Возевме: Audi Q3 2.0 TDI Quattro S-Tronic

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.448
Денес стартуваме со уште еден новитет на Кајгана, поточно нова рубрика на порталот - „Возевме“ :)

Кросовер и СУВ автомобилите во последните неколку години се меѓу најпосакуваните возила во светот, а таквиот тренд е забележителен и на македонските улици. Токму затоа, новата рубрика „Возевме“ во која ќе тестираме, рецензираме и фотографираме автомобили решивме да ја стартуваме со компактниот и луксузен Audi Q3 2.0 TDI Quattro S-Tronic.



Поради популарноста на овие модели и поради желбата на производителите да ја прошират својата понуда, на пазарот на кросовер и СУВ моделите има навистина голема конкуренција, а најмалиот СУВ на Audi се вбројува меѓу најатрактивните претставници на овој сегмент.


ДИЗАЈН

Audi Q3 ги има речиси истите линии како и поголемите браќа Q5 и Q7, но токму неговите компактни димензии и пофина естетика, ќе бидат допадливи за добар дел од купувачите. Со доминантната маска на предницата, која е карактеристична за сите СУВ модели на Audi, како и проширените крила во делот над тркалата, Q3 ја нагласува својата моќна природа. Од друга страна, заоблените кровни линии ја потенцираат неговата купе карактеристика и спортски дух. Иако визуелно изгледа навистина компактно, особено спореден со Q5 и Q7, сепак со должината 4,39 метри, широчината од 1,83 метри и височината од 1,60 метри, Audi Q3 воопшто не е мал автомобил.


Слични линии како поголемите браќа Q5 и Q7, но покомпактни димензии и спортски дух (Фото: Димитар Петровски/Кајгана)


ПЕРФОРМАНСИ, УПРАВУВАЊЕ И ВОЗНИ СВОЈСТВА

На располагање за неколку-дневниот тест на Audi Q3 го имавме најсилниот дизел мотор од понудата - моќниот 2.0 TDI агрегат со 177 коњски сили и погон на сите тркала, S-Tronic автоматски менувач и бројна дополнителна опрема. Силниот мотор овозможува големо забрзување при стартот и удобно возење на отворен пат, како и лесно престигнување на побавните автомобили. Забрзувањето до „стотка“ е за 8,2 секунди, додека максималната брзина е 212 километри на час.

Повеќе + видео + галерија = тука
 

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Мх мх милина 177Кс на 4 тркала, кое е чувството да го налутиш ова? :D

Иначе како ви тргнало со рубрикиве може да стегните и некоја XXX рубрика :love:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
Acid, полека со овие рубрики на Кајгана, заебано е да си влијателен медиум кај нас :sneaky:

А за Аудиво...лет д‘ tishinata спик...
:cuc:
И еден интересен коментар под видеото
Germans Make Me Feel Under-Human Somehow ...
mahmoud shehata 1 year ago 21
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Acid, полека со овие рубрики на Кајгана, заебано е да си влијателен медиум кај нас :sneaky:

А за Аудиво...лет д‘ tishinata спик...
:cuc:
И еден интересен коментар под видеото
Germans Make Me Feel Under-Human Somehow ...
mahmoud shehata 1 year ago 21

хаха,ауди излегуе од фабрика сеат :D
 

Jack Nolan

Сите сме луѓе, но ретко кој е човек!
Член од
31 јули 2011
Мислења
1.587
Поени од реакции
1.506
И Тања бумбар во иднина :icon_lol: Се шалам, добро е кога ќе се види дека има нешто ново, нешто необично за ваков сајт, тоа ве прави подобри!
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.699
Поени од реакции
288
Se ubavo ali cenava -45800 evra? Za taa cena pakuvas mercedes e klasa dizel od salon i oko ne ti trepnuva!

Sent from my Transformer Prime TF201 using Tapatalk 2
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Убава идеја. Никогаш не сме имале асолен магазин/емисија за автомилизам, се ќе почне некоја за година две ќе се изгуби.

Инаку Ејсид како почнал има кајгана интернет тв да ја направи :)
 
Член од
15 октомври 2009
Мислења
822
Поени од реакции
291
Јас имам возено ауди q5 и сеуште е најубавата кола шо ја иам возено :D
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.508
Поени од реакции
59.050
Еден голем лајк за рубрикава :D
Само напред (y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom