Така е
Пример оваа ситуација. (За UК е каде што се вози од лева страна ама поентата е таа

)
Прегледај го приврзокот 443672
Ти си жолта кола.
Чекаш да помине тој со белата кола, чекаш да помине фуфата па тој со бициклата и на крај дур свртиш си го папал немиен.
Ова се решава многу едноставно само на кој да му текне. Она што приметив во Холандија е дека ги повлекуваат пешачките премини за 5 метри подоле од раскрсницата, со што се губи ефектот на мртов агол кога вртиш десно, а они имаат доста велосипедисти, и исто така дури да дојдеш ти до пешачкиот ако во исто време ви се пушти семафорот, они се веќе отидени, па не се заглавува сообраќајот.
Исто така имаш 2 типа на пешачки таму, едниот е класичен зебра налик нашите, а другиот е налик на ова тука што го има на сликата. Е сега. Зебрите се користат во помали улици низ маала и населби кај што нема брз проток на возила. На секоја поголема улица (Илинденска, Гологанов и поширока) пешачкиот е налик на овој тука и таму
КОЛАТА ИМА ПРЕДНОСТ.
Колку и да звучи шокирачки така е, затоа што се рачуна дека ако станува збор за булевар, побезбедно е да минат сите коли па да мине пешакот него да се даде предност на пешакот и да дојде до проблеми, како што многу пати некој ќе застане да го пропушти ти си во мртов агол од возилото и не знаеш дали искача некој пред тебе или не, нити па пешакот те гледа тебе. За секој пофреквентен премин се користи надвозник/подвозник и решен проблем. Арно ама џабе што ако во Автокоманда има два подвозници кога пак претрчуваат преку 6 ленти.
На крајот пак се се сведува на писменоста, која за жал не очекувам да се промени, сега да тргнеме да правиме промени, нашите внуци може ќе ги почувствуваат