Властодршците против штрајкови и протести

Член од
26 септември 2012
Мислења
8.267
Поени од реакции
6.987
Јас сериозно веќе наставнициве не ги разбирам. Платен превоз, хранарина, редовна плата, шетање по она семинари и што уште? Да не работат нешто потешко од оние текстилцине кои се на машина цел ден и шијат за мочан минималец?
Па веќе преку глава. Нека се гонат у п**** м*****. Очигледно за овие веќе станува збор за ненаситни гомна. Ич не ме интересира дали ќе навредам некого.
plus site so vrski primeni,da gi pustis na pazar po domati ke ti donesat kompiri........
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Хммм... даскалите земат меѓу 20-23000 ден. плата, и истата во октомври ќе им се покачи за 5%.
Зачув дека протестот, т.е. штрајкот, ќе бил за екстерното. Не тврдам дека е тоа најточно, така сум чул.
Кога претходниот пат одеа даскалите да штрајкуваат во Скопје, во Струмица беа организирани од СДСМ. Тоа го тврдам најодговорно, бидејќи видов кои фаци беа пред автобусите со списоци во раце.
За овој најавен штрајк незнам што и како е работата.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Kaj nas uste ne e stignato do ovoj stepen, no se slucilo pripadnik na edna partija da izvadi transparent od opoziciskata partija so cel da go oboi partiski protestot. Covekot, normalno, bese sprecen od ostanatite.
Oвој вид на борба против штрајковите и протестите не сум го знаел
Значи полицијата уфрла провокатори кои ќе предизвикаат насилство, ќе кршат излози, предизвикуваат тепачки и слично.
Многу итро...
Во таква ситуација секој учесник на протестите станува „учесник во толпа “ и може кривично да биде гонет.
Многу итро и тешко да се одбраниме од вакви провокатори. Единствено треба да организираме или ангажираме за пари редари - обезбедување кои ќе спречат вакви провокатори.

Инаку она што го велиш за партиската обоеност...
Ти велиш: “no se slucilo pripadnik na edna partija da izvadi transparent od opoziciskata partija so cel da go oboi partiski protestot. Covekot, normalno, bese sprecen od ostanatite “
Јас мислам сосема поинаку.
Треба да се бара од опозицијата да го подржи штрајкот или протестот. А ако не го подржи треба да се протестира и против опозицијата
Ако го гледаше видеото од Аргентина. Таму снимкити ги направила Социјалистичката работничка партија и таа партија му помага на уапсениот да се одрбрани. А колку што знам во соседна, Грција ККЕ - Комунистичката партија на Грција редовно помага во протести и штрајкови. А ние се плашиме, да не не прогласат за опозиција. Божем да бидеш во опозиција е нешто лошо или валкано
Какво е твоето мислење, да се побара учество на опозицијата во штрајкот или протестот?
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Хммм... даскалите земат меѓу 20-23000 ден. плата, и истата во октомври ќе им се покачи за 5%.
Зачув дека протестот, т.е. штрајкот, ќе бил за екстерното. Не тврдам дека е тоа најточно, така сум чул.
Кога претходниот пат одеа даскалите да штрајкуваат во Скопје, во Струмица беа организирани од СДСМ. Тоа го тврдам најодговорно, бидејќи видов кои фаци беа пред автобусите со списоци во раце.
За овој најавен штрајк незнам што и како е работата.

Кај нас 99,9% од штрајковите се организирани во партиски штабови (без разлика од која партија). Реално критично мислење скоро и да нема. Дури и да почнат некој протести спонтано за ден два ќе се залепат партиски профитери. За жал како мала и исклучително партизирана држава ќе ни треба уште многу , многу време (ако тоа некогаш воопшто се случи) да дојдеме до степен штрајковите да бидат побудени од реални потреби.
Учителите се слика и прилика за партизираност и директна контрола од партиските штабови и тоа не го знае само тој што не сака да го знае. Така да секогаш кога ќе има некој промени во образованието секогаш истите луѓе ќе протестира и истите луѓе нема да протестират. А кога сме кај учителите барем тие треба да се фатат за работа и пред се лично надоградување затоа што за наши услови имат прекрасни плати и бенефиции дури многу подобро од оние што завршиле технички факултети а работат во приватниот сектор. Така да ако на кантар се стави нивното знаење и тоа што го добиват како парична надокнада за тоа сите до еден се преплатени а нивните човечки и стручни квалитети се доста често дискутабилни.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Кога претходниот пат одеа даскалите да штрајкуваат во Скопје, во Струмица беа организирани од СДСМ. Тоа го тврдам најодговорно, бидејќи видов кои фаци беа пред автобусите со списоци во раце.
За овој најавен штрајк незнам што и како е работата.
А што е лошо во тоа што СДСМ помагала при организирање на штрајкот?
Тие и треба да помагаат, а не да велат - Вие само протестирајте - а ние ќе дојдеме на власт
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
А што е лошо во тоа што СДСМ помагала при организирање на штрајкот?
Тие и треба да помагаат, а не да велат - Вие само протестирајте - а ние ќе дојдеме на власт
Затоа што синдикатот кој наводно треба да биде независен си го продал газот, и ќе кога ќе дојде СДСМ на власт ќе продолжат да пушат и нема да се бунат за ништо.
Синдикат не смее да биде сателит на политичка партија.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.315
Поени од реакции
15.549
Затоа што синдикатот кој наводно треба да биде независен си го продал газот, и ќе кога ќе дојде СДСМ на власт ќе продолжат да пушат и нема да се бунат за ништо.
Синдикат не смее да биде сателит на политичка партија.
Освен на оваа тема, си го изнел овој твој став и на некоја друга тема кај што се споменува синдикатот и неговата независност?
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.090
Поени од реакции
11.494
Синдикат не смее да биде сателит на политичка партија.
Токму така. А дали мислиш дека сегашниот Сојуз на Синдикати е сателит на одредена партија?
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Токму така. А дали мислиш дека сегашниот Сојуз на Синдикати е сателит на одредена партија?
На владејачката :)
Тие се секогаш со власта :)[DOUBLEPOST=1410104622][/DOUBLEPOST]
Освен на оваа тема, си го изнел овој твој став и на некоја друга тема кај што се споменува синдикатот и неговата независност?
Тоа е мојот став воопшто за синдикатите.
Тебе те погоди нешто или?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Затоа што синдикатот кој наводно треба да биде независен си го продал газот, и ќе кога ќе дојде СДСМ на власт ќе продолжат да пушат и нема да се бунат за ништо.
Синдикат не смее да биде сателит на политичка партија.
Ако дојдат на власт и прават исто - и против нив ќе се протестира. Овде се бара да помогнат на протестантите
Ако го гледапе видеото од Аргентина, таму штрајкот го помага Partido de los Trabajadores Socialistas
Се работи за мала партија
http://en.wikipedia.org/wiki/Socialist_Workers'_Party_(Argentina)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.259
Поени од реакции
26.107
Затоа што синдикатот кој наводно треба да биде независен си го продал газот, и ќе кога ќе дојде СДСМ на власт ќе продолжат да пушат и нема да се бунат за ништо.
Синдикат не смее да биде сателит на политичка партија.
Синдикатите доколку не се проституираат кај политичките партии стануваат тотално небитни. За да имаат масовност (или бар да направат слика за масовност) мора проституција.

Всушност, истиот Дојчин со СОНК така стана познат и признат синдикален лидер. Со поклони од ВМРО во периодот 2004-2006.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.884
Поени од реакции
25.157
Oвој вид на борба против штрајковите и протестите не сум го знаел
Значи полицијата уфрла провокатори кои ќе предизвикаат насилство, ќе кршат излози, предизвикуваат тепачки и слично.
Многу итро...
Во таква ситуација секој учесник на протестите станува „учесник во толпа “ и може кривично да биде гонет.
Многу итро и тешко да се одбраниме од вакви провокатори. Единствено треба да организираме или ангажираме за пари редари - обезбедување кои ќе спречат вакви провокатори.

Инаку она што го велиш за партиската обоеност...
Ти велиш: “no se slucilo pripadnik na edna partija da izvadi transparent od opoziciskata partija so cel da go oboi partiski protestot. Covekot, normalno, bese sprecen od ostanatite “
Јас мислам сосема поинаку.
Треба да се бара од опозицијата да го подржи штрајкот или протестот. А ако не го подржи треба да се протестира и против опозицијата
Ако го гледаше видеото од Аргентина. Таму снимкити ги направила Социјалистичката работничка партија и таа партија му помага на уапсениот да се одрбрани. А колку што знам во соседна, Грција ККЕ - Комунистичката партија на Грција редовно помага во протести и штрајкови. А ние се плашиме, да не не прогласат за опозиција. Божем да бидеш во опозиција е нешто лошо или валкано
Какво е твоето мислење, да се побара учество на опозицијата во штрајкот или протестот?
Мислам дека во ниеден случај не смее да се дозволи учество. Кога станува збор за побуна, ако и тогаш ни треба организатор и водич, тогаш ние не сме ни спремни за одговорноста која ја бараме. Да појаснам, не зборуваме за ист вид на протести, а и овие „молбениве“ ми станаа крајно бесмислени. :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Мислам дека во ниеден случај не смее да се дозволи учество. Кога станува збор за побуна, ако и тогаш ни треба организатор и водич, тогаш ние не сме ни спремни за одговорноста која ја бараме. Да појаснам, не зборуваме за ист вид на протести, а и овие „молбениве“ ми станаа крајно бесмислени. :)
Да...
Ама ако погледаш во други земји партиите организираат протести. Кај не сум слушнал да некоја партија организира протести за ова или она. Единствено прават протести со барање за предверемени избори по системот „ симни се курта да се качи мурта “
Кај грчиштава, ККЕ постојано организира протести:


http://inter.kke.gr/en/articles/KKE-The-labour-movement-and-the-issue-of-the-countrys-development/
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Во земја каде синдикатот и сојуз на стопанственици ги поздравуваат сите мерки на владата нема штрајк.
Впрочем најпопуларната изјава за 1 Мај дојде од синдикатот на Македонија : Немаме за што да протестираме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom