Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.208
- Поени од реакции
- 34.448
Денес стартуваме со уште еден новитет на Кајгана, поточно нова рубрика на порталот - „Возевме“
Кросовер и СУВ автомобилите во последните неколку години се меѓу најпосакуваните возила во светот, а таквиот тренд е забележителен и на македонските улици. Токму затоа, новата рубрика „Возевме“ во која ќе тестираме, рецензираме и фотографираме автомобили решивме да ја стартуваме со компактниот и луксузен Audi Q3 2.0 TDI Quattro S-Tronic.
Поради популарноста на овие модели и поради желбата на производителите да ја прошират својата понуда, на пазарот на кросовер и СУВ моделите има навистина голема конкуренција, а најмалиот СУВ на Audi се вбројува меѓу најатрактивните претставници на овој сегмент.
ДИЗАЈН
Audi Q3 ги има речиси истите линии како и поголемите браќа Q5 и Q7, но токму неговите компактни димензии и пофина естетика, ќе бидат допадливи за добар дел од купувачите. Со доминантната маска на предницата, која е карактеристична за сите СУВ модели на Audi, како и проширените крила во делот над тркалата, Q3 ја нагласува својата моќна природа. Од друга страна, заоблените кровни линии ја потенцираат неговата купе карактеристика и спортски дух. Иако визуелно изгледа навистина компактно, особено спореден со Q5 и Q7, сепак со должината 4,39 метри, широчината од 1,83 метри и височината од 1,60 метри, Audi Q3 воопшто не е мал автомобил.
Слични линии како поголемите браќа Q5 и Q7, но покомпактни димензии и спортски дух (Фото: Димитар Петровски/Кајгана)
ПЕРФОРМАНСИ, УПРАВУВАЊЕ И ВОЗНИ СВОЈСТВА
На располагање за неколку-дневниот тест на Audi Q3 го имавме најсилниот дизел мотор од понудата - моќниот 2.0 TDI агрегат со 177 коњски сили и погон на сите тркала, S-Tronic автоматски менувач и бројна дополнителна опрема. Силниот мотор овозможува големо забрзување при стартот и удобно возење на отворен пат, како и лесно престигнување на побавните автомобили. Забрзувањето до „стотка“ е за 8,2 секунди, додека максималната брзина е 212 километри на час.
Повеќе + видео + галерија = тука