се движиш на лентата за запирање, каде е забрането да се движат моторните возила (и велосипедистите).
 
Веројатно се во ужасна состојба, но какви и да се, на велосипедист не му е местото на автопат и точка. Толку е едноставно, нема што да бараат таму.

А ти ако свесно возиш таму и си го ризикуваш свесно животот само за да докажеш некоја поента, тогаш не знам што да кажам. Мене страв ми е низ град, на велосипедска или на тротоар да возам затоа што има ментални луѓе кои возат коли, а не пак да искочам на автопат, каде што претекнуваат од десна лента, и шибаат по таа за застанување.
 
Бев на истиот став пред да станам велосипедист, верувај. Повеќето велосипедисти (99%) немаат што да докажат на автопат, едноставно бараат начин како безбедно да ја извозат рутата од X до Y, без да бидат свирани и загрозени од агресивни шофери.

Да имаме подобра инфраструктура со доволно широки регионални патишта + подобра сообраќајна култура, ни под разно нема да ни текне да возиме по автопат. Да бидам реален, имбецилите со иста брзина се движат на автопат и на регионален пат, а на регионалниот пат доволно е дел од стотинката за да те потбере поради тесниот простор.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.516
Бев на истиот став пред да станам велосипедист, верувај. Повеќето велосипедисти (99%) немаат што да докажат на автопат, едноставно бараат начин како безбедно да ја извозат рутата од X до Y, без да бидат свирани и загрозени од агресивни шофери.

Да имаме подобра инфраструктура со доволно широки регионални патишта + подобра сообраќајна култура, ни под разно нема да ни текне да возиме по автопат. Да бидам реален, имбецилите со иста брзина се движат на автопат и на регионален пат, а на регионалниот пат доволно е дел од стотинката за да те потбере поради тесниот простор.
И што треба да заклучиш од ова?
Секој што има полагано за возачка, и излегува со велосипед на автопат, заслужува да му биде одземена возачката доживотно!
Тоа што нема каде да возите, не е оправдание да се пикате на места каде ви е забрането. Налет што ризикувате ваш живот, ќе му го заебете и на тој што ќе ве изгази.
Петиција, и барајте државата да си инвестира во велосипедски патеки, дотогаш вртете дома на статичен.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom