Воени злосторства на терористите од УЧК

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Целосно си во право но дали после такви злосторства заслужуваат двојазичност што Зоран Заев сакаше да ја протне исто на мала врата.
Очигледно заслужуваат амнестија. Која во светот не постои (за воени злосторства).
Двојазичност е пичкин дим, у однос на таа амнестија.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.793
Поени од реакции
17.154
Очигледно заслужуваат амнестија. Која во светот не постои (за воени злосторства).
Двојазичност е пичкин дим, у однос на таа амнестија.
Не не е пичкин дим.Во Хрватска бранители кршеа плочи пишувани на кирилица во место каде што живеат Срби.Не можам да ве разберам како може од толку омраза кон Грујо и ДПМНЕ да ги простувате срањата нс СДС.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Не не е пичкин дим.Во Хрватска бранители кршеа плочи пишувани на кирилица во место каде што живеат Срби.Не можам да ве разберам како може од толку омраза кон Грујо и ДПМНЕ да ги простувате срањата нс СДС.
Што ти е поентата со хрватските бранители?
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.793
Поени од реакции
17.154
Што ти е поентата со хрватските бранители?
Поентата е дека таму им сметаат плочи на кирилица зошто не гинеле за да има кирилично писмо по јавни установи а кај нас се изедначуваат двата јазика и после сето зло кое го направија во 2001.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Поентата е дека таму им сметаат плочи на кирилица зошто не гинеле за да има кирилично писмо по јавни установи а кај нас се изедначуваат двата јазика и после сето зло кое го направија во 2001.
И ние би така да кршиме.... Зашто они кршат, а ние мораме двојазичност? Неправда.:(





:lolzz:
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.793
Поени од реакции
17.154
И ние би така да кршиме.... Зашто они кршат, а ние мораме двојазичност? Неправда.:(





:lolzz:
Ја згрешив што тргнав да се објаснувам со тебе не си ти крив.Ако сте огорчени од Грујо и Вмро не значи дека сега треба државата да отиде и за срањата на Заев да се пичкин дин.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Ја згрешив што тргнав да се објаснувам со тебе не си ти крив.Ако сте огорчени од Грујо и Вмро не значи дека сега треба државата да отиде и за срањата на Заев да се пичкин дин.
Никаде не реков дека се пичкин дим срањата на Заев. Реков дека е пичкин дим у однос на амнестијата на воени злосторства.
Амнестија на воени злосторства е опасен преседан, како и да земеш.
Особено што е небулозно, тоа што амнестијата ја спроведува најпатриотската партија и тоа станува збор за амнестија на воени злосторства извршени врз припадници на нивна нација, од религиозно-етничка нетрпеливост.
Тоа што пола народ се духовни инвалиди, кои и после таа амнестија продужија да гласаат за нив (повеќето дури и од патриотски побуди :lolzz:), тоа е друга приказна.

Околу оваа тема ценам дека СДСМ ќе продолжи дволично како и по многу други. Ги осудуваа криминалните срања на Груевски, а кога дојдоа на власт, не се трудат да ги исправат (од икс прагматични причини). Оваа амнестија, која ја оценуваа како невидена (што и е), не верувам дека сега ќе ја оправат, или да ја прогласат неважечка за што има основа (заради меѓународните закони), ама помила им е дружбата со ДУИ, сега. Можеби некоја идна власт на ВМРО или СДСМ, некогаш во некои подобри услови, ќе има можност да ретерира за оваа флагрантна неправда.
Но, она што навистина можат да го истераат како што треба е Смилковско, кое да беше во воена ситуација случено, сигурно ќе беше прогласено за воено злосторство. Ќе видиме за тоа.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.793
Поени од реакции
17.154
Никаде не реков дека се пичкин дим срањата на Заев. Реков дека е пичкин дим у однос на амнестијата на воени злосторства.
Амнестија на воени злосторства е опасен преседан, како и да земеш.
Особено што е небулозно, тоа што амнестијата ја спроведува најпатриотската партија и тоа станува збор за амнестија на воени злосторства извршени врз припадници на нивна нација, од религиозно-етничка нетрпеливост.
Тоа што пола народ се духовни инвалиди, кои и после таа амнестија продужија да гласаат за нив (повеќето дури и од патриотски побуди :lolzz:), тоа е друга приказна.

Околу оваа тема ценам дека СДСМ ќе продолжи дволично како и по многу други. Ги осудуваа криминалните срања на Груевски, а кога дојдоа на власт, не се трудат да ги исправат (од икс прагматични причини). Оваа амнестија, која ја оценуваа како невидена (што и е), не верувам дека сега ќе ја оправат, или да ја прогласат неважечка за што има основа (заради меѓународните закони), ама помила им е дружбата со ДУИ, сега. Можеби некоја идна власт на ВМРО или СДСМ, некогаш во некои подобри услови, ќе има можност да ретерира за оваа флагрантна неправда.
Но, она што навистина можат да го истераат како што треба е Смилковско, кое да беше во воена ситуација случено, сигурно ќе беше прогласено за воено злосторство. Ќе видиме за тоа.
Нема што да видиме видено е.Не дупат во здрав мозок и тоа е.Секој кој мисли со своја глава ќе ги осуди и ќе биде против и амнестијата и законот за јазици.
 

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.256
Бин Ладен сака да ја контролира Македонија преку албанските наркотерористи
Дневник / 20.09.2001
АНАЛИЗА НА КАНАДСКИОТ ЦЕНТАР ЗА МИР

Канадскиот Центар за мир на Балканот тврди дека Осама бин Ладен знае дека албанскиот наркотероризам може да му помогне да стане уште помоќен и да контролира една или повеќе земји во нашиот регион. Практично, тврди Центарот, тоа би биле или Албанија или Македонија или двете држави. "Политички тоа веќе се прави преку канали од кои со профитот од наркотероризмот се снабдуваат локалните влади и политичките партии во овие земји", вели најновата анализа на овој центар. Стратегиски Македонија е важна земја за Бин Ладен и од друга перспектива. Оваа земја е на средината на патот меѓу Исток и Запад и на терористот му отвора можности за контролирање на новиот нафтовод, кој од Бургас до Драч минува преку Македонија. На тој начин Осама бин Ладен може да го контролира снабдувањето на САД со нафта. Американските разузнавачки служби ги испитуваат врските меѓу терористите што ги извеле четирите киднапирања на авиони минатиот вторник во САД и членовите на организацијата на Осама бин Ладен во Албанија, тврди во своето издание од 18 септември американскиот весник "Вашингтон тајмс". Висок функционер на разузнавачките служби на САД врските на киднаперите со Албанија ги опишал како "поддршка" и одбил да даде повеќе детали. Истрагата во Албанија е една од повеќето што ЦИА ги спроведува низ целиот свет затоа што се верува дека Бин Ладен и неговата организација Ал Каед имаат помали групи терористи во околу 60 земји во светот. "Вашингтон тајмс" на 22 јули годинава напиша: "Осама бин Ладен е најголемиот финансиски снабдувач на Ослободителната национална армија во Македонија каде што тој има личен претставник, кој досега платил 6 до 7 милиони долари за потребите на ОНА. ОНА се бори за да задржи контрола врз шверцот на дрога во регионот, кој е прераснат во голем вносен бизнис од косовската војна. Освен парите од дрогата, вториот голем извор на финансии за ОНА е Осама бин Ладен", тврди "Вашингтон тајмс". Од средината на 90-тите години членовите на Бин Ладен се стационирале во Тирана и во уште два помали града во земјата, изјавиле американски функционери за "Вашингтон тајмс". Исламските радикали, вклучувајќи ги и приврзаниците на Бин Ладен, ги поддржувале борците на косовската УЧК, кои имале можност да се тренираат во камповите на Бин Ладен во Авганистан, потсетува весникот. Според американската влијателна аналитичка куќа Стратфорд и нејзиниот извештај за врските на Бин Ладен во Албанија објавен во јануари годинава, се тврди дека саудискиот милијардер се обидува да ја обнови својата мрежа во оваа земја. Таа мрежа постоела се до 1998 година и била диригирана од египетската исламска организација Џихад. Според американски официјални претставници што ги цитира агенцијата УПИ, оваа мрежа била многу значајна за Бин Ладеновите операции во Европа. Албанија била главниот транзит за исламските милитанти, а според албанската разузнавачка служба Шик, Бин Ладен ја користел Албанија за место од кое испраќал борци во редовите на УЧК на Косово. Стратфорд ја цитира изјавата на шефот на Интерпол Ралф Мучке дадена на 13 декември 2000, кој вели дека УЧК добивала помош од Бин Ладен и дека еден воен командант на организацијата на Бин Ладен и брат на лидер на Џихад, бил на чело на елитна единица на УЧК за време на косовскиот конфликт. Во 1997 по падот на владата на Сали Бериша новата социјалистичка влада им помогнала на САД во борба против мрежата на Бин Ладен во Албанија и екстрадирала седум исламски милитанти. Бин Ладен како одговор се заканил дека ќе ја нападне американската амбасада во Тирана, а во јули 1999 американскиот државен секретар за одбрана Вилијам Коен морал да го откаже патувањето во Албанија и на Косово поради информации дека Бин Ладен се заканил дека ќе го убие. Од крајот на косовската војна Албанија уапсила десет исламски терористи, а последното апсење датира од 30 октомври 2000 со апсењето на Египќанецот Сабер Салиман, кој според податоците на ЦИА бил на платниот список на Бин Ладен. Агенцијата Стратфорд во својот јануарски извештај тврди дека Бин Ладен, исто како и клановите од северот на Албанија и албанските косовски милитанти, има интерес да ја дестабилизира и уништи албанската влада. Обидите да се инфилтрираат приврзаници на Бин Ладен во Албанија направени во октомври минатата година наведуваат на заклучокот дека тој и понатаму се обидува да креира нова мрежа во регионот. Стратфорд заклучува дека тоа би било пречка за напорите на КФОР да го стабилизира Балканот и би ги натерале САД дефинитивно да се повлечат од овој дел на светот. Според "филтрирани" разузнавачки податоци, постојат цврсти врски и меѓу ОНА и исламските фундаменталисти и муџахедини. Во интерес на "големите истражни дејства" што се преземени во земјава и во регионот за откривање на исламистичките групи на Осама бин Ладен, не се откриваат повеќе информации. Меѓутоа, со сигурност се знае дека организацијата на Али Ахмети - ОНА има цврсти врски со исламските фундаменталисти и оти во нивните редови се борат и муџахедини. Имено, истрагата по масакрот во Вејце докажа дека тој е изведен под водство на еден муџахедин. Исто така, постои и цврст доказ за поврзаноста на "командант Тели", еден од главните команданти на ОНА, со двајца муџахедини што извесно време престојувале и во скопската населба Гази Баба. Петчлената група на "командант Тели" беше ликвидирана на Гази Баба, во станот во кој претходно престојувале муџахедините, но двајцата "свети борци" тогаш не биле во станот. За еден од муџахедините се претпоставува дека е еден од европските сателити на Бин Ладен, кој престојувал во неколку западноевропски земји, а во Македонија дошол преку Косово со босански пасош. Светлана Јовановска - Христо Ивановски

Во Теарце запалени куќи на протерани Македонци

Дневник / 30.07.2001
ВТОР КОНВОЈ ВО ТЕТОВСКИТЕ СЕЛА

Терористите запалиле осум објекти на Македонци, но не ги малтретирале тие што останале во селото Околу 350 протерани Македонци во саботата со осум автобуси ги посетија своите домови во тетовските села Лешок, Непроштено и Теарце, откако албанските терористи минатата недела ги окупираа тие села. Во Теарце терористите запалиле три куќи, пекарница, три плевни и еден ресторан, сопственост на Македонци, а во Лешок една куќа. Сите други куќи на Македонците од тие села се обиени и најверојатно ограбени. Триесетина лица од конвојот во саботата останаа во своите домови во Теарце, Непроштено и Лешок. Според Координативното тело за справување со кризата, се очекува во вторник во тетовските села да биде испратен конвој со хуманитарна помош. Враќањето на протераните лица ќе продолжи, а во конвоите веројатно нема да учествуваат претставници на Координативното село, кое смета дека безбедносната ситуација во селата е релативно добра и оти постојат услови за безбедно враќање на раселените жители. Албанските терористи запалиле три куќи на Македонци, три плевни, ресторан и пекарница во тетовското село Теарце. Поради тоа напната е атмосферата во селото, во кое живеат и Македонци и Албанци, велат во координативното тело. - Жителите велат дека насилството довело до разлики. Најголем дел жители се против насилство, поделби и особено против етничко чистење. Тие сакаат да продолжат да живеат заедно. Чекор по чекор, тоа мора да успее - вели Тихомир Илиевски, раководител на Центарот за медиумска активност на координативното тело. Македонците што останале во Теарце велат дека терористите ги пребарувале нивните куќи, барајќи оружје, но оти не ги малтретирале. Голем број од нив велат дека нивните соседи-Албанци им помагале да набават храна додека селото било окупирано. Конвој од осум автобуси со околу 350 протерани жители на Непроштено, Лешок и Теарце во саботата ги посети тие села. Организатори на конвојот се владиното Координативно тело и Министерството за одбрана, а автобусите ги придружуваа и набљудувачите на ЕУ, НАТО, ОБСЕ, УНХЦР и претставници на Црвениот крст. Во Советот на општината Теарце прексиноќа се одржала средба меѓу жители од македонска и албанска националност од девет села од тетовскиот регион, меѓу кои и од селата Теарце, Непроштено, Доброште, Лешок, Одри и Глоѓи. На состанокот присуствувал и специјалниот претставник на генералниот секретар на НАТО, Мајк Летји, претставници од министерствата за одбрана, економија и за транспорт и врски, градоначалникот на општината Теарце, Локман Лези, пратеникот Билаљ Лутвии и советници од општината. Во студентскиот дом "Стив Наумов" во Скопје беа сместени 350 раселени лица, а во хотелот "Пелагонија" околу 600 раселени лица од кризниот тетовски регион. Жителите ги посетуваат своите села, откако НАТО изврши притисок албанските терористи да се повлечат на 500 метри од селата. Конвојот со раселени лица околу 19 часот се вратил во Скопје. Најголем број протерани лица со конвојот се вратија во Скопје, исто како и при првата посета на Лешок во четвртокот. Во Непроштено останале 13 лица од конвојот, во Лешок пет лица, а во Теарце десетина протерани. Игор К. Илиевски

Подмолно убиство на двајца полицајци во Гостивар

Дневник / 27.08.2002

ВЧЕРАУТРО ВО ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД
МВР привело осум лица, од кои три биле задржани на информативен разговор Двајца полицајци се убиени вчераутро во гостиварската населба Циглана, кога кон нив било пукано од возило во движење. Полицајците од резервниот состав на МВР, Даниел Јанковски (47) и Александар Николиќ (39), двајцата од Гостивар, биле смртно погодени со неколку истрели. Во нив било пукано од автоматско оружје од оддалеченост од околу три метри, додека биле на должност. Според првичните информации на очевидци, бел "голф 2" со странски регистарски таблички ја намалил брзината кога минувал крај пунктот на полицијата во гостиварската населба Циглана и од него две лица почнале да пукаат со автоматски пушки. Во тој момент на пунктот се наоѓале Јанковски, Николиќ и полицаецот М.Н. (24). Јанковски и Николиќ биле погодени со неколку куршуми во градите, а третиот полицаец бил без повреди. Тој веднаш реагирал и пукал во "голфот", кој со голема брзина се оддалечил од местото на настанот. Во бегањето убијците испукале уште неколку рафали, кои завршиле во кафулето "Чин-чин", кое се наоѓа веднаш до пунктот на полицијата. Во локалот имало многу гости, но за среќа никој од нив не бил повреден, туку само биле искршени стаклата на локалот. Очевидци велат дека убијците побегнале кон центарот на Гостивар и попат стрелале уште неколку пати во неодредена цел. Според гостиварци, во исто време на разни делови од градот било пукано од возила во движење. Полицаецот, кого само чудо го спасило, веднаш по радиоврска повикал засилување, кое пристигнало за кратко време. Погодените Јанковски и Николиќ биле пренесени во Медицинскиот центар "Борис Камчевски" во Гостивар, каде што дежурниот лекар констатирал смрт поради тешките рани нанесени во пределот на градниот кош. Погребот на полицајците ќе се изврши денеска. Жителите на населбата Циглана се револтирани од грозоморното убиство на двајцата полицајци. Таму живеат само Македонци. Низ тој дел од Гостивар малкумина Албанци минуваат. Очевидци велат дека нападот го извршиле тројца Албанци, кои од порано и биле познати на полицијата. По инцидентот МВР ја зголемило борбената готовност на своите припадници во Скопско, Тетовско и во Гостиварско. Низ Гостивар вчера беше засилено полициското обезбедување на неколку места во градот. МВР вчера испрати соопштение во кое се вели дека полицијата привела осум лица, од кои три биле задржани на информативен разговор. При претресот на куќата на осомничените во спална соба во која се наоѓала лулашка за бебе полицајците пронашле автоматска пушка во калибар 7,62 милиметри од кинеско производство со две рамки куршуми, една автоматска пушка од југословенско производство, пушка "винчестер" 30х30, два пиштоли "Црвена застава" ТТ 7,62 милиметри со три рамки куршуми, 70 парчиња муниција во калибар 7,62 мм, девет куршуми во калибар 9мм, една рачна бомба модел М75 од југословенско производство и една бомба, која потекнува од армијата на Босна и Херцеговина, што според МВР е загрижувачи факт и претставува нов влез на вакво оружје. Во куќата била запленета ловечка муниција и муниција во калибар што бил употребен при убиството на полицајците. Полицијата запленила и гранати од рачен лансер-тип кастор во калибар 40 мм, футроли за пиштоли, маица на специјална единица на УЧК, беретки и шлем на МВР, фалсификувана документација, лажни патни исправи и фотографии на припадници на УЧК и на приведениот. Во дворот на уапсениот се најдени стебла на канабис (марихуана) и опрема за подготвување на истиот за уживање. При претрес на возилото се најдени 600 г тротил со бавногоречки фитиљ и детонаторска каписла. Според полициското соопштение, убиството го сторила криминална банда од четири-пет непознати лица од патничко возило "голф 2" без регистарски таблички. На самото место биле убиени Николиќ и Јанкоски, а третиот полицаец, кој не бил повреден, возвратил на пукотниците. Министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски во својата изјава во Гостивар рече дека ова е типичен напад на албанските терористи врз безбедносните сили. - Овој настан загрижува, има политичка заднина и има континуитет што почна со нападот на припадниците на АРМ пред касарната "Илинден", нападот кај селото Кондово, нападот врз цивилите на автопатот Тетово -Гостивар. Ова е силна провокација, која завршува со два одземени животи. Ги знаеме организаторите на овој гнасен чин и извршителите. Полицијата приведе две лица, а се бараат извршителите, кои наскоро ќе бидат приведени - рече Бошковски. Дејан Николовски

На војник му врежале знак на ОВК
Утрински / 02.09.2002
ДЕБАР ОХРИД

Група Албанци во четвртокот околу пладне во центарот на Дебар насилно и со вперено оружје го грабнеле војникот по договор од Крива Паланка и неколку часа го малтретирале и се изживувале со него. Во текот на малтретирањето со остар предмет врз левата подлактница му врежале број 8, УЧК и ОВК. Под закана и во стрес, како што дознаваме, војникот случајот не го пријавил во Дебар, туку со автобус дошол во Охрид каде што во гарнизонската амбуланта му била укажана неопходната прва помош. Војникот во Интерното одделение во Медицинскиот центар во Охрид бил примен во тешка стресна состојба и со видни траги од телесно и психичко малтретирање, но и со врежани симболи на УЧК и ОВК на левата подлактница. Последните информации велат дека војникот е контактибилен и со подобрена психофизичка состојба. Според искази на лица кои директно контактирале со војникот, тој пред грабнувањето во центарот на Дебар во цивилна облека излегол од касарната со намера да замине за Охрид и да се раздолжи, бидејќи му завршил договорот за војник по договор во АРМ. Тогаш група Албанци со вперен пиштол го натерале да влезе во нивниот автомобил и почнале да го удираат. Потоа го однеле во некоја куќа во Дебар во просторија во која имало слики и симболи на команданти на УЧК. Во текот на неколкучасовното малтретирање го терале да се поклонува пред сликите на командантите на УЧК, а потоа сурово со остар предмет на левата подлактница му го врежале бројот 8 и со букви напишале УЧК и ОВК. Случајот со малтретирањето на војникот е пријавен во УВР-Охрид и е поведена постапка за откривање на сторителите на овој нечовечки чин. Од АРМ нема официјални информации, но според изјавата на портпаролот Благоја Марковски, не се работи за класично киднапирање, туку за насилнички чин и дека настанот е случен надвор од касарната во Дебар и дека војникот не бил во униформа на АРМ. Истрагата за овој инцидент веројатно ќе осветли повеќе детали, но едно е сигурно дека се работи за организирана терористичка групација која оперира во Дебар. (С.И.)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Battle of Radusha...
toa vo Kosovo beshe... ovie od cnn ispomeshale malce...
LoL, Радуша е во Македонија.
Имаше битка таму.[DOUBLEPOST=1537810207][/DOUBLEPOST]
Прв пат го среќавам ова, имате ли нешто од нашиве весници, портали за случајов ?
и ти ли не си чул за битката кај Радуша?

ох Боже...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom