Воен Удар во Турција

Член од
8 мај 2013
Мислења
11.311
Поени од реакции
36.221
Наводно според турските агенции воениот удар бил избрзан поради тоа што Ердоган планирал во наредниот период големи апсења во турската армија.

Ова ќе биде крајот на кемалистичката турска армија како последен бастион на секуларна Турција. Сега муџахедини ќе им нареди во армијата.

Цело раководство на војската го збриша и допрва ќе го чисти. Преку 1500 уапсени, голем дел од генерали и полковници.
 
Последно уредено:

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
А од каде знаеш ти дека ова беше навистина пуч ? Мене на големо веќе ми мириса дека сето тоа беше смислено сценарио за да се прогласи како најголем херој во Турција.
Турската војска себеси гордо се гледа како ангел чувар на турската демократија, во секуларниот дух на основачот на модерната турска држава. Од 1960-та година до денес таа неколку пати направи рестарт на државата, секогаш кога нејзини генерали ќе оценеа дека е потребно ново баждарење на политичкиoт курс во однос на нивната ѕвезда Северница наречена Кемал Ататурк. Синкир денес првпат им е.

1960

Првиот и најжесток воен удар имаше баксуз да го доживее (и башка немаше ксмет да го преживее) премиерот Аднан Мендерес кој заедно со претседателот Челал Бајар - чунки немаше попаметна работа - си поигра со најсветите делови од доктрината на Ататурк, оние за религијата. Во нивно време повторно се отворија илјадници џамии, беше дозволена молитва на арапски (дотогаш смееше само на турски), се отворија верски училишта, a не им беше ич паметно и тоа што го скратија рокот за служење војска. Превратот го изведоа 16 офицери (сите минати низ обука јабана, во САД) предводени од полковникот Акпарслан Туркеш.

Министерот за внатрешни се самоубива додека е во притвор а за другите се организира судски процес, џенем, на островот Јасаида на Мраморното море кој завршува со смртни казни за премиерот и министрите за надворешни и за финансии. Наспроти аман-заман апелите за помилување кои дојдоа дури и од опозицијата, како и од Кенеди и други светски државници, јок, државата не покажа милост и го егзекутира Мендерес и останатите. До 1965 војската и генералот Инону имаат доминантна улога на политичката сцена кога на првите избори по превратот победува Сулејман Демирел. Ќе владее до 1971 година кога и самиот ќе биде соборен од државен удар.

1971

Во 60-тите години турската економија стагнира а рецесијата предизвикува масовно незадоволство: протести на работници, политички атентати, бомбашки напади, валутата е девалвирана, инфлацијата расте, земјата калабалак тоне во хаос. Пред да му извади тенкови, првиот човек на турскиот генералштаб, на премиерот Демирел му вади меморандум со кој бара "да го врати редот во земјата и да создаде силна и кредибилна влада инспирирана од погледите на Ататурк". По кратка средба со својот кабинет, Демирел решава да даде оставка. Џанам ќе се расправа.

По неколку цивили како технички раководители на земјата, парламентот во 1973 година за претседател на Турција инсталира пензиониран морнарски офицер.

1980

Воениот удар од 71 не ѝ носи политичка стабилност на земјата. Продолжуваат насилните пресметки меѓу левицата и десницата во која гинат илјадници луѓе. Земјата сменува 11 премиери таа деценија и - ете го аскерот (септември 1980-та) на телевизија, со сиктер порака - ја распушта владата и воведува воена управа на земјата.

Водачот на ударот, генералот Кенан Еврен станува претседател а Буланд Улусу, исто така воено лице, премиер. Овој период на воена управа донесува извесен политички раат. Во 1983 година Улусу го менува Тургут Озал кој успева да ја стабилизира економијата приватизирајќи многу државни компании. Инфлацијата опаѓа а вработувањето расте.

1997

Во 1995 година на парламентарните избори убедливо победува Исламистичката партија на благосостојбата. Таман две години подоцна, премиерот Неџметин Ербакан добива "препораки" од војската кои имаат обврзувачки карактер а се однесуваат на верските училишта, носењето бурки и слично. Подоцна Ербакан е принуден да отстапи од местото, неговата партија е расформирана во 1998-ма година а тој добива 5 годишна забрана за бавење со политика.

Луѓе од таа партија формираат нова партија. За правда и развој.

Меѓу нив е и Реџеп Тајип Ердоган.


Затоа што има историја која кажува дека има во војската луѓе кои ги исправаат работите кога ќе тргнат на полошо.

Е сега е моабетот што Ердоган многу уапси уште одамна противници негови кои не мислат како него.
 
Член од
1 мај 2015
Мислења
477
Поени од реакции
657
Мислам дека овој пуч е организиран од страна на Ердоган, а не бев убеден дека е така се до моментот откако се јави преку линк од безбедносна локација(авион).

Од моето скромно познавање кога се врши пуч во истиот момент се случуваат повеќе работи:
Aпсeњe нa претседателот, премиерот нивните заменици, министрите и одредени генерали.
Преземање на полицијата.
Оневозмужување да се користат повеќето борбени летала, бродови, тенкови и итн.
Се оневозможуваат телефонските оператори да функционираат како и приватните телевизии се остава само националната преку која ќе биде објавено дека е извршена смена на власта.
Утрината се изведуваат на суд горе споменатите и 80% од работата е завршена.

Малку беше смешно Турција која имала повеќе воени удари низ историјата да не ги напрви овие работи, туку само да бокираат мост и да се возат по улици со тенкови, а притоа да не ги имаат заземено стратешките места.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Наводно според турските агенции воениот удар бил избрзан поради тоа што Ердоган планирал во наредниот период големи апсења во турската армија.

Ова ќе биде крајот на кемалистичката турака армија како последен бастион на секуларна Турција. Сега муџахедини ќе им нареди во армијата.
Јас не верувам, ај потсети се пред неколку години еден куп генерали беа уапсени. Ердоган 99% и така ја контролираше армијата, тука нема никакви дилеми. Поради овие причини јас мислам дека се беше сценарио од типот на холивудските филмови.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.311
Поени од реакции
36.221
Апдејт.

CNN јавува за веќе три илјади уапсени воени лица.
 

RomanistaRIM

ASR1927
Член од
6 октомври 2014
Мислења
1.381
Поени од реакции
1.776
Прво испадна дека војската организирала пуч,за на крај да испадне дека само 1500 војници учествувале.Алоооо со 1500 грујо не го буткаш бе камо ли ердоган.Смрди со километри.
Толку се апсени, бројката се искачува.Друга работа, ако ударот е организиран како треба, и со 1000 војници ќе го направиш.Апсење на цела влада, превземање на конрола на полиција, и пуч се прави дур сите спијат значи париод 2-5 часот наутро, да не може ни народ да излезе на улица.А не верувам да постојат будали што ќе лежат затвор ради Ердоган да ја засили власта.Наскоро ако не се променат работите од корен, не е чудо нов воен удар.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.264
Поени од реакции
29.243
Да беше јенкино масло не верувам дека немаше да успее.
Готови се и они по дома почнаа бунтови да им прават немаат сила веќе...ќе издишат како гума.
Гледајќи наназад на сите настани шо се случја во сите нив рака имаа умешано Јенките, за нив тоа е забава веќе.
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.288
Поени од реакции
1.785
А од каде знаеш ти дека ова беше навистина пуч ? Мене на големо веќе ми мириса дека сето тоа беше смислено сценарио за да се прогласи како најголем херој во Турција.
После претходниот пуч, кога Ердоган дојде на власт, направи голема реформа во армијата и отстрани доста заговорници и ЦРУ агенти, така да армијата веќе е лојална на власта избрана од народот, не на САД. Затоа пучистите беа малку и немаа сила да ја притворат целата влада вклучително и Ердоган, не дека не пробаа, го бомбардираа и хотелот каде беше претседателот на одмор. Во секој случај таа група за пуч не може да е многу голема, се ќе истече информација, групата за пуч претставува неколку главни касарни од каде пучистите раководеа, се разбира после пучот и останатите агенти по другите структури добиваат инструкција да го поддржат пучот, но за радост демократијата победи во Турска, тешко им на Заев и петата турска колона, во моментов живи ги дерат.
Во една демократија народот избира дали да е ориентиран кон западот или суверен или нешто трето, така да сите тие 5 стари пуча се на окупаторот САД. Нивно право е дали ќе носат машни, одела или чалми.
 
Член од
1 август 2015
Мислења
411
Поени од реакции
702
Да ја наречеш Турција демократија само затоа што имаат избори, е како кока-кола да ја наречеш здрав пијалок само затоа што има вода во неа.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
После претходниот пуч, кога Ердоган дојде на власт, направи голема реформа во армијата и отстрани доста заговорници и ЦРУ агенти, така да армијата веќе е лојална на власта избрана од народот, не на САД. Затоа пучистите беа малку и немаа сила да ја притворат целата влада вклучително и Ердоган, не дека не пробаа, го бомбардираа и хотелот каде беше претседателот на одмор. Во секој случај таа група за пуч не може да е многу голема, се ќе истече информација, групата за пуч претставува неколку главни касарни од каде пучистите раководеа, се разбира после пучот и останатите агенти по другите структури добиваат инструкција да го поддржат пучот, но за радост демократијата победи во Турска, тешко им на Заев и петата турска колона, во моментов живи ги дерат.
Во една демократија народот избира дали да е ориентиран кон западот или суверен или нешто трето, така да сите тие 5 стари пуча се на окупаторот САД. Нивно право е дали ќе носат машни, одела или чалми.
ВМРО овде победи на избори со програма дека се залага Македонија да се интегрира во НАТО и ЕУ
Тоа е она шо сака и очекува мнозинството на граѓаните во Македонија
 
Член од
2 септември 2013
Мислења
256
Поени од реакции
238
I am out... ебете се квази експерти познавачи на се и сешто...
 
Член од
13 март 2009
Мислења
672
Поени од реакции
284
Какви муабети ви се ова пуч се правело со незнам каква бројка голема. Пуч се прави со не повеќе од 10 луѓе за да се задржи целата операција во најстрога тајност, е сега дали војниците ќе ги следат својте претпоставени или не тоа е друга работа. Ердоган под услов да не е ова негово сценарио се спаси ама не за долго.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Добро, јасно е дека што и да се случи понатаму, Турција нема да биде истата (таа преобразба започна постепено, уште кога Ердоган дојде на власт, ова е само нејзино привршување). Нејасно е кој стои зад невештиот удар. Дали е тоа поранешниот пријател кој сега живее во САД, дали се некои бедни остатоци на кемалистите или самиот Таип прилично вешто изигра. Не верувам ни дека баш ќе се разјасни.
Кога веќе пучистите соопштија што прават, па и дека оформиле некаков совет (или сл.), логично беше да се помисли дека работата е 90% завршена, дека Реџеп е скриен во некоја дупка (или бега) и дека се во прашање часови кога ќе биде фатен. Дека контролата е воспоставена врз сите клучни институции и центри на моќ. Дека најголемиот дел од армијата и армискиот кадар е обединет. Дека полицијата, или дел од неа е со нив. Дека комуникациите се или ограничени или оневозможени. И ако ништо друго, дека барем Истанбул и Анкара се целосно „освоени“, и дел од народот и некои партии даваат активна поддршка. А испадна дека Ердоган ги напучи пучистите за неколку часа.
Прашање е, кога прашината ќе се спушти, колку голем ќе биде политичкиот ќар на Реџеп, дали и колку долго ќе успее да ја задржи контролата врз исламистите кои очигледно му се сега поддршка, и каква цена ќе плати за тоа. Ми се чини дека неговите можности за политички маневри се прилично стеснети и дека тој нема од сето ова да излезе толку неранлив како што се претпоставува. Односот на САД, ЕУ или Кина кон Турција нема да биде каков што беше. Со Русија извесен период односите се заладени, со Израел исто така. Тука се и Курдите, Сирија и Иран.
Поддршката од народот може да се стопи кога нема да добие што очекува. Турција, на пример, ја чека мизерна туристичка сезона, многу крвава гњаважа со Курдите, и последно, доста чистки, апсења и казни што секако нема да биде без значајни последици. Каде што има султани и везири, ни свилениот гајтан не може да биде далеку.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom