Z
zmej gorjanin
Гостин
И како тебе ппсихонаутика и астрологија ти го подобрија квалитетот на живот освен да утепаш некој муабет на форум или надвор од него?Па добро тоа е пред егзопланетите да станат сериозен феномен, како што кажува теоријата за ретката земја дека треба да постојат мал милион услови за да се развие живот тоа е точно, но точно е и дека само во нашава галаксија имаме трилион планети и барем неколку трилиони сателити и планетоиди.
Во нашиов сончев систем во голдилокс зоната се Венера, Земјата и Марс. Освен што се во таа зона тие се цврсти планети а не гасовити творевини како Јупитер, Сатурн, Нептун, Уран (Плутон е цврст планетоид кој има своја месечина но пред некоја година испадна во втора лига).
Тоа се тешко замисливи бројки и точно е дека животот би бил екстремно ретко појава во галаксијава, можеби одвај 0,001% од сите небески тела би имале развиено живот на нив. Тоа пак укажува и на еден друг факт а тоа е дека мораме како луѓе, како врв на животот за кој знаеме досега = сериозно да го измениме нашето однесување. Баш бидејќи животот е толку редок и скапоцен треба да се однесуваме кон него како кон најголемиот Божји дар што воопшто постои во универзумот, да го наголемуваме животниот век, квалитетот на живот и секако да вложуваме во Психонаутика и Астрономија/Астронаутика наместо во оружје и остали средства за убивање и сакатење. Време е.
Јас како активен Психонаут кој се бави со духовни патешествија барем 25 години се чувствувам должен да пренесам свои искуства на други луѓе Секој би можел да придонесе.