Сонцето на Влатко огреа во Португалија
Големиот хит на Влатко Лозаноски Сонце не ме грее, кој на Радискиот фестивал МАРС доби награда за најслушана песна на радио-станиците во Македонија за изминатава година, ќе биде препеан на португалски јазик и ќе се најде на албумот на познатиот бразилски композитор и артист Роџер Рико.
Влатко и Рико се запознаа на фестивалот Славјанки базар во јули годинава, каде Влатко во живо во придружба на оркестар ја изведе Сонце не ме грееи го освои второто место.
Воодушевен од изведбата на песната Рико побара од Влатко и композиторот на Сонце не ме грее Лазар Цветкоски да му ги отстапат правата за тој да ја препее песната и истата да се најде на неговиот нов албум. На обострано задоволство, нотите од песната му се испратени и во текот на месецов очекуваме да ја слушнеме Сонце не ме грее на португалски јазик.