Воен Удар во Турција

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Зошто во Ердоган гледаат сојузник кој ќе ги реализира нивните планови за Голема Албанија и исламски држави кои ќе ги окупираат каурите. Некој погоре постираше изјава на Ердоган "Џамиите се касарни, минарињата бајонети, верниците војници".
Toa sto si napisal e tocno, a plus i site Muslimani na Balkanot i Albanci i Turci, Bosnjaci, Torbesi, Romi... se pripadnici na Sunitskata bransa na Islamot isto kako i Turcite, vsusnost oni go primija Islamot tokmu od Turcite Osmanlii, potoa genetski se mesani odnosno rodninskite vrski, sekoj vtor ili tret Albanec, Bosnjak, Torbes ima bliski rodnini vo Turcija i red drugi raboti koi prirodno gi povrzuvaat so Turcija i Turskiot narod !
 
W

wicked_1

Гостин
Значи според тебе мнозинството ако донесе одлука што не иде во прилог со твојата , е погрешна? Не ги сакам ич забрадените , али во никој случај не ме боли кур шо сакаат да си прават во државата , и кој да им ја води.
Ако поединец е легитимен избраник на народот тоа не значи дека има право да применува апсолутна власт и да го покорува секој што изгубил од него на избори.

Ти за жал волјата на мнозинството во еден изборен процес ја поистоветуваш со давање апсолутна моќ некому да прави што сака. Во 21ви век желбата на обичниот човек е да живее во демократско општество, не во монархија и диктатура.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Ако поединец е легитимен избраник на народот тоа не значи дека има право да применува апсолутна власт и да го покорува секој што изгубил од него на избори.

Ти за жал волјата на мнозинството во еден изборен процес ја поистоветуваш со давање апсолутна моќ некому да прави што сака. Во 21ви век желбата на обичниот човек е да живее во демократско општество, не во монархија и диктатура.
Фала богу да најдам некој што размислува како мене.

Не знам зошто се враќаме наназад со размислувањата и почнуваме пак да веруваме во тоа дека власта е дадена од бога...
Океј ти си тепал на избори, не значи дека у наредните 4 години ја сум ти сопственост.

Не знам зошто ама ми изглеа дека за многу работи се враќаме наназад со сфаќањата...
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.313
Поени од реакции
36.221
Пет генерали и околу 30 полковници вклучени во воениот удар.

Наводно уште една воена база е сеуште под нивна контрола.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Ако поединец е легитимен избраник на народот тоа не значи дека има право да применува апсолутна власт и да го покорува секој што изгубил од него на избори.
Во 21ви век желбата на обичниот човек е да живее во демократско општество, не во монархија и диктатура.
Da ama toa vo Amerika(SAD) mozebi vazi, kako i vo Kanada, Avstralija i vo nekoja drzava od EU, no istocna Evropa, Azija, Afrika, Latinska Amerika se podracja od vtor ili tret rang kade sto vladeat sosema drugi principi, ili imas se ili nemas nisto, odnosno ili apsolutna vlast ili si bukvalno napikan vo sise zatvoreno so tapa !
 
V

viktora

Гостин
Пуч се прави и со сто војници. Се заробуваат клучните лидери на државата, институциите и политичките партии и војската се става целосно под команда преку генералштабот.

Само тоа треба да биде плански и брзо организирано.

Овие никој од политичарите не фатија ни Ердоган ни премиерот ни МВР, само началникот на Генералштабот.
Пуч не се прави кога водечките функционери се по одмори,пуч не се прави во 20h кога луѓето се враќаат од работа него во 3-4 сабајле кога сите спијат,пуч не се прави со завземање една телевизија,пуч не се прави со 1500 војници во држава која има стотици илјади активна војска,пуч не се прави со поручници или полковници него со генерали,мајори...ниту пак со блокирање на два моста.
Јас подобро ќе го организирав него ли овие.Се гледа во старт дека намерно е изведен за да не успее.
 
Претходниот воен удар во Турција се изведе без ниту еден војник на улица.

Излезе началникот на Генералштабот на телевизија и само соопшти дека целото државно раководство е приведено и војската го презема водењето на државата се до одржување на следните избори.

Така се прави воен удар.
 
Член од
1 август 2015
Мислења
411
Поени од реакции
702
Тоа беше целта, на првото обраќање на ердоган, прво нешто што го кажа беше дека нема да поминат овие сценарија креирани од далеку алудирајки на Фејтула Ѓулен, скоро сите ТВ станици во Турција истото пренесоа и го објавија неговото име. Само слепци неможат да видат дека е наместена работа, избрзаа луѓево што искочија вака на улици. Ајде честито нова "демократска" исламска држава.

Член од
4 август 2010
Мислења
318
Поени од реакции
188
Ердоган не ми е симпатичен.
Симпатични ми се експертиве на форумов, кои доколку резултатот не им е во прилог на нивната агенда тогаш даваат кратко и јасно експертско мислење дека се работи за сценарио на оној што е цел на нападот. Без аргумент, употребувајќи логика еднаква на sci fi филм. Во случајов, тој истиот индиректно натерал 5 генерали (тоа се луѓе кои се лажат со чоколадо и лесно можеш да ги излажеш за можните разврски), 29 полковници и 1400 војници (овие се уапсени досега) да се обидат да направат државен удар и да завршат мртви или во затвор. Воедно и цела опозиција му дала поддршка за да го направи султан.
Полесно им е да веруваат во тоа, а не им се верува дека помеѓу 25м гласа и 10м члена ќе се најдат барем 500.000 кои би излегле во одбрана на демократијата и луѓето кои ги избрале да ги водат.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Модерна Турција веќе станува оксиморон, односно знчително се менува значењето на тој поим, затоа што тоа веќе не е Ататуркова Турција ниту секуларна република, туку има тенденција да стане исламска република чив татко ќе биде Ердо. Навистина не верував дека Ердо ќе догура волку далеку и ќе стане врховен господар на се што е турско, а тоа не е само Турција туку се што се протега од Балканот до Азија. Долго време се пишува за воен удар во Турција и еве веќе конечно се случи и веќе после ова се е јасно и нема повеќе надеж за онаа шака напредни либерални Турчиња кои протестираат на Таксим, затоа што модерниот Турчин сонува за нова Отоманска Империја а не за дрвцата на плоштадот. И не ме ни чуди исходот на пучов со оглед на тоа дека Ердоган добар дел од армијата и генералите способни да му направат преврат ги исчисти и прати во затвор. Уште повеќе плаши фактот што Ердо сосема веројатно ќе му рипне во прегратка на Путин а тоа може да значи и компромис и целосно препуштање на Балканот на турското влијание. Тек допрва и ќе ја осетиме после ова бегалската криза.

Сега е време за сите турски синови и потурици да го слават раѓањето на новата Империја со боза и баклава такозвана торбешка закуска.
Целосно се сложувам со текстов. Само би додал едно огромно жалење, што не само во време на овие настани, туку од осамостојувањето ние како држава немаме ниту фиксен став, ниту некакви дипломатски џокери во ракавот, туку лутаме у магла. Балканот можеби не во целост, ама во добар дел преку наша територија ги оцртува повторно старите османлиски граници. Им дадовме аеродроми, инвестираат во болници, школи, џамии и тоа многу интензивно во последниве 10-тина години. Од дебилни, лабилни политичари што само гледаат да си го сместат шупчето поудобно, ние најбрзо од сите ќе влеземе во новото османлиско царство. Уште пожално е овде кога ќе прочиташ коментари од типот „ме боли к кој е на власт у Турска“ и уште поидиотско „ете шарените и таму не успеаа“.

Турција одамна не е во секуларна форма како што беше. Опозицијата и левичарските движења им се под силен притисок, им се разнесуваат бомбаши на собири, се апсат, се приведуваат под присила.
Да се надеваме дека после оваа монтирана бламажа, нема да бидат обесхрабрени во армијата да изведат вистински пуч и конечно ова говно да биде фрлено во Босфор. Самиот факт што Курдите и ИСИЛ (иако вториве му се дефакто сојузници на идиотов), не реагираа по-екстремно во овие моменти на ослабен одбранбен систем - кажува дека ова е една лошо одиграна претстава со која ќе прати порака до воените власти да не се обидуваат вистински да му го направат тоа. Вистински пуч, овој немаше никогаш да преживее.[DOUBLEPOST=1468662234][/DOUBLEPOST]
Полесно им е да веруваат во тоа, а не им се верува дека помеѓу 25м гласа и 10м члена ќе се најдат барем 500.000 кои би излегле во одбрана на демократијата и луѓето кои ги избрале да ги водат.
Точно, голема демократија, поголема здравје. :facepalm:
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.288
Поени од реакции
1.785
Целата шарена трол група што оперира на кајгана форумите која до сега повеќе од две години го бранеше Ердоган од вчера беше мобилизирана за да креира јавно мислење во корист на пучистите, до два саат по полноќ пишуваа колку е "демократски " пучот. Кај мене е обратното од пред две недели после освестувањето на Ердоган предвивев смена на векторот на Турска, не дека Ердоган е цвеќе но од исламист е многу полошо исламист марионета на САД.
Така да мислам дека после неуспешниот пуч на НАТО, Туска ќе излезе од него.
Дај боже утре и во Скопје по сличниот начин да го решиме проблемот со Заев и петата колона.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Јак холивудски филм на чело со режисерот Ердоган.
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Не можам да ги сфатам оние луѓе кои вчера го бранеа Ердоган... Како можеш да браниш некој кој цел свој живот се бави со криминал прво почна со шверц на цигари и дрога па потоа веќе во 95 - 96 и за време на војната во косово да се бави со органи значи со ОРГАНИ тоа и многу луѓе го имаат докажано но нажалост имаме луѓе кои се однесуваат како вејки бидејќи ако Ердоган им каже дека магарето лета и тие ќе веруваат.

Од денеска Ердоган ќе земе уште сила бидејќи ќе се величи дека го задушил пучот врз него, демек народот е посилен од се и демек народот го подржуваат.

Многу е жално што не успеа овој пресврт и секој чест на момците вчера кои излегоа на улиците да ја вратат слободата во Турција, жално е сега да се гледа како Ердоган ќе си поигрува со нив.
 
Член од
4 август 2010
Мислења
318
Поени од реакции
188
[DOUBLEPOST=1468662234][/DOUBLEPOST] Точно, голема демократија, поголема здравје. :facepalm:
Демос / народ,
Кратос / владеење.
Системот во кој мнозинството го заебава малцинството.
Зар ќе биде демократија ако 10000 народ, со оружје, ја погази волјата на 25м ? Ако одберат шеријат, тоа е повторно нивно демократско право, колку и да е шеријатот недемократски.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Не можам да ги сфатам оние луѓе кои вчера го бранеа Ердоган... Како можеш да браниш некој кој цел свој живот се бави со криминал прво почна со шверц на цигари и дрога па потоа веќе во 95 - 96 и за време на војната во косово да се бави со органи значи со ОРГАНИ тоа и многу луѓе го имаат докажано но нажалост имаме луѓе кои се однесуваат како вејки бидејќи ако Ердоган им каже дека магарето лета и тие ќе веруваат.

Од денеска Ердоган ќе земе уште сила бидејќи ќе се величи дека го задушил пучот врз него, демек народот е посилен од се и демек народот го подржуваат.

Многу е жално што не успеа овој пресврт и секој чест на момците вчера кои излегоа на улиците да ја вратат слободата во Турција, жално е сега да се гледа како Ердоган ќе си поигрува со нив.
А од каде знаеш ти дека ова беше навистина пуч ? Мене на големо веќе ми мириса дека сето тоа беше смислено сценарио за да се прогласи како најголем херој во Турција.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom