Владо Черноземски и атентатот во Марсеј

spas72

Oficial
Член од
13 мај 2008
Мислења
280
Поени од реакции
47

Владо Черноземски во Штипска чета.( вториа од лево на десно)



Владо Черноземски е роден 1897 година во семеjството на Димитар Керин и Риса Балтаджиева од чепинското село Каменица, денес квартал во Велинград. Заврша третокласно образование во родното село. Како млад има склонност кам алкохола, но по-к'сно става воздаржател и вегетарианец....






 
Член од
7 март 2011
Мислења
93
Поени од реакции
125
Владо загинал за слободна Македонија и не знам што има тука за филозофирање.

Ако прошетате низ Скопје ќе видите еден куп улици посветени на српски партизани кои исто загинале за Македонија. Најмалку е важна националноста на некој кој умрел за слободна Македонија.

Фотографии од Воениот музеј во Белград (октомври 2010г.):



Адмиралската униформа која ја носел кралот Александар за време на атентатот. На белата кошула се гледаат трагите од крв. Изложена е за првпат во јануари 2010 година.


Тетоважата на Черноземски на десната рака (му ја тетовирал штипскиот војвода Мирчко Кикиритков додека биле во затвор во 1922 година)
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Во јули 1959 година, тогашната Источна Германија ја објави брошурата "Операција Тевтонски меч". Очигледната намера беше да се компромитира тогашниот генерал на НАТО за Европа - Ханс Шпајдел со потегнување на прашањето за атентатот 20-тина години пред тоа. Во брошурата се дадени документи од Третиот Рајх за наводната улога на Шпајдел во атентатот на Кралот Александар Караѓорѓевиќ и Луи Барту.

Западот категорично ги отфрли обвинувањата.

Прашањето за историчарите е: дали докуменмтите во брошурата се автентични?

Од документите има писмо од Геринг до Шпајдел со барање за извршување на планот за атентат; одговор на Шпајдел дека го извшил планот, како и писмо од германскиот разузнувач во Франција Ханс Ерих Хаак до Шпајдел со податоците за движењето на францускиот врв.


 
Член од
2 декември 2010
Мислења
170
Поени од реакции
78
бил платен убица затоа и неговиот прекар е черноземски ЖРТВИТЕ ГИ ПРАКЈАЛ ВО ЦРНАТА ЗЕМЈА
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Во јули 1959 година, тогашната Источна Германија ја објави брошурата "Операција Тевтонски меч". Очигледната намера беше да се компромитира тогашниот генерал на НАТО за Европа - Ханс Шпајдел со потегнување на прашањето за атентатот пред 20-тина години. Во брошурата се дадени документи од Третиор Рајх за наводната улога на Шпајдел во атентатот на Кралот Александар Караѓорѓевиќ и Луи Барту.

Западот категорично ги отфрли обвинувањата.

Прашањето за историчарите е: дали докуменмтите во брошурата се автентични?

Од документите има писмо од Геринг до Шпајдел со барање за извршување на планот за атентат; одговор на Шпајдел дека го извшил планот, како и писмо од германскиот разузнувач во Франција Ханс Ерих Хаак до Шпајдел со податоците за францускиот врв.
Интересно...

Мислам дека сум ја прочитал оваа "врска" некаде и порано, само не ми текнува каде.

Ми се чини дека Источна Германија експресно произведе и филм според содржината на книгата со исто име "Операција Тевтонски Меч"

Би било добро да се пронајде книгата и да се видат "документите" и нивната веродостојност. Дали се факсимили, или само текст, итн.

Не знам дали е преведена и издадена на Англиски, оригиналниот наслов ми се чини е вака:

"Unternehmen Teutonenschwert, Die grosse Karriere eines kleinen Spions"

или на руски:

"Операција Тевтонскиј меч, большаја карьеры мелкого шпиона"

Како и да е, ми се чини дека некаква "врска" сепак постоела. Сега дали тоа било токму преку овој германски генерал или не и кои биле деталите не знам.
Дека атентатот е добро осмислен и спреман подолго време е повеќе од јасно.

Исто така е јасно дека идејата за него не е на ВМРО, а по се изгледа не е ни оригинално на хрватските усташи, туку е направен за нечии други потреби = Италијанско-Германски, а можеби и нечии други, и дека усташите и тогашното ВМРО беа само "оперативците на терен".

Исто така е повеќе од јасно и потврдено од повеќе места дека шоферот Владо требало само да се вмеша ако нешто загусти т.е. ако хрватските убијци не успеат, се спречени или убиени пред да го извршат делото, арно ама испаднало тие да се повлечат т.е. воопшто да не се ни обидат да го извршат атентатот по што на сцена настапува Владо.

"Германската Врска" може да оди и по линија на тоа што Ванче по наредба на неговите налогодавачи од бугарскиот двор и влада кога го распушти и разоружа ВМРО (делот што беше под негова контрола) пребега прво во Истамбул, Турција = местото што заедно со португалскиот Лисабон во Втората Светска Војна, заради неутралноста на Турција и Португалија беше едно од главните каде оперираа и се состануваа за секакви потреби скоро сите агенти и повисоки претставници на тајните служби на сите поголеми играчи во тоа време.

Во својата автобиографска книга Душко Попов (што се смета за човекот по чиј живот е создаден ликот на Џемс Бонд) го објаснува тоа од околу. Како на пример патешествијата на Вилхелм Канарис (главата на германскиот Абвер) во Истамбул, итн... Така да ништо не е исклучено.
 
Член од
7 март 2011
Мислења
93
Поени од реакции
125
Еве овде го има писмото:
http://www.promacedonia.org/ms/ms_7.html

За прекарот Черноземски (до dusan silni):
Владо е роден во Велинград, но според Уставот член на ВМРО можел да биде само оној кој е роден на територијата на Македонија. Затоа тој си измислил лажно потекло и тврдел дека е роден во штипското село Патрик, запалено и уништено за време на Втората балканска војна. По крајот на Првата светска војна кога е обновена ВМРО, Владо како комита навлегувал на територијата на Кралството СХС, па така еднаш кога престојувал со комитите во околината на Штип, од еден рид го погледнал разурнатото село и рекол ЕХ ЧЕРНА ЗЕМЈО... и така го завикале Владо Черноземски. Инаку прекарот дотогаш му бил Владо Шоферот.
 

Wolver1nE

Ај лав пуси
Член од
31 јануари 2008
Мислења
528
Поени од реакции
46
Владо бил бугарин, исто така убиец кој убивал како ќе му се речело од горе, искрено јас не верувам дека воопшто работел за било какви идеали на Македонија или нејзино ослободување туку работел како слободен терорист и убиец по нарачка. ВМРО е многу контроверзно поради поделеноста, а и убиството на кралот Александар скоро и да нема поврзаност со Македонија.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
60
Поени од реакции
20
Едноставно, Владо Черноземски е ликвидираал еден крвав тиранин и б'лгаромразец каков е бил српскиот крал Александар. Тој е еден од легендарните личности во историјата на ВМРО.
 
Член од
9 ноември 2011
Мислења
73
Поени од реакции
25
А шо го ликвидирал Димо Хаџи Димов и уште голем број македонци тоа нема врска? Тоа што италијанците и германците го плаќаа Петер Келеман(кај Черноземски е пронајден пасош на име на овој човек кога е убиен) и истиот ги обучуваше усташите кои подоцна ќе се покажат како достојни ученици на истиот господин тоа не е важно а?
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
На денешен ден се навршуваат 78 години од атентатот во Марсеј.

Еве еден интересен и доста детален документарно-игран филм направен од Унгарците. Во него има интервјуа со индиректните сведоци на случувањето како и луѓе што директно учествувале во истрагата.

Според квалитетот и препознатливиот начин на изработка ова треба да е доста стар филм. На староста упатува и стариот југословенски
превод т.е. вид на subtitles.





Памети ли некој дека го гледал ова на ТВ додека сеуште постоеше СФРЈ?


.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Прочепкав малку и испаѓа дека доку-драмава сепак не била толку стара како што мислев.
По се изгледа дека е од 1984 г.

Има доста сајтови за интернационални филмови на коишто може да се најде кратко инфо за ова, ама по се изгледа повеќето се само препишани од краткава рецензија што излегла во The New York Times.

http://movies.nytimes.com/movie/158102/Kiralygyilkossag-Egy-Merenylet-Anatomiaja/overview

кадешто е погрешно дадена датата на атентатот, напишале дека се случил на 10, а всушност било на 9 октомври 1934 г.

http://www.artistdirect.com/nad/store/movies/reviews/0,,1886768,00.html

http://www.moviefone.com/movie/kiralygyilkossag---egy-merenylet-anatomiaja/1115593/synopsis

Еве и Србиве на нивната вики имаат нешто околу филмов

http://sr.wikipedia.org/wiki/Убиство_краља_—_анатомија_једног_убиства


На сајтот на британскиот филмски институт стои дека година на производство е 1983, а и датата на атентатот е точна

http://explore.bfi.org.uk/4ce2b734a8e0b
 

Kajgana Shop

На врв Bottom