Властодршците против штрајкови и протести

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Вчера слушнавме дека нашиве властодршци сакаат со вработување на штрајкбрехери да го спречат штрајкот на учителите кој е закажан за крајот на септември
За тоа има и тема на нашиов Форум:
http://forum.kajgana.com/threads/Резервни-наставници-за-време-на-штрајк.74917/page-4#post-6827691
Но тоа не е единствен метод со кој властодршците се борат против штрајковите и протестите. Тој метод, со штракбрехери, е одамна застарен и тоа што нашиве планираат да го употребат го покажува нивнато незнаење. Овој метод не е во употреба бидејќи предизвикува уште поголеми нереди. Имено, штрајкувачите ги тепаат штрајкбрехерите што предизвикува уште поголеми нереди. А можеби не ни планираат да го употребат, туку само ги заплашуваат учителите дека има невработени учители кои воопшто не примаат плата.

За тоа ја отварам оваа тема, во која ќе ги анализираме какви методи користат властодршците во Светот за борба против штрајкови и протести.
Најголемиот дел од нас учествувале и ќе учествуваат во протести и штрајкови, така да искуствата кои ќе ги размениме во оваа тема ќе ни користат во иднина.
На ова ме наведе веста која е објавена на Кајгана
http://kajgana.com/ona-koga-policijata-lazhe-i-apsi-nepotrebno
Се работи за кратка вест, објавена на Кајгана, во која има и видео.
На видеото е прикажано како еден полицаец во Аргентина, намерно скока на ветробранското стакло на возило, потоа глуми дека е повреден, а возачот на возилото го апсат.
Во веста на Кајгана нема објаснување кои се причините зошто тоа се случило.
Тоа ме наведе да пребарувам и еве што најдов:
http://panampost.com/panam-staff/2014/09/05/argentinean-police-officer-pretended-to-be-hit-by-car-to-arrest-protester/
Настанот се случил на 30 јули оваа година иако е објавен на 4 септември.
Имало штрајк на работници во фабрика за автоделови и возилото и возачот учествувале во протестите. Името на возачот е Кристијан Ромеро
Снимката е направена од страна членови на Социјалистичката работничка партија
Полицаецот кој скока е Хуан Лопез Алберто Торалес
Полицаецот скокнал да исценира апсење на Ромеро
Ромеро е уапсен и обвинет за повреда на полицаец, напад на службени лица и отпор при апсење и чека судење
Снимката ја објавиле адвокатите на Работничката социјалистичка партија кои го бранат Ромеро. Одбраната тврди дека еден од полицајците на снимката претходно се обидел да се инфилтрира меѓу штрајкувачите, ради собирање информации
 
Последно уредено:
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Јас сериозно веќе наставнициве не ги разбирам. Платен превоз, хранарина, редовна плата, шетање по она семинари и што уште? Да не работат нешто потешко од оние текстилцине кои се на машина цел ден и шијат за мочан минималец?
Па веќе преку глава. Нека се гонат у п**** м*****. Очигледно за овие веќе станува збор за ненаситни гомна. Ич не ме интересира дали ќе навредам некого.
 
N

NikolaMKD91

Во нормални држави професорите добиваат и многу повеќе од тоа . Затоа што му се потребни на системот за индоктринација и задојување на народните маси уште од најмали нозе.
 
Член од
4 септември 2014
Мислења
142
Поени од реакции
129
Нашле па зашле. И властодршците и штрајкувачите.

Властодршците нема потреба ништо да прават, на крај сите синдикати се победени заради сопствени грешки. А грешките се појавуваат кога ќе почнат да се однесуваат како кланови, со нереални барања кои граничат на изнуда со кои ја губат поддршката од јавноста. Пополека кога не можат да постигнат којзнае што го губат и членството.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Во нормални држави професорите добиваат и многу повеќе од тоа . Затоа што му се потребни на системот за индоктринација и задојување на народните маси уште од најмали нозе.
Во нормални држави, има квалитетен кадар. Сите поминавме низ Основно, Средно и знаеме каков е кадарот и со каков квалитет. На некој и 7 000 им се премногу.
 
Член од
14 февруари 2014
Мислења
181
Поени од реакции
155
Кога последен пат имало асален штрајк кај нас без некаква позадина или очигледно шиканирање?Сигурно сега како контраштрајкувачи ќе се појават истите кои беа пред општина Центар или пред собрание.
 
Џабе се крева прашина, овој штрајк е од почеток осуден на неуспех . За жал . :( Сите што ја знаат партиската структура во образованието ќе ти кажат дека сите вработени од чистачка до министер се ВеМеРо, кои што под директива од штаб нема да искочат. Останатите професори дел ќе бидат заплашени, дел нема да сакаат да ризикуваат. Во пракса тие што ќе излезат на штрајк ќе бидат незначителна бројка која што ќе може да биде лесно задушена со контраштрајкувачи и резервни наставници . Имам тетка професорка што работи долги години во образование, баш пред некој ден ми кажуваше дека училиштетото што важеше за "најкомуњарско" во цело Скопје веќе е 50% ВеМеРо. А што станува со новоотворените училишта како на пр. оние во Аеродром.Масовен штрајк во образование никогаш нема да се случи.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Воспитно-образовниот процес, онака како што е поставен и се развива низ иминативе децении, не може да го подобри квалитетот на образованието. Не се само непосредно вклучените во образованието (професори,наставници) криви, иако нивната вина не е нималку мала.

Од една страна имате секакви, ама баш секакви деца, со секакви, ама баш секакви родители. Позицијата на наставниците е таква, што тие полека, ама сосем сигурно, ја губат одлучувачката улога при оценувањето, кое зависи од волјата на надредениот, или на некој влијателен родител, кој може да го спакува од работа во рок од 5 минути. Самиот начин на оценување и на работење (колку што сум забележал) е чиста бирократска, административна работа.

Децата си се деца, не/мирни, со свои адолесцентски активности. Меѓу нив често има и посебни, специјални случаи, чие место можеби и не е во некоја вообичаена паралелка, но некој со влијание се погрижил тие да завршат токму таму и (мора) да имаат одличен успех. Оценувајќи ги нив, наставникот е принуден да ги занемари сопствените задолженија, па и од инает, ако веќе дал петка на некој што е за 2-, зошто и некој со 3 да нема 5?

Наставникот/професорот не е цвеќе. Има меѓу нив корумпирани ѓубриња, неспособни, мрзливи, фрустрирани, завидливи итн. Во вашето 12 или повеќе годишно образование сте налетале на секакви - не биле сите исти. Но, независно каков човек е, кога ќе влезе во образовната машинерија, сакал-неќел мора да се прилагоди на веќе затекнатите услови за да опстане. Нема големи реални можности, тој, или група колеги, брзо и од корен да ги сменат работите. А нова работа не се наоѓа лесно: зошто баш тој да ја бистри водата во олку матни и несигурни времиња?

Не знам што плати имаат, ама знам дека не работат за минималец. Друго е она што треба да се смени - условите за работа. Да му се врати образот на ОБРАЗованието и да се измени начинот на нивно контролирање, да се зголеми самостојноста на просветниот работник, кој треба да биде ослободен од притисоци.

Би било добро, наставникот, односно неговата успешност во воспитно-образовниот процес да се оцени на екстерно тестирање, кое наместо еднаш годишно, би го имало повеќепати, по различни предмети, а наставникот целосно да се исклучи од оценувањето. Постојат и други мерки за награда, односно за казнување на недисциплината освен оценувањето, а не се ќотек. Но тоа, веројатно изгледа сложено и тешко дека ќе се случи.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Немојте да ги обвинувате за нивните плати, факт е дека постојат идиоти во секоја организација, ама ние сме навикнати да ги преувеличиме негативностите па општата слика е уште полоша.Најпроста логика е дека работникот ќе го мотивираш со награди - финансиски или други.Немањето резултати не е само на нив, работната средина и посебно односот на надредените не се фактори за потценување.

Платата на наставниците во основно е негде 10 до 20% над просечната исплатена плата, зависно од стажот.Ама ако е со договор...најчесто млади од 25-30 години, можат и со 9000 да завршат (а работат иста работа).2-3 години по ред, после - немаме потреба од вас.

А за замена - имат во Пустец луѓе за се :свиркам:
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Јас сериозно веќе наставнициве не ги разбирам. Платен превоз, хранарина, редовна плата, шетање по она семинари и што уште? Да не работат нешто потешко од оние текстилцине кои се на машина цел ден и шијат за мочан минималец?
Па веќе преку глава. Нека се гонат у п**** м*****. Очигледно за овие веќе станува збор за ненаситни гомна. Ич не ме интересира дали ќе навредам некого.
И јас не ги разбирам, нема телевизија која ќе ја пренесе вистинската причина за штрајкот, на шител и остали не им се верува.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Воспитно-образовниот процес, онака како што е поставен и се развива низ иминативе децении, не може да го подобри квалитетот на образованието. Не се само непосредно вклучените во образованието (професори,наставници) криви, иако нивната вина не е нималку мала.

Од една страна имате секакви, ама баш секакви деца, со секакви, ама баш секакви родители. Позицијата на наставниците е таква, што тие полека, ама сосем сигурно, ја губат одлучувачката улога при оценувањето, кое зависи од волјата на надредениот, или на некој влијателен родител, кој може да го спакува од работа во рок од 5 минути. Самиот начин на оценување и на работење (колку што сум забележал) е чиста бирократска, административна работа.

Децата си се деца, не/мирни, со свои адолесцентски активности. Меѓу нив често има и посебни, специјални случаи, чие место можеби и не е во некоја вообичаена паралелка, но некој со влијание се погрижил тие да завршат токму таму и (мора) да имаат одличен успех. Оценувајќи ги нив, наставникот е принуден да ги занемари сопствените задолженија, па и од инает, ако веќе дал петка на некој што е за 2-, зошто и некој со 3 да нема 5?

Наставникот/професорот не е цвеќе. Има меѓу нив корумпирани ѓубриња, неспособни, мрзливи, фрустрирани, завидливи итн. Во вашето 12 или повеќе годишно образование сте налетале на секакви - не биле сите исти. Но, независно каков човек е, кога ќе влезе во образовната машинерија, сакал-неќел мора да се прилагоди на веќе затекнатите услови за да опстане. Нема големи реални можности, тој, или група колеги, брзо и од корен да ги сменат работите. А нова работа не се наоѓа лесно: зошто баш тој да ја бистри водата во олку матни и несигурни времиња?

Не знам што плати имаат, ама знам дека не работат за минималец. Друго е она што треба да се смени - условите за работа. Да му се врати образот на ОБРАЗованието и да се измени начинот на нивно контролирање, да се зголеми самостојноста на просветниот работник, кој треба да биде ослободен од притисоци.

Би било добро, наставникот, односно неговата успешност во воспитно-образовниот процес да се оцени на екстерно тестирање, кое наместо еднаш годишно, би го имало повеќепати, по различни предмети, а наставникот целосно да се исклучи од оценувањето. Постојат и други мерки за награда, односно за казнување на недисциплината освен оценувањето, а не се ќотек. Но тоа, веројатно изгледа сложено и тешко дека ќе се случи.
Првата промена нека почне од тоа наместо секаков шљам да влегува со партиска книшка, да влезе човек со диплома кои ќе даде резултати. Е тие такви сакам да видам задоволни и големи плати. А од независноста на Р.М. образованието е сведено на вработување по принципот ПАРТИСКА КНИШКА, А НЕ КВАЛИТЕТ. Какви очекувања имаш врз основа на тоа?!
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Првата промена нека почне од тоа наместо секаков шљам да влегува со партиска книшка, да влезе човек со диплома кои ќе даде резултати. Е тие такви сакам да видам задоволни и големи плати. А од независноста на Р.М. образованието е сведено на вработување по принципот ПАРТИСКА КНИШКА, А НЕ КВАЛИТЕТ. Какви очекувања имаш врз основа на тоа?!
Па, резултати има, иако не онакви какви што очекуваме. Состојбите во образованието, какви и да се тие, неминовно се одраз на севкупните состојби во државата. А очекувањата, кога зборуваме за некое догледно време, се песимистички.
 
T

templar55

Гостин
Имаше студија дека сме една од најглупите нации во светот и искрено верувам дека тоа е точно.
Да излезеш со став дека на наставниците треба да им се скратат правата треба стварно да си глуп.
Оние кои што се моторот на идните генерации, оние кој што твоето дете треба да го воспитаат и да му ги покажат правите вредности, да излезеш против нив само затоа што во штабот ти рекле така тогаш нивото на интелегенцијата мора да ти е како бројот на чевлите.
Секојдневно читам идиоти по форумов ама ова страшно ме засега.
Наставниците во нормално општество се едни од најценетите, додека овде кон нив се плука и се прети со откази.
Очигледно на некој не му одговара да има квалитетно образование што е еднакво на младина која размислува со своја глава. На некој му треба послушна младина, младина што е спремна да вее знамиња по митинзи за еден сендвич.
Оставете го Берзит, он подалеку од локалниот штаб нема отидено и ова што го пишува му е само copy paste, по наредба да не речам.
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
236
Поени од реакции
422
Воспитно-образовниот процес, онака како што е поставен и се развива низ иминативе децении, не може да го подобри квалитетот на образованието. Не се само непосредно вклучените во образованието (професори,наставници) криви, иако нивната вина не е нималку мала.

Од една страна имате секакви, ама баш секакви деца, со секакви, ама баш секакви родители. Позицијата на наставниците е таква, што тие полека, ама сосем сигурно, ја губат одлучувачката улога при оценувањето, кое зависи од волјата на надредениот, или на некој влијателен родител, кој може да го спакува од работа во рок од 5 минути. Самиот начин на оценување и на работење (колку што сум забележал) е чиста бирократска, административна работа.

Децата си се деца, не/мирни, со свои адолесцентски активности. Меѓу нив често има и посебни, специјални случаи, чие место можеби и не е во некоја вообичаена паралелка, но некој со влијание се погрижил тие да завршат токму таму и (мора) да имаат одличен успех. Оценувајќи ги нив, наставникот е принуден да ги занемари сопствените задолженија, па и од инает, ако веќе дал петка на некој што е за 2-, зошто и некој со 3 да нема 5?

Наставникот/професорот не е цвеќе. Има меѓу нив корумпирани ѓубриња, неспособни, мрзливи, фрустрирани, завидливи итн. Во вашето 12 или повеќе годишно образование сте налетале на секакви - не биле сите исти. Но, независно каков човек е, кога ќе влезе во образовната машинерија, сакал-неќел мора да се прилагоди на веќе затекнатите услови за да опстане. Нема големи реални можности, тој, или група колеги, брзо и од корен да ги сменат работите. А нова работа не се наоѓа лесно: зошто баш тој да ја бистри водата во олку матни и несигурни времиња?

Не знам што плати имаат, ама знам дека не работат за минималец. Друго е она што треба да се смени - условите за работа. Да му се врати образот на ОБРАЗованието и да се измени начинот на нивно контролирање, да се зголеми самостојноста на просветниот работник, кој треба да биде ослободен од притисоци.

Би било добро, наставникот, односно неговата успешност во воспитно-образовниот процес да се оцени на екстерно тестирање, кое наместо еднаш годишно, би го имало повеќепати, по различни предмети, а наставникот целосно да се исклучи од оценувањето. Постојат и други мерки за награда, односно за казнување на недисциплината освен оценувањето, а не се ќотек. Но тоа, веројатно изгледа сложено и тешко дека ќе се случи.
Не можеш да имаш корумпирана учителка или наставник до 8 одделение. Тоа се глупости. Се знае каде е корупцијата и митото во образованието, а тоа е кај универзитетските професори и декани, а на нив никој не им праќа инспекции секоја втора недела, затоа што “елитата“ никогаш не се чепка како што и судиите никогаш не се чепкаат, политичарите никогаш не се чепкаат, но затоа секоја втора недела ќе се испраќа инспекција на некоја учителка со едвај присоберени 15 ученика што секоја година живее во паника дали ќе и ја укинат паралелката, затоа што нема деца ( посебно сега кога е УЧКА министер и постои буквално борба за секое училиште во Западна Македонија).

Кога само би имале деца, кога само би прошетале еден ден во училиште ќе видите какви се одвратни родители носи оваа земја, денес сите глумат Холивуд родители, па затоа не е ни чудно зошто имаме распад систем младина. Се поодвратни и поодвратни генерации деца одат, дрски, безобразни, без почитување, основна култура, но дел има и во тоа што секоја година наставните се кастрираат со закони дека не смеат ова да направат, тоа да направат, а ако го направат тоа може да летаат од работа.

Само споредете ги постарите генерации наставници со новите генерации наставници што излегуваат и се резултат на “модерното“ време. Одат со длабоки деколтеа на работа, мини, штикла, припиена гардероба и предаваат на момчиња од 13-14 години коишто се во тие години каде што и на тегла ајвар му се крева.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom