90% од „социјалците“ работат на црно. Почнувајќи од собирање по контињери, преку работа во перални, дуќани а дури некој од нив се и газди. А некој се по професија криминалци, рекетари, крадци, дилери на дрога оружје проституција итн. Социјална Помош е најголемо државно фијаско. Дали 10% од парите завршуваат на вистински социјални случаи.
Повеќето ’’социјалци‘‘ што ги познавам претежно на црно се бават со земјоделие, трговија, градежништво(ѕидари), молери, тишлери, авто-перачи и.т.н.
Дури познавам и такви ’’социјални случаи‘‘ кои месечно вадат и докторски плати, па и поголеми, да да, но пред државата се социјалци и земаат социјалка !
Еден знам што има две куќи, но не се на негово име, има и неколку ниви на различни локации, но и тие не се на негово име, се бави воглавном со земјоделство, а производите ги продава на диво, а од лозјето и сливите прави големи количини на ракија и вино кои исто така на диво си ги продава и има солидна заработувачка, на диво секако !
Друг еден знам што работи на црно како молер и зема дневница не помала од илјадарка, 20 дена во месецот да е ангажиран ќе земе дваесет и кусур илјадарки, што е повеќе
од државниот просек за плата !
Друг знам што се бави на црно со тишлерај !
Еден пак во својот двор пред куќата си има направено мини авто-перална на диво и секој ден сам си пере по десетина коли, од секоја кола по 100-150 ден., а плус пере и теписи !
Исто така има и диви авто-механичари, со импровизирани авто-механичарски, како и авто-лимарски сервиси во нивните гаражни простории !
Се удри по дивите таксисти, ги нема толку многу како порано, но сепак ги има !
И ред други работи со кои на црно се бават и солидно заработуваат нашиве кутри ’’социјални случаи‘‘ !
Замислете некој е вработен и зема плата е*ани 10 илјадарки, ама не е социјален случај, а некој е ’’социјален случај‘‘ а месечно на диво заработува како директор !