Војната на патиштата

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Овие уште од градинка почнале да возат. Дајбоже да оздрави, но да ми е да знам од кај им пари за мотор и за гориво

Во Велес е нормално после 12+ години да возиш скутер, врие од скутерџии без право на возачка дозвола по споредните улици
 
Последно уредено:
Од тато и мама... Во Велес премногу деца возат мотори, некои нормално, некои ненормално, со дигање на едно тркало итн итн.
Добро каков родител зима мотор на 14 год дете не сфаќам? Ај деца ко деца, мислат сѐ што лета се јаде. Може да сака и крокодил миленик. Родителот треба да каже- НЕ МОЖЕ. Шо ,,успех” е детето да ти вози на 14? И тоа повеќето без кацига возат… бррр
Еден полош пад и толку е.
 
И со 16 не треба да возат било какво моторно возило, бидејќи кај нас НЕМА никаква ПРАВНА одговорност за Малолетници....Проблемот е ШТО НЕМА ЗАТВОР ниту ЗА Родителите на малолетници!!!!
 
Добро каков родител зима мотор на 14 год дете не сфаќам? Ај деца ко деца, мислат сѐ што лета се јаде. Може да сака и крокодил миленик. Родителот треба да каже- НЕ МОЖЕ. Шо ,,успех” е детето да ти вози на 14? И тоа повеќето без кацига возат… бррр
Еден полош пад и толку е.
Да знаеш колку ги има што дома немаат леб да јадат, ама за синчето мора да има скутер за да оди на школо...
Полни се училишните дворови со скутери, како плац во бугарија!

И да! Во право е @Ireal дека кај нас нема правна одговорност за малолетници! А сите имаат право да прават што сакаат!
Памтам пред 15-20 години утепаа еден пензиониран професор, откако некој копиљак го удри со скутер... ни одговараше тој, ни бутур!
Тоа ти е кога си играме држава..
 
Epa toa e kompleks. Lebot e nuzen, motoror e luksuz.
 
Затоа пораду вакви стравови немам положено за кола ниту желба некогаш да положам.

Колку е да е потребно во денешно време да знаеш да возиш толку е и опасно поради луѓе кој се неодговорни возачи.

Многу работи треба да се сменат ама тешко во државава.
 
Автоматски споено мислење:

Ова како сцена од егзорцизам:нинџ:
 
Автоматски споено мислење:

Ова како сцена од егзорцизам:нинџ:
Епа не ги хоспитализираат сега, можеле да учествуваат во општеството (со возење возила тешки тон кои убиваат луѓе).
 
Последно уредено:
Секој ден известувања со стотици казни, превртени возила, сообраќајќи и повредени луѓе. Единствено решение е да се чека на депопулација па за 50 години конечно ќе имаме ред не бидејќи дека ќе се просветлиме туку ќе бидеме пола милион во државава па нема да има кој да гази пешаци а ќе нема ни пешаци за газење.
 
„Скопјанецов“ бил без дозвола, а детето го изгазил на пешачки премин пред училиште... :facepalm:

Според обвинителството, возачот управувал со моторциклот без заштитен шлем и без да поседува соодветна возачка дозвола за таа категорија возила.
Несреќата се случила на улицата „Џон Кенеди“, пред влезот на основното училиште „Васил Главинов“, каде што девојчето го преминувало коловозот на обележаниот пешачки премин. Наместо да запре и да им даде предност на пешаците, возачот со предниот десен дел од моторциклот удрил во телото на девојчето.

Ова на Џон Кенеди е сосема нормално, пешаците треба да внимаваат а не моторџиите
 
Ова на Џон Кенеди е сосема нормално, пешаците треба да внимаваат а не моторџиите
Друга реалност, друг универзум... И се експандира, се шири.
 
По селата е бетер ....се сеќавам уште за време на Шарените, кога се пенеа за случајот со Фросина од Паланка, во Петровец ноторен локален пијаница со дебело досие, наМртво изгази момче на Тротоар !!!!!, само фамилијата протестираше 2 пати и никому ништо, ни медиумите не се интересираа..
 
За жал свеста на народов е сведена на нула, емпатијата е во минус, совест не постои...
Толку исфрустрирани ликови мислам дека никаде не постојат, освен кај нас, колективно психичко нарушување. И јас живеам на периферија од градот убав, деца 10 годшни на веспи без светла ноќе, родители што ги возат во градинка децата седнати в скут со рачињата на воланот, копита со бмвиња 1994 година што со шлајфки тргаат од кладилница до продавница на 100 метри...нема крај на фрустрациите и мизеријата. Само радикални решенија може да променат нешто, џабе се празни муабети од типот на кампањи на тв и слично.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom