Вонредно генерално собрание на ФФМ: Илчо Ѓорѓиоски едногласно избран за претседател на ФФМ!

I

IBIZA SOUND

Гостин
samo haralampie znae kako se nasol do perez
se lepe covekot do perez:):)
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
Типов идол ми стануе. Нема човек као него,тенк не го бута :tv:
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363

Кој знае колку луге избутал за да се симне од горните редови за да застане до Перез (не дека сакал да се поздрави со Пандев!)
И сега гледајте во некој весник......ФФМ добро стои и со Перез!:pos2:
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Ако е тој, сумљам,ама ако е тој алал да му е. Има околу врат исто такво ко Перз шо има :D вип член
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Нема шанси туку-така да се изтурка до Перез.Тие се договорени заедно да се најдат,за која причина....
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.320
Поени од реакции
2.846
Е ова е мафија.

Еден пријател ми кажуваше за негов братучед што е во ффм, а порано беше во сите партии од СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, ВМРО народна, ХСДП и која не и му кажувал: бев будала што до сега се замарав со сите партии тука било џејф да се работи, се напунив со пари. Затоа заебите партии гледајте во ФФМ да си влезите
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Сигурно сака да му шитне на Перез некој играч од нашава лига или пак да договори пријателска помегу некој Мк клуб и Реал, за возврат Хари ќе му плати 2милиона на Перез:)
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.440
Поени од реакции
8.564
ЧАРШИЈАТА УШТЕ ЕДНАШ БЕШЕ ВО ПРАВО ЗА ТОА КОЈ ЌЕ БИДЕ ПОБЕДНИКОТ ВО 18. ФИНАЛЕ ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

НОВ ФИНАЛЕН СРАМ...

*Сосема очекувано Тетекс славеше, за првпат во својата историја освои титула, и тоа куп титула. Работнички не се обиде ниту да "одработи" еден посилен тренинг



Тетекс е победник во 18. финале во Купот на Македонија. Вчера, во пресметката со Работнички успеа да слави со 3:2 и сосема "заслужено" да стигне до својот прв трофеј. Велиме сосема очекувано зошто се оствраија "приказните" на фудбалската чаршија дека Тетекс ќе биде тој што ќе го порази Работнички во Скопје. Пукна нов финален СРАМ...
Срам од кој нашиот мак - фудбал тешко дека ќе се дигне, ако и пред тоа имаше каква било шанса за такво нешто.
Тетекс слави, с$ ќе се заборави за недела - две. Во историјата ќе биде запишано дека "штофарите" ја освоија својата прва титула, но на каков начин. Само да се потсетиме дека во првиот круг ја минаа Шкендија без одигран натпревар. Во 1/16 финалето го совладаа Превалец со 4:0. Во следното коло Беласица немаше шанси. Потоа во 1/4 финалето дојде на ред Македонија ЃП. Во Ѓорче "тетовци" загубија со 0:2, но откако "лавовите" беа избришани Тетекс победи со службени 3:0 и така му отиде на нозе на Скопје. Дома беше 0:0 за на Автокоманда во еден скандал меч да победи со 2:1. И еве вечера успеа да го победи апсолутниот фаворит, тимот на Работнички, кој во некои други околности сигурно дека ќе победеше без проблем и без мака со најмалку 3-4 гола разлика. Но во некои други околности. Вчера Работнички не одигра ништо. Дури не "одработи" ниту еден посилен тренинг. Но така е тоа, кога некои работи во мак - фудбалот не се расчистуваат на време.
Вака сите задоволни освен Силекс. Кратовци излегуваа во Европа, но само ако Работнички славеше. Ете тоа не се случи. Тетекс слави за пехарот, но Тетекс го слави и првото излегување во фудбалска Европа. Значи сите задоволни освен Силекс и оние неколкумина фудбалери на Работнички кои не успеаја да ги скријат солзите што не влегоа во историјата. Третпат по ред да го освојат куп трофејот.
Некои велат дека најскандалозно финале беше она во 2007 година меѓу Вардар и Победа. По тој натпревар сите се согласивме дека не може да се одигра едно полошо, едно посмешно финале. Ова вчерашното н$ демантираше, но не до крај. Имено, не сме сигурни дена наредното 19. по ред нема да биде карикатура.
И сосема за крај. Во изјавата подолу претседателот на Работнички истакнува дека неговите играчи пред натпреварот биле изложени на невидена пресија од страна на некои бандити. И дека случајот ги пријавил до МВР и до ФФМ. Е сега ајде да видиме што нашите челници ќе преземат...
З. Ѓоршоски

РАБОТНИЧКИ - ТЕТЕКС 2:3 (0:0)
Стадион: Национална арена "Филип Втори" во Скопје. Гледачи: 4.000. Судија: Владимир Кипријановски (Скопје). Помошници: Зоран Стефанов (Кавадарци) и Љупчо Ристески (Прилеп). Делегат: Иван Анастасовски (Куманово). Стрелци: Глигоров 69', Петковски 84' (РАБ), Захариевски (п) 47', Исени 49', А. Стојановски 64' (ТЕТ). Ж. Картони: Муарем (РАБ), Белчев (ТЕТ).
Играч на натпреварот: -
РАБОТНИЧКИ
Наумовски -
Бојовиќ -
Димовски -
(78' Тодоровски -)
Б. Божиновски -
(61' Петковски -)
Фернандо -
Муарем -
Адем -
Фабио -
Глигоров -
Туневски -
Брњарчевски -
(46' Синковиќ -)
ТЕТЕКС
- Мар. Јовановски
- Д. Јовановски
- Ристов
- Мишковски
- Б. Ристовски
- Белчев
- Д. Ристевски
( - Д. Савевски 65')
- Захариевски
- Пеев
(- А. Стојановски 46')
- Радоњиќ
- Исени
(- Мир. Јовановски 77')

РАБОТНИЧКИ - ТЕТЕКС
5 корнери 6
7/3 удари/во 7/6
13 прекршоци 17
2 офсајди 2
/ пенали 1/1
1 ж. картони 1

Минута по минута...
20' - Добра комбинација на "романтичарите", топката дојде до Б. Божиновски, кој од само 10 метри шутираше право во противничкиот голман
28' - Пеев се заканува од околу 22 метри, шутира под пречката, но Наумовски избива во корнер. По изведувањето на корнерот мешаница пред голот но Димовски, на среќа ја исфрла топката во поле
32' - Исени сам, го мина и Наумовски, но се најде веќе на гол линијата и немаше шанса да погоди
36' - Муарем шутира од далечина, но високо над голот
39' - Сега Туневски се обидува, но и неговиот шут заврши крај голот
0:1 - 47' - Конечно гол. Исени упати удар со глава, но топката удира во рака на еден фудбалер на Работнички. Кипријановски покажува на белата точка, а Захариевски погодува
0:2 - 49' - Во следниот напад домашната одбрана заспа, а на Исени не му беше тешко да погоди за зголемување на водството
0:3 - 64' - Исени повторно со глава упати удар, Наумовски одбива, а натрча А. Стојановски и погодува за 0:3
1:3 - 69' - Н. Глигоров од слободен удар од 20 метри шутира и ја тресе мрежата на тетовци
2:3 - 84' - Петковски од само пет метри еден отпадок го спремува во голот
90' - За малку сензација!!! Синковиќ очи во очи со Мар. Јовановски, и кога требаше да шутира тој намерно се сплетка и не го израмни резултатот

Стратев не стана од клупата!?
Стратегот на Работнички, Зоран Стратев, (не)очекувано воопшто не диригираше од клупата со своите фудбалери. Имено, тој во текот на сите 90 минути буквално не стана од клупата. Само неговиот помошник Туш Зефиќ еднаш стана, но само со нога да ги исшутира шишињата со вода кои беа пред него, веројатно од голема нервоза.

Скандалозен крај на скандалозната сезона
Скандалозен крај на најскандалозната сезона во историјата на мак - фудбалот. Повеќепати пишувавме што се случуваше во нашата Прва лига. Почнувајќи од бојкотот, потоа дисквалификацијата на Македонија ЃП и Слога Ј. Потоа дисквалификацијата на Победа. Па двапати прогласувањето за шампион на Ренова и капак на с$ дојде едно вакво куп финале. На здравје нека ни е.

Сите титули во Тетово
Сите три титули заминаа во градот под Шара. Ренова стана шампион во Првата лига, Тетекс го освои Купот, а Шкендија, пак, титулата во Втората лига. Не Прилеп, не Битола, најмалку Скопје, туку Тетово е најфудбалскиот град во Македонија. Нека им е честито на тетовци, најјаки се.

Репрезентативците "избегаа"
Не можејќи да гледаат што с$ се случува долу на теренот репрезентативците предводени од селекторот Мирсад Јонуз на 15 минути "избегаа" од "Филип Втори". Беа сместени во новинарската ложа и не прашуваа нас, новинарите, во што е работата. Дали гледаат фудбал или сонуваат...


ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РАБОТНИЧКИ ОТКРИВА СКАНДАЛОЗНА ТАЈНА

Поповски: Финалето немаше да се одигра!!!

Дека нешто чудно се случувало во вторниот попладнето, вечерта и вчера во текот на целиот ден ни потврдува и претседателот на Работнички, Драган Поповски.
"Искрено слободно можам да кажам дека немаше договор. Од мене лично моите играчи имаа дури и специјални премии, покрај оние задолжителните. Но ова ќе го кажам зошто јавноста мора да го знае. Имено, на само два часа пред натпреварот имаше можност финалето воопшто да не се игра. А зошто? Но сепак и покрај с$, и покрај сите глупости што се случуваа јас лично одлучив и им реков на фудбалерите дека мора да одиграат. Срамно ќе беше за мак - фудбалот да не се игра. Велам немаше да се игра поради тоа што нашите играчи во изминатите два дена добиваа смртни закани по телефон од анонимни лица, од бандити. Нашиот капитен во вторникот доцна попладнето беше и физички удрен во едно кафуле. Им се закануваа дека ќе им ги тепаат децата, им се јавуваа на сопругите и девојките. Јасно е дека нашите играчи беа под неверојатен психолошки притисок. И јас лично со знаење и поддршка на УО на клубот решивме целиот овој случај да го пријавиме. Испративме пријава до МВР, истата пријава до челниците на ФФМ и се разбира до комесарот за натпревари на ФФМ Миле Спиркоски. Едноставно ги запознавме со сите овие настани што се случуваа на ден - два пред натпреварот. Па нека се занимаваат сите тие со овие работи. Ќе повторам, од моја страна немаше договор. Мене не ми се потребни пари. Јас го сакав Купот. Сосема за крајот да кажам дека имавме барем неколку состаноци со играчите, инсистиравме да се игра максимално. Но ете, ги сфаќам и тие се само луѓе од крв и од месо", истакна првиот човек на клубот, Драган Поповски.
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Нема шанси туку-така да се изтурка до Перез.Тие се договорени заедно да се најдат,за која причина....
Да де договорени биле на кафе...........не заебавај!:nesvest:

Колку шо забележав за време на утакмицата Перез го дадоа еднаш и до него седеше друг човек, Хари не беше ни во кадарот!
Такада биди сигурен се избуткал до доле као демек да се поздрави со Пандев!:toe:
 

Stef_12

Player hater
Член од
15 јануари 2009
Мислења
1.024
Поени од реакции
645
Да де договорени биле на кафе...........не заебавај!:nesvest:

Колку шо забележав за време на утакмицата Перез го дадоа еднаш и до него седеше друг човек, Хари не беше ни во кадарот!
Такада биди сигурен се избуткал до доле као демек да се поздрави со Пандев
!:toe:
Не е важно дали се избуткал или не, важно се гледа дека седел кај вип личностите ( Перез,Берлускони,Платини...) така да филмовите што си ги прават Македонски Спорт дека Уефа сака да го тргне Хари, не држат многу вода.
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Не е важно дали се избуткал или не, важно се гледа дека седел кај вип личностите ( Перез,Берлускони,Платини...) така да филмовите што си ги прават Македонски Спорт дека Уефа сака да го тргне Хари, не држат многу вода.

Па нормално дека ке седи во Вип ложата........ Сите претставници од сите земји на своите Фудбалски Федерации седеа во Вип Ложата, а не дека некој го сакал Хари.......впрочем него ни Женаму не го сака да му е е!ам семката!
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Не е важно дали се избуткал или не, важно се гледа дека седел кај вип личностите ( Перез,Берлускони,Платини...) така да филмовите што си ги прават Македонски Спорт дека Уефа сака да го тргне Хари, не држат многу вода.
Абе какво тргање на Хари од страна на УЕФА!!! Од УЕФА стално зборат дека он е легитимен претседател и слични глупости. Којзнае што пари перат преку Хари и како им се вклопува во мозаикот. Еее се сеќавам кога се скандираше Ѕинго педер напред Вардар, како тоа Ѕинго мора да падне за доброто на Мак фудбалот. И би, падна големиот Ѕинго дојде оној со осмо одделение Ламбе и го доеба македонскиот фудбал и уште тогаш се гледаше дека со секој нов се поише ќе тонеме. И ете го Харалампие дојде и мува не го лази нема првенство нема клубови нема гледачи ама кур го боле има пари од УЕФА :smir: Не држат веќе коментарите дека ќе пропадне мак фудбалот, ТОЈ Е ВЕЌЕ ПРОПАДНАТ !!!
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
2.640
Поени од реакции
1.240
8.05.2010 13:23

Министерството за внатрешни работи денеска поднесе кривични пријави против пет лица од Фудбалската федерација на Македонија.

Осомничени се за злоупотреба на службената положба и овластување, меѓу кои и претседателот на ФФМ Харалампие Хаџиристески.

Против Хаџиристески е поднесена уште една кривична пријава од страна на Финансиската полиција во соработка со МВР под сомнение дека местел фудбалски натпревари.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom