Властодршците против штрајкови и протести

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.812
Поени од реакции
24.861
Владе
Учителите имаат помали плати од зонашите. Дали ме разбираш...помали плати од зонашите
Тоа не е „ леб преку погача “, туку е срамота и резил.
Срамота е да една учителка, која завршила факултет, која има х години искуство, која секој дневно се грижи и ги учи нашите дечиња да има помала плата од зонаш. Со тоа ние сами себе се подценуваме а учителките ги навредуваме
А оваа тема
http://forum.kajgana.com/threads/Проч-плата-во-Регулаторна-е-1491-евро-месечно.74826/
Просечна плата во регулаторна 1491 евро, плус цел Свет го прошетаа со девизни дневници
Имајте критеријум..
Од лепотаните во регулаторна имаме само зијан. Да нема регулаторна ќе имавме поефтина струја.
Лепотаните ги наградуваме, а учителите понижуваме - срамота
Тоа не е никаков критериум за споредба. Тука во Битола зонашите земаат околу 12000 денари, мислам и помалце.
Јас како пример можи сакам на чистачката во фирмата да и давам 50000 оти е моја фирмата и ми е кеф да и давам толку. Така да споредбата ти е ирелевантна.
Но ајде да те потпрашам и тебе истото прашање што го поставив претходно , на кој претходниот член освен што научил како се клават сликички не даде одговор.
Што ако утре им текне ајде во случајот просветните работници ( можи било кој тука да го ставиш за да не се почувствуваат навредени и запоставени другите што се на државна цицка) дека сакаат плата од 4000 евра пример онака лупнав и дека со ништо подолу нема да бидат задоволни. И нормално пошто тоа законот им го дозволува стапат во штрајк.
Ете ти како власт како тоа би го решил.
За приватно не ни правиме муабет пошто таму тоа се решава по кратка постапка.
Инаку да се дополнам дека сметам дека законот како таков е глуп и недемократски од една страна. Од друга страна пак цела тежина на штрајкот и времето кое децата ке го поминат надвор од настава ке падни на товар прво на самите деца или подобро речено на грбот на родителите. Или по модерно кажано децата колатерална штета.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Но ајде да те потпрашам и тебе истото прашање што го поставив претходно , на кој претходниот член освен што научил како се клават сликички не даде одговор.
Што ако утре им текне ајде во случајот просветните работници ( можи било кој тука да го ставиш за да не се почувствуваат навредени и запоставени другите што се на државна цицка) дека сакаат плата од 4000 евра пример онака лупнав и дека со ништо подолу нема да бидат задоволни. И нормално пошто тоа законот им го дозволува стапат во штрајк.
Ете ти како власт како тоа би го решил.
Што се вели - Убаво ме праша, убаво ќе ти одговорам.
Јас сакам учителите да имаат плата, не како што ти велиш од 4000 евра, туку плата која ќе им овозможи достоинствен живот
Сакам и ти да имаш плата со која која ќе имаш достоинствен живот Сакам да нема невработени. Сакам невработените да добиваат паричен надомест кој ќе им овозможи достоинствен живот, а не да некакви властодржци од евиденција само за да покажат дека божем невработеноста се намалила.
Со тоа не барам нешто што е невозможно туку барам да се обезбедат основните човекови права
http://mk.wikipedia.org/wiki/Универзална_декларација_за_човековите_права
Член 23 и 25 гласат:
Член 23. 1. Секој има право на работа, слободен избор на работно место, праведни и поволни услови за работа и заштита од невработеност.

2. Секој, без каква и да е дискриминација, има право на еднаква плата за иста работа.

3. Секој кој работи има право на праведен и соодветен надоместок што нему и на неговото семејство ќе им обезбеди достоинствен живот, а кој надоместок ќе биде надополнет, до колку е неопходно, со други средства на социјална заштита.

4. Секој има право да основа и да се зачленува во синдикати заради заштита на неговите интереси.
Член 25. 1. Секој има право на животен стандард што нему и на неговото семејство ќе им обезбеди здравје и добробит, вклучувајќи храна, облека, живеалиште и медицинска грижа и неопходни социјални услуги, и право на осигурување во случај на невработеност, болест, инвалидност, вдовство, старост или во друг случај на недостаточни средства за живот поради околности што се надвор од неговата контрола.

2. На мајките и на децата им припаѓаат посебна грижа и помош. Сите деца, без оглед на тоа дали се вонбрачни или не, ќе ја уживаат истата социјална заштита.

Ете, мој Пријателу, тоа го барам и за мене и за тебе и за учителите и за сите нас. Ништо повеќе од ова, но ништо помалку од ова
Е не да организираат штрајкбрехери, да бришат од евиденција за невработени и да мамат како се намалила невработеноста, да подржуваат зонашење и криминалот во ЕВН и Топлификација
 
Член од
19 март 2013
Мислења
825
Поени од реакции
601
СЗЗПВ, те почитувам поради сите активности на форумот и не би сакал да те навредам, но некако (не само ти и воопшто не се однесува на тебе) луѓево како да го читаат ова „има право на“ како „му е гарантирано“. Знаеме дека во животот никој не дава гаранции.

Да дообјаснам. Се работи за декларација, прокламација, односно список на убави желби, усвоен од страна на тело што немало и нема фактичка власт, а дури и во него главен збор имаат победниците од последната светска војна, кои се избориле за тоа дури и со атомски бомби.

Така што, ако нема услови/средства (еве во случајот пари за плати), никому ништо.
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
СЗЗПВ, те почитувам поради сите активности на форумот и не би сакал да те навредам, но некако (не само ти и воопшто не се однесува на тебе) луѓево како да го читаат ова „има право на“ како „му е гарантирано“. Знаеме дека во животот никој не дава гаранции.
Мора да бидат остварени правата од Универзалната декларација за правата на човекот на ООН, ради сите нас, ради нашите деца, ради мирот во Светот
Таа Декларација е донесена, 1948, непосредно по Втората светска војна кога се открија какви грозоти предизвика Хитлер и фашистите
Хитлер дојде на власт поради постоење на невработени, бедни и понижени.
Те молам прочитај ја Преамбулата од оваа Декларација и таму наведено зошто е донесена
Денес имаме армија невработени, кои се бедни, понижени, обесправени/ Во Македонија има директори кои имат 20, 30, илјади евра месечна плата, а имаш од друга страна голем број кои немаат ниту денар
И многу е лесно да се појави некаков Хитлер. И кај нас има политичари кои си играат со националните чувства, а не се свесни со што си играат
Затоа длабоко верувам дека ставовите од оваа Декларација треба да се остварат
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Ajde de, ne sedat doma nego odat bezveze tamu da si gi cesaat genitaliite i da pravat nepotreben trosok. Za vreme na letniot raspust za tie 3 meseci treba apsolutno da gi stavat na minimalna plata, sramota e za lezenje polna plata da im se dava.
A za ova vtorovo, brat i 5000 evra mesecna plata da im dades nema da ima ama bas nikakva razlika.
Прво му сметаше дека не оделе 3 месеци на работа, па коа дозна дека и тие 3 месеци они одат на работа му смета шо оделе на работа и правеле непотребни трошоци :pos::pos::pos::pos::pos:

Абе само стап за тоа професорите.Пет дена максимум работна недела(и тоа помалце од 8 часа дневно),сабота,недела,празници дома.По три месеца годишен,цело лето си ги ланчаат.Си шетаат по екскурзии со пари од учениците.Ако има некој у оваа држава што е преплатен и што не заслужува да зуцне како му било тешко,обесправен,мала му била платата незнам шо,тоа се учителиве.А највеќе се бунат од сите што е трaгично.
Ако не се лажам беше на правен, и како иден правник глуп ти е муабетов...

Не знам дали овие што ги поддржуваат замениве сфаќаат што зборуваат...
Збориме за разводенување на заштита на правото на штрајк, истото право што го има и во Уставот.
Губењето часови сигурно може да се реши на друг начин, а не со замени за штрајкувачите. Сличен пример е кај лекарите што не можат целосно да ја прекинат работата...
Не знам само како не сфаќате дека ако се дозволи овој преседан, што е тоа што ќе ја спречи Владата (значи зборам за извршната власт, а не за конкретна партија) утре да предложи закон, а Собранието секако ќе го изгласа со кој уште повеќе ќе се скратат правата на работниците ?

А коа станува збор за невработените, не не треба да добиваат голем надомест зошто се невработени зошто ако државата му ги дава сите пари што него му се потребни за сметки, облека, храна... зошто он би барал работа ?
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.812
Поени од реакции
24.861
Што се вели - Убаво ме праша, убаво ќе ти одговорам.
Јас сакам учителите да имаат плата, не како што ти велиш од 4000 евра, туку плата која ќе им овозможи достоинствен живот
Сакам и ти да имаш плата со која која ќе имаш достоинствен живот Сакам да нема невработени. Сакам невработените да добиваат паричен надомест кој ќе им овозможи достоинствен живот, а не да некакви властодржци од евиденција само за да покажат дека божем невработеноста се намалила.
Со тоа не барам нешто што е невозможно туку барам да се обезбедат основните човекови права
http://mk.wikipedia.org/wiki/Универзална_декларација_за_човековите_права
Член 23 и 25 гласат:
Член 23. 1. Секој има право на работа, слободен избор на работно место, праведни и поволни услови за работа и заштита од невработеност.

2. Секој, без каква и да е дискриминација, има право на еднаква плата за иста работа.

3. Секој кој работи има право на праведен и соодветен надоместок што нему и на неговото семејство ќе им обезбеди достоинствен живот, а кој надоместок ќе биде надополнет, до колку е неопходно, со други средства на социјална заштита.

4. Секој има право да основа и да се зачленува во синдикати заради заштита на неговите интереси.
Член 25. 1. Секој има право на животен стандард што нему и на неговото семејство ќе им обезбеди здравје и добробит, вклучувајќи храна, облека, живеалиште и медицинска грижа и неопходни социјални услуги, и право на осигурување во случај на невработеност, болест, инвалидност, вдовство, старост или во друг случај на недостаточни средства за живот поради околности што се надвор од неговата контрола.

2. На мајките и на децата им припаѓаат посебна грижа и помош. Сите деца, без оглед на тоа дали се вонбрачни или не, ќе ја уживаат истата социјална заштита.

Ете, мој Пријателу, тоа го барам и за мене и за тебе и за учителите и за сите нас. Ништо повеќе од ова, но ништо помалку од ова
Е не да организираат штрајкбрехери, да бришат од евиденција за невработени и да мамат како се намалила невработеноста, да подржуваат зонашење и криминалот во ЕВН и Топлификација
Убава тоа декларацијата. Се си напишале како што треба. Арно ама....
Но нема везе декларацијата пошто прашањето беше сосем друго. И види достоинствен живот е многу долга и широка тема и можеме да дебатираме за тоа со месец и години и пак да не најдеме заеднички јазик.
Но ете малце ке го парафразирам прашањето. Тие некој заклучиле дека достоинствен живот би имале со плата не помала од 4000 евра, и за да не помисли дека некој се рботи за Норвешка би било редно да се спомене дека просекот тука е на приватно 200-300 евра, државно околу 400. Поентата е дека некој сметал сметал и пресметал дека нив им треба не 400 туку 4000 евра што е надвор од умот за овие простори. Значи сакаат толкава плата и ни денар помалце, незадоволни се и стапуваат во штрајк што е нивно уставно право.
Ти си ете премиер или министер кој е задолжен за тоа и после натаму продолжи сам. Баш ме интересира како од твоја перспектива ти ем би го решил штрајкот, ем децата колку толку нема да пропуштат многу часови , ем ке им угодиш и на професорите, ем знаеш дека сумата која ја бараат е во најмала рака нереална за овде, ем нема да предизвикаш домино ефект па цела држава да ти оди во штрајк пошто ако можело за нив може и за другите да се најдат 4000 евра плата. Што би рекле и волкот сит и овците на број.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Тие некој заклучиле дека достоинствен живот би имале со плата не помала од 4000 евра, и за да не помисли дека некој се рботи за Норвешка би било редно да се спомене дека просекот тука е на приватно 200-300 евра, државно околу 400. Поентата е дека некој сметал сметал и пресметал дека нив им треба не 400 туку 4000 евра што е надвор од умот за овие простори. Значи сакаат толкава плата и ни денар помалце, незадоволни се и стапуваат во штрајк што е нивно уставно право..
Не верувам дека ќе барат плати од 4000 евра. Не знам дали ги објавија барањата на штрајкувачите. Кога ќе ги објават ќе видиме и тогаш можеме да збориме. За секој штрајк е многу важна подршката од јавноста
Ти ме прашуваш, „ што би било кога би било “, тоа се прикаски. Постојат општи морални норми на однесување.
Но сегашнава ситуација е срамна
Зонаш во Скопје има поголема плата од учителка.
Или чистачка во регулаторна има три пати поголема плата од директор на училиште.
Нема логика...... резил, срам
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Што се вели - Убаво ме праша, убаво ќе ти одговорам.
Јас сакам учителите да имаат плата, не како што ти велиш од 4000 евра, туку плата која ќе им овозможи достоинствен живот
Сакам и ти да имаш плата со која која ќе имаш достоинствен живот Сакам да нема невработени. Сакам невработените да добиваат паричен надомест кој ќе им овозможи достоинствен живот, а не да некакви властодржци од евиденција само за да покажат дека божем невработеноста се намалила.
Со тоа не барам нешто што е невозможно туку барам да се обезбедат основните човекови права
http://mk.wikipedia.org/wiki/Универзална_декларација_за_човековите_права
Член 23 и 25 гласат:
Член 23. 1. Секој има право на работа, слободен избор на работно место, праведни и поволни услови за работа и заштита од невработеност.

2. Секој, без каква и да е дискриминација, има право на еднаква плата за иста работа.

3. Секој кој работи има право на праведен и соодветен надоместок што нему и на неговото семејство ќе им обезбеди достоинствен живот, а кој надоместок ќе биде надополнет, до колку е неопходно, со други средства на социјална заштита.

4. Секој има право да основа и да се зачленува во синдикати заради заштита на неговите интереси.
Член 25. 1. Секој има право на животен стандард што нему и на неговото семејство ќе им обезбеди здравје и добробит, вклучувајќи храна, облека, живеалиште и медицинска грижа и неопходни социјални услуги, и право на осигурување во случај на невработеност, болест, инвалидност, вдовство, старост или во друг случај на недостаточни средства за живот поради околности што се надвор од неговата контрола.

2. На мајките и на децата им припаѓаат посебна грижа и помош. Сите деца, без оглед на тоа дали се вонбрачни или не, ќе ја уживаат истата социјална заштита.

Ете, мој Пријателу, тоа го барам и за мене и за тебе и за учителите и за сите нас. Ништо повеќе од ова, но ништо помалку од ова
Е не да организираат штрајкбрехери, да бришат од евиденција за невработени и да мамат како се намалила невработеноста, да подржуваат зонашење и криминалот во ЕВН и Топлификација
Na sivackite so rabotat za 8000 po 30 dena vo mesecot koj ke im gi obezbedi rabotnickite prava.
Nema so da se lazeme. Ili kapitalizam za site ili socijalizam za site. Ovaka ne bidue rabotata. Ke ja unistat drzavata. Kako so rekov Makedonija mozebi ke trgne na prav pat koga rabotnite mesta vo javniot sektor i kaj drzavnite monopolisti ke gi stavat na licitacija. A ovaka kako so e sega, plati duplo pa i troduplo pogolemi za lezenje nego za rabotenje daleku nema da stigneme. Vo drzavava zaradi toa ima hiperprodukcija na iljadnici i iljadnici fikusi so diplomi po opstestveni nauki sto na nikogo ne mu trebaat.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019

Ми идеш на нерви со таа лицитација , си измислил топла вода .баго мајката ! Па таа е веке направена , што мислиш како се стигнува до работно место во државен сектор?
На времето социјализмот тој проблем го решаваше со ниски плати , демек да не се буни работничката класа и затварање на очите пред земањето мито . Одвреме на време се приклештува некој за таа работа , колку да не излезе од контрола работата .
Да земеме , хипотетички се разбира , дека ете се лицитира работното место , што ке значи тоа ? Купување на правото на неказнето собирање на мито !
 
Ne takva licitacija ko so mislis ti.
Znaci se licitira visinata na platata, se pocnuva od momentalnata plata so se isplakja za nekoe rabotno mesto i se licitira nadolu. Rabotnoto mesto go dobiva toj so ke ponudi da raboti za najniska plata na licitacijata za sekoe rabotno mesto.
Da im se ukinat dogovorite za neopredeleno vreme, i sekoja godina da se ponovuva licitacijata.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.812
Поени од реакции
24.861
Не верувам дека ќе барат плати од 4000 евра. Не знам дали ги објавија барањата на штрајкувачите. Кога ќе ги објават ќе видиме и тогаш можеме да збориме. За секој штрајк е многу важна подршката од јавноста
Ти ме прашуваш, „ што би било кога би било “, тоа се прикаски. Постојат општи морални норми на однесување.
Но сегашнава ситуација е срамна
Зонаш во Скопје има поголема плата од учителка.
Или чистачка во регулаторна има три пати поголема плата од директор на училиште.
Нема логика...... резил, срам
Јас и ти што веруваме и неверуваме е небитно. И јас не верував дека тие ке стапат во штрајк од било која причина пошто јас верував дека нив се им е погодено и дека нема за што да штрајкуваат, ама ете имало и сум згрешил. Прашањето беше хипотетичко, така да ете ти не веруваш ама тие сепак побараат. Сепак е тоа нивно право нели што и колку ке побараат исто како што е нивно право дали ке стапат во штрајк. Неможи за една работа да е легална( штрајкот) и да ја подржуваш а за другата само да се надеваш дека нема да се случи само затоа што не веруваш , а не е законски регулирана.Така да ти си верувал или не имаат полно право да побараат 4000 евра, и стависе во позиција и хипотетички замисли дека ете побарале толку пари плата или ке одат во штрајк. Значи по трет пат те прашувам како ти ако си власт тоа би го решил, по можност законски, легално и на општо задоволство на сите засегнати страни.
После мал осврт на морални норми. Јас искрено верувам дека тие немаат грам морални норми во себе од едноставна причина што тие пази не биле задоволно со нивните сегашни плати, кои мораме да признаеме и не се баш ниски. Сепак тука плата од околу 30000 денари и не е така мала плата. Можеби е мала за во Германија или Швајцарија но за тука каде најголем број од родителите на децата на кои им предаваат крпат крај со крај со едни пишливи 200-300 евра просек тие не биле задоволно со 400 - 500 евра просечна плата. Па за каков морал тука ние зборуваме.
За зонското мислам дека ти кажав дека во Битола земаат околу 12000 денари значи дупло помалце од просекот, за условите на работа и да не зборуваме. Ајде ке речеме дека таа е приватна фирма и како што реков ако сака и има есап нека им дава и 1000 евра плата. Но како тогаш би реагирал ако вработените во регулаторна како државна фирма стапат во штрајк ради лоши услови за работа или според нив ниски плати, пошто секој си ја цени својата работа како многу битна и важна и посебно тешка? И тогаш доследно ке ги поддржиш во нивното уставно право да стапат во штрајк или тогаш ке имаш други аршини и уставот ке може малце да се заобиколи. Или случајно ако зонското беше државна фирма и вработените стапеа во штрајк од истите причини. И тогаш ке се повикуваше на уставот и на таа декларацијата или ....
 
Член од
14 мај 2011
Мислења
374
Поени од реакции
388
Каква неупатеност, самобендисаност и простотилак. Некој тука не научил ништо човечко ни од мајка ни од учител ни од поп.
Ама затоа сам се научил како да испланира „ред и квалитет“ во системот. Како да се учителите најголемиот непријател и причина за сите фрустрации и неуспеси на секој поединец. Како да немаат живот, обврски и проблеми како и сите други луѓе. Тие треба за 20 илјади (оние среќните) да бидат совршени и да ја гарантираат и остварат среќната иднина на секој ученик (и родител).
Верувам дека повеќето наставници би сакале да ја имаат таа супермоќ и да им го пружат тоа на своите ученици и на нивните родители, па нека е и за тие 350 евра со кои и самите тешко ги школуваат сопствените деца.
Верувам дека се трудат. Но во тоа нема да бидат поуспешни ако се под постојан притисок, уцени и омаловажување на професијата и на личноста. И родителот и наставникот треба да имаат авторитет во очите на детето за да ја извршат својата улога во општеството.
А каде оди општеството, за жал, најдобро кажуваат зборовите на Иво Андриќ: „И така понекогаш доаѓаат времиња кога паметниот ќе замолчи, будалиот ќе проговори, а (за сметка на тоа) голтарот ќе се збогати“.
Ова во заградите е бонус од мене ;)
 
Последно уредено:

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.281
Поени од реакции
18.551

Другар ај ќе те прашам едно хипотетичко прашање.

Имаш 18 години, четврта година си средно и во твоето училиште вработуваат професор само 5 години постар од тебе, "случајно" роднина на лидерот на локалните власти, завршен на приватен факултет и кој предава читајќи од учебникот притоа правејќи доста грешки.

Како по ѓаволите тој наставник ќе има авторитет во очите на ученикот?

Ова со годините го ставив, оти нели под претпоставка во четврта средно си веќе зрел човек кој може лесно да ги согледа горе наведените работи.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Значи по трет пат те прашувам како ти ако си власт тоа би го решил, по можност законски, легално и на општо задоволство на сите засегнати страни.
Добро, бидејќи по „ трет пат “ ме прашуваш, ќе ти одговорам на ова хипотетичко прашање.
Ако премиерот ме постави за министер за образование и штрајкувачкиот одбор на учителите побара од мене да обезбедам учителска плата од 4000 илјади евра месечно, јас вака би постапил:
Веднаш ќе ги примам представниците на штрајкувачкиот одбор на чело со председателот на нивниот синдикат, ќе ги понудам со кафе и локум и ќе ги прашам кои им се барањата?
Тие ќе речат ( она што ти хипотетички прашуваш ): Сакаме плата на учител да изнесува 4000 евра месечно.
Јас ќе речам: Добро.... Јас сум министер, а не сум волшебник и такво барање не можам да исполнам.
Она што јас можам да го исполнам е следно:
1. Ќе укинам зонско и сите средства со кои општините ги „ субвенционираат “ зонашите ќе усмерам во учителски плати
2. Во секое училиште ќе направам котларница и наместо училиштата да им плаќаат на криминалците од Топлификација 80 илјади евра годишно, греењето ќе чини 10 илјади евра, а вака заштедените пари ќе ги усмерам во учителски плати.
3. Ќе ја укинам одредбата на лепотаните од регулаторна според која училиштата плаќат струја по поскапа „ индустриска “ тарифа и во иднина училиштата ќе плаќаат струја по иста тарифа како и граѓаните. Овака заштедените средства ќе ги усмерам во учителски плати.
Со овие заштеди вашите плати ќе се зголемат за 50%
И ќе речам: Ете тоа е она што јас како министер можам да го сторам. Одете сега дома, размислете и повторно, за ден два дојдете да ми кажете дали го прифаќате мојот предлог.
Ако го прифатите јас ова ќе го исполнам, а ако не го прифаќате јас ќе поднесам оставка, а председателот на вашиот синдикат ќе го предложам за министер, па тој нека ви обезбеди плата од 4000 евра месечно.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
18.000
Поени од реакции
12.757
Другар ај ќе те прашам едно хипотетичко прашање.

Имаш 18 години, четврта година си средно и во твоето училиште вработуваат професор само 5 години постар од тебе, "случајно" роднина на лидерот на локалните власти, завршен на приватен факултет и кој предава читајќи од учебникот притоа правејќи доста грешки.

Како по ѓаволите тој наставник ќе има авторитет во очите на ученикот?

Ова со годините го ставив, оти нели под претпоставка во четврта средно си веќе зрел човек кој може лесно да ги согледа горе наведените работи.
И мене ми предавале тукушто завршени професори, но не сме смееле да писнеме затоа што поинаку функционирал системот.
Дали сте се запрашале како наставниците се справуваат со проблематични ученици, татини синови, деца на богаташи, локални моќници и воопшто со деца чии родители живеат во една ваква криминална држава? Каде стап или пиштол се вади за само еден збор? Не учат сите во тие 3-4 "пристојни" школи. Мојата сопруга присуствуваше на една родителска на едниот син во основно школо пред 10-12тина години, кога еден од родителите извадил пиштол на маса.
Авторитетот сам по себе не зависи толку од самиот професор (нормално исклучоци постојат). Авторитетот индиректно треба да го гради системот. Каков е системот, каква е државата, така функционираат и јавните услуги (образование, здравство, комунални услуги...). Како ќе се однесуваат децата ако гледаат дека криминалот буквално е исплатлив? Малолетничко насилство вели е зголемено за 20% 2013 према 2012. Не знам кој авторитет тоа ќе го спречи.
Проблем се и тоа голем проблем и платите и не/заштитеноста на кадарот (не само наставен туку и во другите јавни услуги).
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom