Воени злосторства на терористите од УЧК

Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Масакрот во вејце е повеќе од очигледно дека е наместена работа, но не е со сигурност потврдено кој ги предал. Трасата на движење на македонски сили ја знаел командантот на единицата, и началникот на СВР Тетово Игор (не ми текнува на презимето), кој подоцна при истрагата се испостави дека има 500 000 евра, но незнаел да кажи од каде му се тие пари (мислам дека него го осудија за овој чин). Не ја изоставуваме можноста дека вечерта пред заседата, ноќна стража бил нашиот тековен министер за одбрана Талат Џафери, кој следниот ден сосе опрема дезертира од АРМ и се приклучи на ОНА. Потврдено е од страна на некој од преживеаните, дека напаѓачите кај вејце зборувале на различни јазици (албански, србски... ). Имам гледано видеа од другари блиски на загинатите, кои исто така биле на служба и пристигнале веднаш од кога била побарана помош преку радио, како нивните другари биле изгорени, како им паѓале екстремитетите кога сакале да ги извлечат за да не ги дорастргнат животни, но искрено не сакам повторно да го гледам тоа видео....




Таа сликата со тенкот на АРМ. Тоа е близу Радуша, кога е нападнат кампот на АРМ, се водела 5 часовна битка се до моментот кога стигнало засилување од АРМ и притоа разбивање на групата терористи на ОНА. При повлекување на засилувањето еден тенк заглавил, и силите на АРМ го напуштиле бидејќи се работело за ноќно време неможеле да го извлечат, неколку дена потоа група на ОНА го извлекла тенкот и се "фалела" наоколу дека заробиле тенк од АРМ.



...Дали знаете дека во случајот Карпалак, непосредно после нападот, брзо пристигнал Ми 24 хеликоптер кој бил во придружба на другиот конвој кој што требало да изврши смена на единиците Тетово-Јажинце, хеликоптерот отворил оган на групата терористи, така што ги спречил да ги кренат во воздух автопатот со 200кг поставен динамит, пришто пилотот на хеликоптерот пријавил дека од местото кај што се наоѓале групата терористи бегаат два џипа на КФОР, кој се скриле еден во Тетово, еден во Ново Село....
Те молам, доколку ги имаш видеата, а не се од оние што ги има јутјуб да ми ги пратиш.
Имам нешто собрано, а и ќе продолжам да собирам материјали.

Како што сите знаеме, врз нашата историја од година во година се врши корекција. Подобро е да се споделат овие материјали за да не се загубат.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
dajte mi i mene se sto imate,od sliki,tekstovi i videa.Sobiram i jas takvi materijali,malce zargav vo posledno vreme
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Се согласувам со се што пишувате,НО...во делот за авионите,фатени на радар...искусни луѓе ми имаат кажано дека нашите радари неможат да фатат авион ни во некоја по блиска држава,а не па од Италија,и тоа со сигурност да знаат дека се борбени,уште и трасата каде ќе се движат да им ја знаат...
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Можеби е приказна (оправдание) дека фатиле авиони на радар, но и ако ги фатиле тоа мора да се должи на остатокот од ЈНА опремата :)
А и ова...
Некаде во пределите на Градско и Неготино имало некоја долина од која со радио-апарат со мала снага можело да се дофати до Берлин и тоа го знаеле Германците во II Св. Војна (ова ми го кажуваше еден капетан од военото разузнавање)
Не знам колку е вистина, но има такви природни места сигурно и за радарите :)
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
886
Поени од реакции
3.485
http://kanal8.mk/index.php/1502-vinickata-sala-imenuvana-po-kapetan-kirco


Во Виница откриена спомен - бистата на капетан Кирчо Димитриов

04.03.2014 Пред спортската сала во Виница е откриена биста на прерано починатиот капетан Кирчо Димитриов. Тој беше капетан во АРМ кој пред 13 години на 4-ти март 2001 година на 33 годишна возраст загина во воен судир со припадниците на УЧК во Македонија.

Со откривањето на спомен бистата и именувањето на спортската сала според неговото име граѓаните на Виница се оддолжија кон борецот кој го положи својот живот за слободата на Македонија, истакна Гоце Георгиев, претседател на Општинската организација на Резервни офицери на Македонија- Виница.

Димитриов е роден 1968 година во Кочани. Завршил воена академија во Сараево.

Од септември 2000 година до неговото подмолно убиство во март 2001 година кај местото викано Рамно близу Танушевци бил на должност заменик командир на третата моторизирана чета. Смртта го затекна со чин капетан на работното место несебично и беспрекорно извршувајќи ги задолженијата и обврските од неговите претпоставени.

Димитриов загина во период кога Македонија ги преживеа најтешките моменти во својата понова историја , во време кога на земјава и беа потребни ентузијасти, градители и бранители. Со неговата смрт Македонија не изгуби само војник, туку пред се голем човек, но доби вечен граѓанин за пример.

Одлуката за именување на салата беше донесена на 6. седница на Советот на Општина Виница. На свеченоста по повод именувањето на салата присуствуваа бројни гости од локалниот општествено- политичкиот живот, а настапија и учениците од СОУ „Ванчо Прќе“

Цвеќе беше положено и пред спомен бистата на Кирчо Димитриов пред зградата на Општината.
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
886
Поени од реакции
3.485
U2PitRI.jpg

6WT0uas.jpg

На 4-ти март во Штип, Виница, Куманово и Драчево се одбележа тринаесегодишнината од загинување на капетан Кирчо Димитров и професионалните војници (ПФВ) Теодор Стојановски и Дејан Јакимовски, припадници на првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) чии животи трагично завршија во воениот конфликт во 2001 година.
Традиционално, на одбележувањето покрај положување на свежо цвеќе на гробните места се одржаа спортски натпревари помеѓу припадници од 1.мпбр, ученици, роднини и пријатели на загинатите.
Оваа година во родното место на капетан Кирчо Димитров, Виница, по иницијатива на советот на општината и градоначалникот на општината, а врз основа на одличната цивилно воена соработка, спортската сала во градот, во негова чест, го доби неговото име.
На церемонијата покрај припадниците на вториот механизиран пешадиски баталјон од Штип присуствуваа градоначалникот на општината, претставници од повеќе цивилни организации од градот, како и роднини и пријатели на починатиот.
Во Куманово, во сеќавање на загинатиот пфв Дејан Јакимовски припадници од составот на првиот механизиран пешадиски баталјон организираа и учествуваа во турнир во мал фудбал кој се спроведе во ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“.
 
Член од
29 март 2012
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.235
Еве и овде има за поголемиот дел од злосторствата направени 2001, во PDF.

http://star.dnevnik.com.mk/whitebook/

Да направиме една акција, да ѓи подсетуваме тие во Европа и САД кои се ракуваат и среќаваат со терористиве кои се во одела. Да ги потсетиме со слики и видеа што овие монструми правеа во 2001. Па ако сте заинтересирани пишете да се организираме.
Ние ја имаме одговорноста што терористите кои ги убиваа, сега ни се по институциите...
 

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.263
На денешен ден пред точно 13 години (26.03.2001) кај Каралулата Чашка загинува Игор Николоски (†26), резервист во АРМ, во одбрана на Татковината.

Игор се определи да ја облече унифромата и стапи во резервниот состав на армијата на Република Македонија. Веруваше дека на тој начин му обезбедува мирно и безрижно детство на својот син Благојче, чие раѓање во 1997 година беше најрадосниот ден за Игор и неговата сопруга Илинка, како и за мајка му Даница која никогаш не може да го прежали својот покоен домаќин.



Вечна ти Слава хероју...
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.660
Поени од реакции
22.743
На денешен ден пред точно 13 години (28.03.2001) кај селото Рамно, Танушевци, загинува капетанот Љупчо Мирчовски при налет на нагазна мина, поставена од страна на терористите од УЧК.

Низ векови македонските синови од Малешевијата се познати војводи и патриоти. Современо тоа го потврдува корпулентниот и храбар Љупчо Мирчовски, кои веруваше дека најмногу ќе постигне ако се стави во служба на својот народ. Стаса до чинот капетан прва класа во хиерархијата на АРМ.

Иако знаеше што носи секоја криза и какво е проклетството на македонскиот народ во минатото, Љупчо чесно и храбро ја извршува својата задача на граничниот простор крај караулата Кодра Фура. На кобниот 28 Март 2001 година со група војници каде се упатил со војнички пух и точно во 17 часот и 15 минути возилото на патот на Рамно нагазува на против тенковска мина поставена од страна на терористите од УЧК. На лице место животот го загубува Капетан Љупчо Мирчовски, додека останатите војници биле само повредени.

Во вечна црнина и тага Љупчо го остави своето семејство сопругата Надица и двете ќерки, како и родителите во Беровско каде е и неговиот вечен дом.

ВЕЧНА ТИ СЛАВА ХЕРОЈУ, МАКЕДОНИЈА И БРАНИТЕЛИТЕ НЕ ЗАБОРАВАТ!



https://www.facebook.com/MakedonskiBraniteli01
 

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.263
На денешен ден пред точно 15 години (09.04.1999) кај Горно Блаце беше убиен Благојче Крстаноски (†26) од страна на албанските терористички групи со снајперски истрел, од територијата на Косово и Метохија.

Благојче беше првата жртва на вооружените сили во независна Македонија.

ВЕЧНА ТИ СЛАВА ХЕРОЈУ

 
Последно уредено:
M

.:makedonec:.

Гостин
Масакрот во вејце е повеќе од очигледно дека е наместена работа, но не е со сигурност потврдено кој ги предал. Трасата на движење на македонски сили ја знаел командантот на единицата, и началникот на СВР Тетово Игор (не ми текнува на презимето), кој подоцна при истрагата се испостави дека има 500 000 евра, но незнаел да кажи од каде му се тие пари (мислам дека него го осудија за овој чин). Не ја изоставуваме можноста дека вечерта пред заседата, ноќна стража бил нашиот тековен министер за одбрана Талат Џафери, кој следниот ден сосе опрема дезертира од АРМ и се приклучи на ОНА. Потврдено е од страна на некој од преживеаните, дека напаѓачите кај вејце зборувале на различни јазици (албански, србски... ). Имам гледано видеа од другари блиски на загинатите, кои исто така биле на служба и пристигнале веднаш од кога била побарана помош преку радио, како нивните другари биле изгорени, како им паѓале екстремитетите кога сакале да ги извлечат за да не ги дорастргнат животни, но искрено не сакам повторно да го гледам тоа видео....




Таа сликата со тенкот на АРМ. Тоа е близу Радуша, кога е нападнат кампот на АРМ, се водела 5 часовна битка се до моментот кога стигнало засилување од АРМ и притоа разбивање на групата терористи на ОНА. При повлекување на засилувањето еден тенк заглавил, и силите на АРМ го напуштиле бидејќи се работело за ноќно време неможеле да го извлечат, неколку дена потоа група на ОНА го извлекла тенкот и се "фалела" наоколу дека заробиле тенк од АРМ.



...Дали знаете дека во случајот Карпалак, непосредно после нападот, брзо пристигнал Ми 24 хеликоптер кој бил во придружба на другиот конвој кој што требало да изврши смена на единиците Тетово-Јажинце, хеликоптерот отворил оган на групата терористи, така што ги спречил да ги кренат во воздух автопатот со 200кг поставен динамит, пришто пилотот на хеликоптерот пријавил дека од местото кај што се наоѓале групата терористи бегаат два џипа на КФОР, кој се скриле еден во Тетово, еден во Ново Село....

Последниот дел, за џиповите на КФОР ти е интересен ... од кај ти е информацијата, и колку е точна ? :cautious:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom