Секогаш гледам да најдам разбирање за туѓите реакции и акции, колку и да не ги прифаќам. Единствени луѓе, кои до сега не сум успеала да ги разберам, биле педофилите и фашистите.
Значи јас не гледам која би можела да биде сатисфакцијата да ебеш нешто, кое си можел да го родиш. Али пази, разликата во години е тотално небитна! Зборувам за тоа како можеш да бидеш привлечен од нешто што сеуште не е развиено како што треба. Дури ни влакната не му се целосно израснати...
Ми работи мајчинскиот инстинк и дури и самата помисла ме ужаснува! И не знам зошто воопшто бев споредена со расист поради ова.
Можеби затоа што неминовно ги привлекува малолетна личност и обратно? Можеш да им правиш експерименти, терапии, тортури итн да се откажат од она што ги привлекува па може на крај да се дојде дека така се родени? Дали се виновни што така се родени? Што ќе применуваме кон нив за да ги одвратиме? Или ќе откриеме дека си се такви? Кое е чарето?
За многу работи луѓето биле ужаснати па на крај некако се прифатени. Мнозинството било ужаснато од клонирање, било неетичко, грозно итн. Сега имаш држави каде тоа е прифатено, како прогрес на науката. Исто така имало ужаснување кон лгбт лицата, па полека се прифатени иако има доста спротиставувања во светот во денешно време.
Она што сме го сметале порано за неприфатливо сега е прифатливо и нормално. Границите на нормалното не се јасни. Којзнае што ќе се прифати утре и кои ќе бидат жигосани како ретроградни ако „ненормалното“ се прифати како нормално?
За расизмот-таа реченица секогаш се користи кон личност која иако може да прифати некој/нешто сепак има граници на тоа прифаќање и тоа знали дека таа личност сепак задржала нешто од својот расизам, па се етикетира како расист. Така и твоето-ако сакаат нека бидат, ама јас не одобрувам.
--- надополнето: 6 февруари 2014 во 20:54 ---
Остај ги другите да живеат, стај ги педофилите на клада.
Во многу европски земји дозволени се врски со лица од 16 г. нагоре. Во некои од 15 години. Во сојузните држави на САД границата варира од 15-18.
Јапнија и Шпанија дозволуваат од 13.
Иако границите се матни, бар се јасни дека било каков контакт под 13 г. е педофилија. Иако се прават обиди за легално одобрување под таа граница (Холандија) или веќе се бизарно озаконети (Јемен, Саудиска Арабија.)