Ти си од ИТ струка?
Напротив, поетичното пишување е битно затоа што го вади максимумот од говорниот и пишаниот збор. Не сакам да се изразувам сувопарно и банално кога веќе на располагање имам прекрасни изрази. Пази при цел памет да се ограничувам, тоа не.
Ако мислиш на здравствено поле, тогаш имам да пишувам томови. Поради животнозагрозувачкиот синдром на кој бев и донекаде сеуште сум изложен = во некои прилики имав болови во сите зглобови од половина надолу, значи секој нерв на десетици коски и зглобови и зглобчиња на прсти, сето тоа беше како стиснато во менгеме и не може да се опише во каква ситуација е човек, не може да оди, не може да седи, не може да лежи, не може да си прави измет, прав правцат кошмар. Ако не беа супстанците не верувам дека ќе преживеев.
И секако можноста за изразување, вокабуларот заедно со начинот на негова употреба ми е драстично подобрен од порано, благодарејќи на супстанците. Исто како кај Хофман да речеме.
Поради стравичен и потенцијално смртоносен менингит во трета средно и јас имав трајни последици во вид на пречки во говорот. Супстанците значително помогнаа тоа да се реши до таа мера што сега можам да зборувам пред маса луѓе без проблем.
А ова е само дел од причата, некои ствари не се за на форум, но треба да се знае и позитивната страна на наркотиците, надвор од широко распространетите предрасуди кои го трујат јавниот наратив.
Астрономија и Астронаутика пишувам на ниво на целиот свет, наместо да се трошат ресурси за нови и нови начини за убивање луѓе тие средства можат да се употребат за експанзија на човековото сознание за универзумот и улогата на животот во него.
Пробај понекогаш, можеби ќе увидиш дека не сме сами во космосот