Воен Удар во Турција

Член од
15 март 2010
Мислења
5.865
Поени од реакции
6.375
Ме заболи мене за Турција,Русија и Франција....овде кај нас мајката ни ја изебаа овие криминалците сите до еден, вие толку се заинтригиравте за некојси туѓи држави што можат да си дозволат работи што ние неможиме да ги замислиме.
Некој од нас имаме роднини,пријатели кој живеат,студират,се на одмор итн итн во Турција моментално.. така да имаме право да сме заинтригирани. или не ?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.763
Поени од реакции
26.327
Она што нас не засега е како сето ова ќе се одрази на бегалскиот бран.
Доколку не заврши ова брзо како и претходните удари, тогаш тоа би значело нови потенцијални 80М бегалци. Далеку поблиску до нас, од оние постоечките, во камповите во Анадолија.

Дури и можеби има шанса да прерасне во војна слична како таа во Сирија.
 
V

viktora

Гостин
"Демократот" ердоган и неговата мирољубива вера.
IMG_20160716_010231.jpg
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Не можиме со сигурност да знаеме што е позадината на обидот за државен удар.
Веднаш после договорот со Путин, Турција беше терористички нападната од ИД. Изминатите недели Ердоган воопшто не реагира на бомбардирањето и поништување на туркменското малцинство западно од Алепо. Во претходно кажаните услови од Путин за прифаќање на извинувањето беше да се фати турскиот државјанин припадник на националистичката „Сиви волци“ кој го убил рускиот пилот. Со оглед на помирувањето со Путин најверојатно тој услов е ветен од Ердоган.
Турската војска очигледно е незадоволна поради постојаните загуби во деловите со мнозинско курдско население. Курдските сили се сѐ посилни, очигледно веќе не запирливо одат кон нивната цел, не се топовско месо како некогаш.
Не би ме зачудило државниот удар да не е за да се симне Ердоган поради нацинализмот, туку токму од турски националисти како сивите волци, националисти во војската, поддржувачи на ИД и слични поради наглото омекнување на политиката на Ердоган. Затоа што само тие се доволно луди за да пукаат на припадници од својот народ. Не ми се верува дека демократските сили би се осмелиле на такво нешто. Би го свртеле турскиот народ против себе. Ова е само моја шпекулација, ќе видиме што е во позадина.
 
Член од
25 октомври 2012
Мислења
825
Поени од реакции
1.274
На "императорот'' прашање на време беше кога ќе му се случи нешто вакво,јас мислев некој атентат ќе му се случи као демек курдите или некој Сиријци.Цела дволична игра што ја играше падна како кула од карти,му го спопикаа американците после рушењето на рускиот авион,каде што тој мислеше ќе добие подршка.Сега со ова приврзаниците и војската може само да настане невидено крвопролевање кое ќе доведе до крвава граѓанска војна.
Но да почекаме до некој официјални информации,во врска со тоа дали само некој дел од војската тргнала кон уривање на Ердоган,а за полицијата мислам дека ќе остане на неговата страна,баш пред некое време знам имаше и реформи во полицијата и стави свои луѓе.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
1.082
Ако не успее пучов, се плашам дека тоа ќе биде последен чекор пред крајот на секуларноста на Турција.
Јас почнав да мислам ова да не е сценарио на Ердоган.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom