Добро бе, си одел ли ти у последно време до Охрид или низ источна Македонија? Знаеш ли дека ако вака правиш на секоја дупка до Берово дека ќе возиш 15 саата? На нашиве им требаше да се случат неколку сообраќајки па да им текне дека на стража има мост што се распаѓа, да го санираат. А зошто впрочем првично па и да има дупка на патот? Зошто само во Македонија не функционира онаа "подобро да се спречи отколку да се лечи"? Само кај нас треба да се случи нешто за да почне да се делува. И значи според тебе Швајцарија, Германија и остали земји глупи се што инфраструктурата им е за десетка и нема ниту камче на патот?
Не можат бе овие земји да ги преиначат финансиите за пичвајз и да им кажуваат на граѓаните еј абе слушајте од сеа не санираме ништо, кога ќе налетате на дупка, застанете и разминете се? Можат. Ама не е тоа поентата.
Значи не викам јас дека нема несовесни, има мал милион тука, пијани, дегени, сељандури со беемвето, ама смешно е бе да зборите дека патиштата и патната сигнализација немале никаква улога во сообраќајките. Еве последно од пред две недели, влагам во Македонија од Србија, темници живи, кучиња претрчуваат, патот дупки... и тоа ви личи ли на безбедна средина за патување?
Бонус, си имаме ние на нашиве автопати диви приклучоци еден куп, од секаде може да ти излета некој неосветлен и ете ја бељата.