ВМРО
Loved By Few, Hated By Many, Respected By All
- Член од
- 12 септември 2005
- Мислења
- 1.863
- Поени од реакции
- 25
Денес, на 16.10.2005 година по повод 71 годишнината од атентатот над српскиот крал Александар Караџорџевиќ, се подигна спомен плоча во чест на атентаторот, Величко Димитров Керин(Владо Черноземски). Плочата беше подигната во Велинград, Р. Бугарија, родното место на Владо Черноземски. Иако бугарин по националност тој направи голем подвиг во име на Македонија. Светот го куртули од персонификацијата на една од најбруталните диктатури на своето време - српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Исполнувајќи ја пресудата на ВМРО, Владо Черноземски беше свесен дека не може да ја избегне сигурната смрт. Но, сепак се реши, збогувајќи се со сопствениот живот, храбро в очи да ја погледне сопствената цел и да ги оствари не само пресудата на ВМРО, туку и низ неа изразените солзи и копнежи за слобода и пристоен живот на сите обесправени и репресирани поданици на големосрпската хегемонистичка конструкција - Кралството СХС.