Пеер,а кое е објективното гледање на работите?
Не постои такво нешто.Сите гледишта се субјективни.
Пеер,умот на масите е доволно заматен и воопшто не им треба НЛО за тоа.Ако некој човек истражува НЛО феномен,тоа не е поматување на неговиот ум,туку напротив,тој ги проширува своите гледишта.Дури и на крај да дознае дека се е лага,повторно,сите оние податоци кои ги собрал додека дојде до тоа сознание,ги зголемуваат неговите познавања од разни области,а и самото сознание,дека се е лага на пример,ги разбиструва неговите мисли и му дава одговори.
Не гледам некоја корист од манипулацијата со НЛО.
Од друга страна,има голема корист од криењето докази за постоење такви работи,баш заради тоа што го пишав во претходниот пост:Луѓето да не поставуваат прашања и да бидат комплетно посветени на исполнување наредби.
Ретко добиваме информации за НЛО од некој официјален и комерцијален медиум.Ако сакаа да ни го разматат мозокот со такви информации,ќе ја употребеа телевизијата,дневниот печат и слично,медиуми кои секојдневно им се сервираат на луѓето.Самото тоа што,повеќето од луѓето воопшто не веруваат во НЛО,кажува нешто.Ако медиумите сакаа да ги насочат масите во верување во овој феномен,досега сите ќе беа опседнати со тоа,и тоа ќе беше главна тема на нашето живеење,како што е Поп-културата.
Информациите за НЛО,најчесто се добиваат од Интернет,од едноставна причина што,никој неможе да го контролира,па според тоа,слободен е проток на било какви информации.
Секако,секој може да верува во што сака,ама секогаш треба да ја види и другата страна.Можеби и таму има нешто вредно за разгледување.