- Член од
- 17 август 2011
- Мислења
- 9.767
- Поени од реакции
- 17.482
Не ми е чудно што луѓе со врски се спасуваат после било што во државава, затоа и не ми беше чудно за кичеец пример. Сакав да ги потенцирам баш собраќајкиве. Дел од децава беа поимотни, веројатно имале и повеќе пари и врски од овој што ги удрил.И тие неколкумина што беа осудени после година-две им беа изречени ослободителни пресуди/намалување на казната. Сигурно сите се сеќаваат на Фросина која беше прегазена на пешачки премин на Партизанска пред Силбо, пред добри 7-8 години? Типот ја собра девојката со 100ка на зелено за пешаци, доби 4 години затвор и мислам дека беше пуштен порано поради добро поведение.
Сообраќајката кај Католичка кога автомобил вртејќи на полна линија собра пар на мотор и мажот почина, а девојката го изгуби бебето и остана со трајни последици, возачот беше осуден на условна казна. Олеснителна околност било што го признал делото и покажал каење. Оди покажи каење за неплатен данок да те видам.
А и не се само овие случаи со дивеење на патиштата. Пред неколку години родилка од Гевгелија почина заедно со нејзиното новородено бебе бидејќи анестезиологот дошол на смена ПИЈАН при што ја интубирал подолго од дозволеното. Казната? Една година затвор.
Во право си за менталитетот ( пред некоја година имаше Вибер група со 10к членови и се споделуваа информации каде има полиција за да се избегнуваат тие улици ), но што правиме со казните? Каков е овој судски систем кој практично и не казнува убиства?
Ама судската пракса е таква, а и како што кажав менталитетот на луѓето е тој. Овој треба да лежи над 10 години за ова што го направил, ама кој ќе го осуди кога истово го праеле еден куп луѓе само имале среќа да не закачат некој? Ништо чудно и судијата да возел некогаш пијан со 100 на саат во градско подрачје.
Примери еден куп има задњи години, ниеден од нив не доби некоја казна што би премислиле некој копук да не го прави тоа. Овие што си ги набројала, плус вака одма што ми текињаат, тој со туарегот на католичка - малолетен згази дете на пешачки, потоа памтите во капиштец имаш еден што згази жена на ТРОТОАР и беше под дејство на дрога. Доби смешна казна, 3 години нешто така. Тоа ако не е убиство со умисла не знам што е. И знам и плус случаи што не се познати, каде имало смртни или тешки последици а возачите добивале условни казни.
Затоа викам што е потребно за да се смени законот, зашто очигледно сите се вадат на небрежност. Не е никаква небрежност ти да возиш пијан и со дупла брзина, треба со самото тоа да лежиш за ОБИД ако те фатат а не смешна казна од 350 евра.