Воени злосторства на терористите од УЧК

Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Sigurno ne bi izmisluval volku detali...druze ako mozes seti se na prezimeto da go znaeme site toa kopile,i kazi poveke ako znaes i se sekavas na nesto...
 

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.263
Sigurno ne bi izmisluval volku detali...druze ako mozes seti se na prezimeto da go znaeme site toa kopile,i kazi poveke ako znaes i se sekavas na nesto...
Го пишав презимето на страна 6. Бар да знаев каде живее моментално...
„Акцијата ја предале од македонска страна началникот на СВР Тетово - ИГОР МАНОЈЛЕВСКИ за кои наводно е исплатен 500.000 евра, негови соработници и локални припадници на ДБК.“

Уште тогаш Гоце Делчев ни го опишувал македонскиот карактер, кој за жал, остана до ден денес.
  • „Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот.“
  • „На секои три комити има по еден кодош.“
Колку боли кога највеќе од самиот Македонец си патиме...
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.028
Поени од реакции
36.813
Секогаш коа ќе ја погледнам темава и ќе ја разлистам а ја иам прелистано многу пати ми текнува на фаци со кои сум правел муабет и се сителе на загинатите борци кои тоа време го дадоа животот за јас и они и сите ние да седиме мирни и никој да не не чепка.

Секогаш сум огорчен и ми се гади и ова никогаш нема и не треба да се заборави.
 

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.263
На денешен ден пред точно 13 години (23.04.2001) кај Алашевце, Липковско беше убиен Дејан Денковски (†25) од страна на терористите од УЧК.

На секој војничи позив Дејан и неговата мајка Златка и татко му Чедомир се гордееја. Беше примерен војник за време на отслужувашње на редовниот кадровски рок. Посакуваше да се активира. Ја сакаше униформата а на тој начин гледаше и шанса да си ја обезбеди егзистенцијата во времето кога кризата притискаше. Желбата му се исполни. Се пронајде себеси на својата задача. Најубавите години на својата младост ги минува во армиската униформа која му прилегаше и го правеше среќен. Разделбите со семејството, со братот Предраг, колку и да беа чести ја носеа најголемата радост кога Дејан ќе се вратеше дома. На кобниот 23 Април 2001 Дејан Денковски од Карпош, Куманово, стана уште една жртва на најголемото светско зло - тероризмот.



ВЕЧНА ТИ СЛАВА ХЕРОЈУ
 
Член од
21 септември 2012
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.443
Масакрот во вејце е повеќе од очигледно дека е наместена работа, но не е со сигурност потврдено кој ги предал. Трасата на движење на македонски сили ја знаел командантот на единицата, и началникот на СВР Тетово Игор (не ми текнува на презимето), кој подоцна при истрагата се испостави дека има 500 000 евра, но незнаел да кажи од каде му се тие пари (мислам дека него го осудија за овој чин). Не ја изоставуваме можноста дека вечерта пред заседата, ноќна стража бил нашиот тековен министер за одбрана Талат Џафери, кој следниот ден сосе опрема дезертира од АРМ и се приклучи на ОНА. Потврдено е од страна на некој од преживеаните, дека напаѓачите кај вејце зборувале на различни јазици (албански, србски... ). Имам гледано видеа од другари блиски на загинатите, кои исто така биле на служба и пристигнале веднаш од кога била побарана помош преку радио, како нивните другари биле изгорени, како им паѓале екстремитетите кога сакале да ги извлечат за да не ги дорастргнат животни, но искрено не сакам повторно да го гледам тоа видео....
Јас имам нешто нејасно.
- Прво, кој генијалец испратил патрола со 4 ПАТНИЧКИ возила (2х лада нива, 2х хамери) во време на вооружен конфликт ? Слушнале ли ВОЕНИТЕ професионалци за Хермелин ? Ало војна е. Хермелинот служи баш за тоа, подвижен е, а функција му е безбедно да ги пренесе лицата кои се во него. Па и зоља ништо не му може. Да не зборам за БТР-от.
-16 души биле, 8мина загинуваат 8мина преживуваат. Преживеаните, каде биле додека монструмите го правеле тоа што го направиле ? Убациле рикверц и заминале тукутака ?
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Да,и мене тоа не ми беше јасно,но си реков,нит си држел пушка во рака,камоли таква ситуација...но логички,не би требало и смеело да ги масакрираат така,ако има уште 8 души во "штек" позиција...да ги убиле само,би било сфатливо нели,војна е...ама вака...
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
886
Поени од реакции
3.485
Дел од извршителите биле добро обучени како поранешни припадници на ОВК од Косово. Тие неколку дена пред нападот се подготвувале и вршеле обука во логорот во Косово кој се наоѓал во непосредна близина со границата со Македонија. Диверзантско-терористичката група имала конкретно задача да ја ликвидира живата сила од патролата и да ги уништи возилата и воената техника. Тие, во содејство со група терористи од Тетовско, ја организирале заседата и го извршиле терористичкиот напад врз патролата на македонските безбедносни сили, за што имале широка поддршка и од месното население. По нападот некои од нив се засолниле во селата Вејце, Бродец и Бозовце, а некои се повлекле во Косово, при што го минирале патот по кој се повлекувале......
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Се тоа ОК...но како прижеивеале овие 8 души ?! И сфаќам,неможе сите да умрат,нели,така викаат...НО,како можеле Албанците да се изживуваат врз мртвите тела ? неможе да ти летаат куршуми на глава,а ти да колеш,палиш човечки тела...

За мене,тоа е МНОГУ сумљиво...покрај тоа што ја знаеле трасата и биле пратени со обични коли...
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.067
Поени од реакции
13.353
Покрај книгата на генерал Панде, има уште една книга поврзана за конфликтот во 2001.
"Да не се повтори 2001" така нешто беше името,ја има во градска библиотека во Скопје, истражував матерјали за конфликтот 2001 па ја најдов и нејзе,интересно имаше и албанска книга за случувањата во 2001, штета што незнам алански да можев да прочитам за инволвираноста на НАТо-Америка од нивна страна,по таа логика одам зошто ги величат како големи пријатели на албанскиот народ,сигурно ќе имаше некој детаљ плус.
Околу книгата,еден вид на мини енциклопедија е, има бајги матерјали од весниците за тој период и разговори со голем дел од припадниците кои учествуваа во одбраната на Македонија.
Мислам дека имаше сведочење на еден од припадниците кои го преживеале масакарот кај Групчин.
Во бледа меморија ми е, мислам дека трасата им била Прилеп-Скопје-Тетово. При излегувањето од Скопје, некаде кај Кондово забележале дека биле следени од црно БМВ кое продолжило во селото. Исто така имало контролен пункт од страна на МВР блиску до Групчин, но тој ден пунктот бил напуштен, а никој во АРМ не бил информиран. Исто така бил прелетан од хилихоптер на НАТО пред да се случи масакарот.

Да го поправам @CoderMkd не беше господинот Фрчко, туку Бучковски тој што ја објави трасата во медиум.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Kako toa ja kazal na mediumi trasata ?! Zosto bi go napravil toa ? :confused:
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.067
Поени од реакции
13.353
Имаше изјава дадено за А1 мислам пред тргнувањето на колоната,дека се упатени кон Тетово.
@JETKUNDO
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.240
Поени од реакции
84.262
...Диверзантско-терористичката група имала конкретно задача да ја ликвидира живата сила од патролата и да ги уништи возилата и воената техника.....
Групава шири омраза
Нормално. Затоа и се нарекува диверзантско-терористичка.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Покрај книгата на генерал Панде, има уште една книга поврзана за конфликтот во 2001.
"Да не се повтори 2001" така нешто беше името,ја има во градска библиотека во Скопје, истражував матерјали за конфликтот 2001 па ја најдов и нејзе,интересно имаше и албанска книга за случувањата во 2001, штета што незнам алански да можев да прочитам за инволвираноста на НАТо-Америка од нивна страна,по таа логика одам зошто ги величат како големи пријатели на албанскиот народ,сигурно ќе имаше некој детаљ плус.
Околу книгата,еден вид на мини енциклопедија е, има бајги матерјали од весниците за тој период и разговори со голем дел од припадниците кои учествуваа во одбраната на Македонија.
Мислам дека имаше сведочење на еден од припадниците кои го преживеале масакарот кај Групчин.
Ајде една благородна мисија за тебе, во слободно време овде на форумов да ни постираш делови од книгата на Панде со скенови, сликај со мобилен, не е битно.
Со тоа само ќе помогнеш во разјаснување на некои работи и книгата ќе има многу поголема ефикасност отколку сега во 100те издадени примероци кои веројатно само собираат прашина на полица и недостапни за мнозинството нас.

Ако со ова се поврзани било какви трошоци ќе ги покријам со задоволство.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.067
Поени од реакции
13.353
Ајде една благородна мисија за тебе, во слободно време овде на форумов да ни постираш делови од книгата на Панде со скенови, сликај со мобилен, не е битно.
Со тоа само ќе помогнеш во разјаснување на некои работи и книгата ќе има многу поголема ефикасност отколку сега во 100те издадени примероци кои веројатно само собираат прашина на полица и недостапни за мнозинството нас.

Ако со ова се поврзани било какви трошоци ќе ги покријам со задоволство.
Наредна недела ќе искенирам делови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom