Не можиме со сигурност да знаеме што е позадината на обидот за државен удар.
Веднаш после договорот со Путин, Турција беше терористички нападната од ИД. Изминатите недели Ердоган воопшто не реагира на бомбардирањето и поништување на туркменското малцинство западно од Алепо. Во претходно кажаните услови од Путин за прифаќање на извинувањето беше да се фати турскиот државјанин припадник на националистичката „Сиви волци“ кој го убил рускиот пилот. Со оглед на помирувањето со Путин најверојатно тој услов е ветен од Ердоган.
Турската војска очигледно е незадоволна поради постојаните загуби во деловите со мнозинско курдско население. Курдските сили се сѐ посилни, очигледно веќе не запирливо одат кон нивната цел, не се топовско месо како некогаш.
Не би ме зачудило државниот удар да не е за да се симне Ердоган поради нацинализмот, туку токму од турски националисти како сивите волци, националисти во војската, поддржувачи на ИД и слични поради наглото омекнување на политиката на Ердоган. Затоа што само тие се доволно луди за да пукаат на припадници од својот народ. Не ми се верува дека демократските сили би се осмелиле на такво нешто. Би го свртеле турскиот народ против себе. Ова е само моја шпекулација, ќе видиме што е во позадина.