Возачка на 16 години само за одлични: Дискриминација или не?

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
22 ноември 2011
Мислења
475
Поени од реакции
177
Според Уставот на РМ, сите граѓани на РМ се ЕДНАКВИ, без разлика дали се одлични или не.
За вакви работи треба да одлучува Уставниот Суд, односно дали законот е во согласност со Уставот на РМ.

Инаку, и јас сметам дека само одличните (одговорните) средношколци треба да полагаат за возачка дозвола на 16 години.
А шо демек ако не биде одличен у корчагин или орце значи дека не е одговорен според тебе,не збори глупости,па у наше време незнам ти колкав си само 2ца беа одлични у клас ама сите учевме поштувавме и бевме ОДГОВОРНИ значи ние во тоа време на пример не би требало да полагаме за возачка,ова како пример ти го наведов!!
 

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Da. Mozes samo vo tvojata opstina da vozis i do 8 saat navecer.
Што се подразбира под општина? На пример ако сум општина Чаир само во Чаир можам да возам? Пошто другиве градови се општини и фактички можат низ цел град да си возат, а Скопје е специфичен случај. Нема логика да е ограничено само на една општина, посебно ако е од помалите.
 

InSuLaNeR

A man who never was a boy.
Член од
13 јули 2009
Мислења
878
Поени од реакции
107
Глипости се ова со одличните. Сум видел деца кои не се одлични, а се поинтелигентни и повеќе ги сфаќаат работите и би биле подобри возачи од некои други така да...... би требало сите да имаат право да земат возачка на 16.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Би сакал да продискутираме на оваа тема која се однесува на младите.Јас мислам дека законот е тотално без врска и е дискриминирачки и дека нема да даде никакви резултати за подобрување на успехот на некои ученици.Што мислите вие?

Дали одличниот успех треба да биде услов за возачка дозвола?
Секако дека треба. А ако е на граница и му фалат една-две оценки, да се предвиди џандарите да може на лице место да го доиспрашаат за да си поправи 4-ката.

Идиотска работа.
 
Член од
2 мај 2012
Мислења
216
Поени од реакции
264
Одличен, не одличен, на 16 годишен копиљ не му се дава кола. Шансите да направи беља се огромни. Пијат ко стоки, а мозокот уште не им е доразвиен на тие години за да го свати концептот на одговорност.
Кој му текнало за законов, браво, тешка ретарда е.
 
Член од
24 мај 2012
Мислења
104
Поени од реакции
44
Имам 16 години и имам огромна желба за полагање и возење на автомобил, но сметам дека законот е неправилен и не треба да биде изгласан. Но ако веќе го изгласаат не треба да им се дозволува само на одличните ученици бидејќи е многу дискриминирачки, така мислат и македонските експерти. Поведението треба да се земе во обзир, но не и успехот на ученикот :)
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
475
Поени од реакции
177
Имам 16 години и имам огромна желба за полагање и возење на автомобил, но сметам дека законот е неправилен и не треба да биде изгласан. Но ако веќе го изгласаат не треба да им се дозволува само на одличните ученици бидејќи е многу дискриминирачки, така мислат и македонските експерти. Поведението треба да се земе во обзир, но не и успехот на ученикот :)
А ти море дете кј учиш? И какво ти се оцените?
 
Член од
21 јуни 2012
Мислења
5
Поени од реакции
2
Законот е некоја мотивација но исто и дискриминација.Значи кога веке се озаконува малолетници да возат , па нека возат и одлични и слаби ученици! На крај краева добриот возач не мора да е одличен ученик
 
Член од
3 мај 2009
Мислења
155
Поени од реакции
57
Искрено законот да можеш да полагаш на 16 години за кола не е ОК... Млади џукци ќе положат ќе се занесуваат на улиците, не резонираат правилно - возачка ќе зимаат... Иначе искрено ако го гледаме ова ако го гледаме како мотивација за учење е ОК ама дискриминирачки е... Значи не сме сите еднакви, одличните ученици имаат повеќе права од другите... Мислам дека законот треба да се укине
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
475
Поени од реакции
177
Искрено законот да можеш да полагаш на 16 години за кола не е ОК... Млади џукци ќе положат ќе се занесуваат на улиците, не резонираат правилно - возачка ќе зимаат... Иначе искрено ако го гледаме ова ако го гледаме како мотивација за учење е ОК ама дискриминирачки е... Значи не сме сите еднакви, одличните ученици имаат повеќе права од другите... Мислам дека законот треба да се укине
Законот уште не е изгласан ;)
 
Член од
2 мај 2012
Мислења
216
Поени од реакции
264
Покрај сите нафурани кретени што се замишљаат дека се Шумахер, покрај секакви пијани будали за кои не постојат правила, и покрај таксистиве за кои ти иде да им влезеш со палка у кола зошто мислат дека улиците се на татко им и дека ако се таксисти онда имаат предност пред сите, фалат уште напалени тинејџери кои уште ги пукаат хормони до јаја и не ги боли стап за ништо, со брзи коли кои им ги купиле мама и тато на кредит... ццц кај иде светов... Ако се донесе законот, очекувам мнооогу повеќе сообраќајки.
 
Член од
26 февруари 2012
Мислења
96
Поени од реакции
43
Да бидеме реални кола на 16 годишен не ! Секој денес со возачка па уште тоа ни треба ...
 

HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154
Ај сеа секој што има фејсбук нека најди некој 16 годишник, ако се гледа од седиште јас ќе им давам возачки, возен парк ќе им отворам ако сакаат :)
 
W

Werther

Гостин
Ова законов подобро да се напраеше да неможе да полагаат некои индијанци со досие,а вака требало одличен, глупости...како дедо мраз се овие од парламент само на одличните им даваат право за полагање,тие мн.добри,добри... ке си чекаат 18.:pos:
 
П

Паган-др

Гостин
Коа ќе видиш, треба на 13 да почнеш со часови и теорија, за на 16 да ја земеш возачката.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom