Возеле бесни коли, а користеле социјална помош

  • Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување
L

.Lost Angel.

Гостин
СО ПРАЗНИ ЏЕБОВИ, АМА БОГАТИ ВО ДУША

Возеле бесни коли, а користеле социјална помош

За да нема злоупотреби на социјалната помош, од Министерството велат дека полесно ќе контролираат со исплата на парите на трансакциска сметка. Со ова веќе се опфатени 3 пилотградови
Возеле луксузни автомобили, а користеле социјална помош. Само лани Министерството за труд и социјала открило стотина случаи кои во гаражите чувале мерцедеси и ауди, а се претставувале како социјалци. Најмногу вакви злоупотреби имало во Скопје и околните населени места. Покрај ова биле детектирани и граѓани кои имале сопствено земјиште и од 10 хектари, други пак произведувале пиперки и домати со тони, а од државата добивале пари кои се наменети за најзагрозените. При последната пререгистрација било утврдено дека дури 20 проценти од вкупно 46.000 корисници на социјална помош покрај од социјалното имале приходи и од други места.
-Нашите контроли ќе продолжат и понатаму, се со цел овие средства кои се од буџетот на државата да стигнат до оние граѓани на кои навистина најмногу им се потребни, кои немаат приходи од други места, рече Спиро Ристовски, министер за труд и социјална политика.
За да нема злоупотреби на социјалната помош, од Министерството велат дека полесно ќе контролираат со исплата на парите на трансакциска сметка. Со ова веќе се опфатени 3 пилот-градови.
-Веќе во 3 пилот-градови е започната исплатата на социјалната помош на трансакциска сметка, а во скоро време проектот кој е помогнат од Светската банка ќе биде спроведен и во целата држава, додаде Ристовски.
Од Министерството за труд и социјала за во блиска иднина најавуваат зголемување на социјалната помош.
Александар Динев
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.711
Поени од реакции
13.393
СО ПРАЗНИ ЏЕБОВИ, АМА БОГАТИ ВО ДУША
Возеле бесни коли, а користеле социјална помош
Све све ама ова „богати во душа“ ме погодува. Кој репер мамата.
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
40% од социјаните случаи се со користење на дупки во законот, јас лично можам да набројам 5-6 случаеви каде работаат на црно и плус земаат социјална помош.
Лица кои се здрави земаат инвалидска пензија, не плаќаат даноци а трошат пари на аздислок.
Војници при свои куќи ги препишуваат на роднини а потоа се пишуваат дека живеат под ќирија за што МО плаќа по 5000 денари месечно.

Епа не чинела државата, абе народот е олош!!!
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
што е ова чудно? ко да незнаете па да се чудите? еве кај мене конкретно во бутел ако ви текнува правеа „социјални“ станови наменети за „социјални“ случаеви пред едно 5/6 години од прилика. само што се доселија луѓето абе на прв поглед едни мизерни што да ти кажам. сиромаштија беда невидена. кој дошол со мерцедес кој дошол со бемве најнов модел... клима на секој прозор тенди едно друго. абе да ти е жал да ги гледаш од што „немаат“.

моите имаат една пријателка која работи во социјално. секој месец даваат парична помош и некои си социјални пакети ( со прехранбени продукти и прибор за лична хигиена) - жената сама кажува дека доаѓаат луѓе во одела машносани со бесни коли и земат социјална помош - несмеат да пријават случај зашто следен ден летаат од работа.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Абе не само за социјалните случаи....туку колку од инвалидските пензии,одат кај здрави и прави луѓе,а ги добиле со лажирање на документи и сл.


Имам еден таков комшија во зградата.....здрав прав,со точаче цело време се возеше....и со жена му кога дојде време за пензија...си направија документи за да зимаат инвалидска пензија.....ејјјј здрави прави,модерни луѓе.

И од кога ја зема пензијава мажот,по година дена отприлика доби удар....и еве го до ден денес под рака го шетаат.


Господ гледа и казнува.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Абе не само за социјалните случаи....туку колку од инвалидските пензии,одат кај здрави и прави луѓе,а ги добиле со лажирање на документи и сл.


Имам еден таков комшија во зградата.....здрав прав,со точаче цело време се возеше....и со жена му кога дојде време за пензија...си направија документи за да зимаат инвалидска пензија.....ејјјј здрави прави,модерни луѓе.

И од кога ја зема пензијава мажот,по година дена отприлика доби удар....и еве го до ден денес под рака го шетаат.


Господ гледа и казнува.

Видовит бил чоекот сега ако оди по доктори ќе нема ни за леб
 

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
А какви се тие бесни коли? Беснило имаат? У трето-четврто по ЗПО не учеа дека само животните можат да добијат. Ама 21 век сме, се е можно.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Му го јадат лебот на некој шо нема ни за децата да ги прехрани..копилиња умрени !
 
M

Moon Child

Гостин
Треба да се направи чистка. Кога ќе се укине социјалната помош на оние крвопијците што од чиста мира ја земаат, тогаш да се зголеми на оние навистина загрозените случаи.
Дали некој знае колку изнесува социјалната помош? Чисто ме интересира.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^
Не е нешто голема - ама на ненаситна душа ништо не и е доволно.А голема е за скромни луѓе кои имале вистинска потреба за помош, а не им одобриле или им ја скратиле поради некакви мизерни приходи од продажба на пластични шишиња.Случајно на работа често сум во контакт со корисници на социјална помош и познавам еден тип случаи кога жените на луѓе вработени во странство користат социјална помош, а дел од нив по разни основи оствариле приходи (нормално без употреба на жиро сметки и такви луксузи).
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Сега ми текна на една будалаштина што ми ја кажа другарка ми поврзана со социјална помош. Пред некој ден поминуваме покрај една народна кујна кај мене во населба и ја прашувам низ муабет дали уште работи, да не ја затвориле. Добро е што работи кујната, ама лошото е што има луѓе кои ја злоупотребуваат. Нејзините соседи кои изградија нова куќа пред некоја година, со кола идат во народнава кујна за да земат јадење. Ај викам се бива во животот, денес имаш утре немаш, може паднале финансиски. Ама не сум била во право. Сопругава за да не готви дома си оди и си бира јадење од таму, зашто по ни јас не знам кои стандарди земаат социјална помош. Другарка ми вика, ако не и се свиѓал лебот не го земала. И тоа личи на луѓе на кои им е потребна социјална помош или народна кујна. Од уста им земаат на луѓе на кои им треба. Ова кај нас се испревртено. Не знам дали ќе дочекам социјалните случаи да земаат цивилизиран износ за да можат да преживеат.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Аман бе, цел текст ќе напишат, нели си го читаат самите после?

Возеле мерцедеси и аудија, овие слика од Ферари бапнале.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Какви прикаски ејј, не можзм да верувам. Колку е социјална месечна помош 600 или 1000 денари? Таму во тие народни кујни да не прават јадење од најквалитетна храна? Па која будала би си играл со овие ниски социјалки и ефтина храна. Ова е чиста пропаганда за да се скине и на тој што нема. Очигледно државава е во големи гомна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom