Владо Черноземски и атентатот во Марсеј

Член од
29 септември 2013
Мислења
601
Поени од реакции
487
ЕКСКЛУЗИВНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АТЕНТАТОТ НА АЛЕКСАНДАР ПРВИ KАРАЃОРЃЕВИЌ ВО МАРСЕЈ:

ХИТЛЕР ГО ДОГОВОРИЛ УБИСТВОТО НА КРАЛОТ СО ВАНЧО МИХАЈЛОВ?!



Блаже Миневски

По ручекот во домот на бугарскиот митрополит Андреј Велички во Истанбул на 9 октомври 1934 година, Ванчо Михајлов и митрополитот излегле на терасата за да го испијат попладневното кафе. Во еден момент, како што запишал во своите спомени Велички, Михајлов погледнал во часовникот и рекол: „Во овој момент ќе се случи нешто многу значајно за човештвото! Започна броењето на годините. Се начнува календарот на... Втората светска војна!“ Веднаш потоа Михајлов објаснил дека бил организиран атентат врз Александар Први Kараѓорѓевиќ и дека во тој момент српскиот, односно југословенскиот крал веќе е убиен во францускиот град Марсеј. Kако Ванчо знаел точно до минута што се случува во Марсеј?

Југословенскиот параброд „Дубровник“ впловил во пристаништето во Марсеј околу 15 часот и четириесет минути, а во 16 часот и 20 минути поворката автомобили со кралот Александар Први Kараѓорѓевиќ веќе се движела кон префектурата кога од толпата луѓе истрчал Владо Черноземски, го фрлил букетот во кој бил скриен револверот и викајќи на француски „Да живее кралот“, поминал низ кордонот полицајци, скокнал на бочната скала на автомобилот истрелувајќи повеќе истрели во насока на кралот, министерот Барту и генералот Жорж, кој седел на помошното седиште до возачот. Полковникот Пиоле бил најблиску до случувањето, го свртел коњот и со сабјата двапати го удрил Черноземски, кој, паѓајќи на улицата додека луѓето од кордонот пукале во него, с` уште стрелал кон автомобилот и обезбедувањето. Само половина час подоцна кралот Александар Први Kараѓорѓевиќ умира во зградата на марсејската префектура, а поради неадекватната прва помош, губејќи многу крв, околу 17.30 часот умира и министерот Барту. Вака во куси црти се опишува настанот што тој 9 октомври 1934 година, значи пред осумдесет години, ги потресе Европа и светот. Се разбира, за крвавиот настан веднаш биле обвинети хрватските усташи и македонските терористи, што било мошне добро алиби за вистинските организатори на атентатот.

Според документи од архивата на Хитлер, откриена триесеттина години подоцна, атентатот на кралот Александар бил заведен како операција „Тевтонски меч“, а главен координатор на акцијата бил германскиот генерал д-р Ханс Шпајдел, кој, по кариерата во служба на Хитлер, пред крајот на војната решава да соработува со сојузничките сили, а во 1957 година станува и врховен командант на копнените сили на НАТО за Средна Европа!? Во 1957 година, токму кога ексклузивните документи поврзани со атентатот во Марсеј се појавуваат пред јавноста, генерал Шпајдел само што бил назначен за главен командант на копнените сили на НАТО за Средна Европа и тој, се разбира, документите веднаш ги отфрлил како фалсификат негирајќи ја својата поврзаност со атентатот. А документите се неумоливи сведоци за настанот што можеби сакал да го заборави. Станува збор за едно писмо на Геринг од 1 септември 1934 година упатено до Шпајдел, кој во тоа време бил помошник на германскиот воен аташе во Париз. Во писмото до тогашниот капетан д-р Ханс Шпајдел се потсетува на двете одлуки на Хитлер во врска со операцијата „Тевтонски меч“, но се даваат и инструкции за нејзино извршување. Вториот документ е писмо-одговор на Ханс Шпајдел од 3 октомври 1934 година,во кое тој му рапортира на Геринг дека сите подготовки за операцијата се завршени. Третиот документ е прилог кон писмото на Шпајдел, односно копија од извештајот на германскиот шпион Г. Е. Хаак,со точен опис на рутата на кралот Александар Први Kараѓорѓевиќ по пристигнувањето во Марсеј, заедно со спецификацијата на мерките за неговото обезбедување.

Две одлуки на фирерот!

Првиот документ, писмото на Геринг, кој во тоа време е рајхсминистер за германското воздухопловство, секако е со најголема политичка тежина, меѓу другото, и затоа што се спомнуваат две одлуки на Хитлер за извршување на атентатот во Марсеј. Овој документ, односно строго доверливо писмо од 1 септември 1934 година, е напишано на официјален меморандум и заведено под број 3139/34, со назнака „тајно“. Еве ја содржината на писмото:

„За помошникот на воениот аташе при германската амбасада во Париз, господин капетан д-р Шпајдел, лично. Париз. Во прилог Ви праќам две одлуки на фирерот и рајхсканцеларот за операцијата „Тевтонски меч“, како и насоки за нивно извршување, кои ги изработи службата за истражување на моето министерство. Одлуките веднаш по читањето да се уништат“. Писмото е потпишано од Геринг. Станува збор за писмен налог на Геринг до Шпајдел за организација на марсејскиот атентат. Kако што може да се види од документот, Геринг се повикува на две одлуки на Хитлер за реализирање на атентатот. Писмото стигнало во Париз и било заведено во архивата на канцеларијата на воениот аташе на германската амбасада под бројот 3142/34, со ознака „тајно“. Веднаш под текстот од писмото на Геринг со ракопис е напишана датата кога е одговорено на овој налог, односно 3 октомври 1934 година, што значи дека бил потребен цел еден месец за да се проверат и организираат сите детали, а потоа да се прати известување до Геринг.

Писмото-одговор на барањето на Геринг е втор многу важен документ за дефинитивно потврдување на сознанијата дека во целата акција уште од самиот почеток бил вклучен и Ванчо Михајлов. Во документот Шпајдел му рапортира на Геринг, односно Хитлер, дека подготовките за „Тевтонски меч“ се завршени и дека „Владо шоферот“ е подготвен за предизвикот. Во писмото напишано на служен меморандум на докторот по филозофија Ханс Шпајдел, генералштабен капетан, помошник на воениот аташе при германската амбасада во Париз, пишува: „По курир за расхсминистерството за воздухопловство на рака на господинот рајхсминистер за воздухопловство Геринг. Лично. Господине генерале! Дозволете ми да Ве известам дека сходно на вашите упатства подготовките за операцијата „Тевтонски меч“ се завршени. Јас со господинот Ванчо Михајлов темелно ги разгледав сите можности. Заклучивме операцијата да ја извршиме во Марсеј: таму ќе се сретнат двете личности за кои се работи. „Владо шоферот“ е подготвен. Во прилог Ви праќам копија од писмото на д-р Хаак од 1 октомври оваа година. Со почитување, Ваш секогаш верен Ханс Шпајдел“. Под текстот има и негов потпис.

Во овој документ, односно писмо до Геринг, не само што со име и презиме се спомнува Ванчо Михајлов туку Шпајдел известува дека со него темелно ги разгледал сите можности и заклучиле операцијата да се изврши во Марсеј. Се поставува прашањето каде би можела да биде одржана средбата на Шпајдел со Ванчо Михајлов. Бидејќи Ванчо Михајлов во тоа време е протеран од Бугарија и се наоѓа во Истанбул, средбата на која темелно се разгледани сите можности, најверојатно, се случила во градот на Босфорот. Благодарение на тоа што заеднички заклучиле операцијата да биде извршена во Марсеј, Ванчо Михајлов во детали го знаел планот, па дури и времето кога ќе биде извршен атентатот. Затоа и можел да му каже на митрополитот Андреј Владички дека е испланиран атентат врз југословенскиот крал Александар Kараѓорѓевиќ и дека во тој момент кралот веќе е убиен во францускиот град Марсеј. Водачот на распуштената ВМРО понатаму дообјаснил дека зад атентатот стоела не само ВМРО туку и Германија и некои други земји, што не ги посочил. Следното утро митрополитот Велички побрзал да ги купи сите можни весници што ги имало во Истанбул. Во сите на насловните страници можело да се види и да се прочита сето она што претходниот ден Ванчо Михајлов му го кажал во врска настанот што се случил во Франција. Значи, Ванчо Михајлов признал дека зад атентатот стоела Германија, а со тоа индиректно и дека имал состанок со Шпајдел. Притоа Шпајдел, најверојатно, го запознал со целиот план на операцијата, изготвен врз основа на извештајот на германскиот таен агент Хаак.

Прецизен опис на рутата на кралот по пристигнувањето во Марсеј!

Во писмото на германскиот таен агент Г. Е Хаак, испратено до Шпајдел на 1 октомври 1934 година, значи само осум дена пред атентатот, кое тој на 3 октомври му го испраќа на Геринг, односно Хитлер, се соопштуваат следниве детали: „Официјалната церемонија во врска со државната посета ќе се одржи во Париз. На дочекот во Марсеј патуваат Барту и генерал Жорж. Врз основа на декретот, кој на 21 мај 1932 година го потпиша претседателот Лебрин, за редот и безбедноста во Марсеј се задолжени Сурете Натионале, односно генералниот контролор Систерон. Александар ќе го напушти бродот во Марсеј. По завршувањето на првите протоколарни точки, Александар и неговите домаќини Барту и Жорж ќе се возат во отворен автомобил од Виеуџ Порт, односно старото пристаниште до префектурата. За време на возењето низ градот автомобилот ќе поминува низ главните улици во Марсеј, Ла Цанебиере и Руе Сент Фереол. Пред префектурата ќе се одржи свечена церемонија каде што Александар свечено ќе го поздрави насобраниот народ. Масата ќе го блокира плоштадот пред префектурата и улицата Сент Фереол. Патот планиран за свечената поворка е поделен на отсеци во кои за одржување на редот и безбедноста ќе бидат задолжени околу 1.300 луѓе од редовната полиција. За време на бавното движење на свечената поворка, обезбедувањето на оној дел од трасата, кој ќе остане назад, ќе се префрлува напред за да се појача обезбедувањето во следните делови од трасата. Војската нема да биде употребена за одржување на редот. Планираното обезбедување со моторизирани лица, според зборовите на Де Лафорсад, ќе биде откажано. За тоа дополнително ќе Ве известам. Секогаш Ваш, Хаак. “

По овие подготовки и по средбата со Ванчо Михајлов, Шпајдел можел да им јави на Геринг и на Хитлер дека операцијата „Тевтонски меч“ дефинитивно ќе се реализира во Марсеј. И навистина, шест дена по неговото писмо, Марсеј станува сцена на детаљно испланиран атентат, во кој како жртви паѓаат југословенскиот крал Александар и министерот за надворешни работи на Франција, Барту, двајцата етикетирани како опасни противници на фашистичката политика на Германија.

Според рускиот академик В.K.Волков, кој по заминувањето на Шпајдел од високата функција во НАТО, во својата монографија за германско-јусловенските односи, меѓу другото, пишува и за операцијата „Тевтонски меч“, постојат пополно логични причини за мотивите на Хитлер, Химлер и Геринг да се ослободат од Барту и од кралот Александар. Според него, затегнатоста на односите на Југославија и Италија претставувале пречка на француско-италијанското приближување, па француската дипломатија вложувала значителен труд да ги подобри тие односи. Од друга страна, натамошното заострување на односите на Италија и Југославија можело да се одрази на влошување на односите на Италија и Франција. Ваквата условеност на односите на овие три земји не била никаква тајна за Хитлер. Тој знаел дека Југославија се сомнева дека Италија подготвува атентат на кралот Александар користејќи ги за тоа усташите. Дотогаш веќе биле направени повеќе вакви обиди. Со организирање и извршување атентат врз Александар и врз министерот Барту на француска територија би се направила голема услуга на Германија и работите би тргнале во нејзина корист. Дека ваквата позиција била добро пресметана и дека имала далекосежни последици за развојот на нацистичката концепција за Европа, зборува и тоа што иницијатори на операцијата „Тевтонски меч“ биле највисоките нацистички личности - Хитлер, Химлер и Геринг. Се разбира, сето тоа морало да биде извршено така што Германија воопшто да не биде ставена под сомнеж, односно за атентатот директно да бидат обвинети оние што веќе биле прогласени за крвни непријатели на кралот - усташите и вмровците. Притоа, за Хитлер и за Германија било многу важно да биде убиен и министерот Барту. Според информациите што ги имале во Берлин, министерот Барту, по спогодбата што би се потпишала со кралот Александар, веднаш требало да замине во Италија каде што со Мусолини би се средиле југословенско-италијанските недоразбирања и би се создаде услови за приклучување на Италија во оската против Хитлер. Знаејќи го тоа, Хитлер по секоја цена сакал да го оневозможи Барту во таквата мисија. Освен трите документи, кои се, всушност, директни траги што водат во Рајхстагот, сигурен доказ е и пиштолот „маузер“, калибар 7,63, со кој Владо Черноземски го извршил атентатот. Овој пиштол се произведувал во Оберндорф, а тој во тоа време бил најнов модел, кој с` уште официјално не бил излезен од фабриката! До овој нов модел оружје имале пристап само Хитлер, Химлер и Геринг. И уште нешто: Геринг, главниот координатор на атентатот, дента пред да замине на погреб на Барту во Париз дава изјава на англискиот новинар лорд Принс изјавувајќи дека многу жалиме поради ужасниот злочин кој толку трагично го прекина животот на господин Барту. Сепак, не можеме, а да не се надеваме дека неговата политика во однос на Германија ќе замине со неговото заминување.
Според полициските соопштенија објавени во весниците, атентаторот умира во една од канцелариите на француската служба за безбедност во Марсеј каде што бил префрлен по ранувањето. При прегледот на личните работи на атентаторот, полицијата во неговите алишта пронашла чехословачки пасош на име Петер Kелеман, како и револвери од марката „маузер“ и „валтер“ и бомба. На неговата десна рака можело да се види тетоважа со ВМРО, череп, вкрстени коски и паролата „Слобода или смрт“. Черноземски бил погребан на 12 октомври, три дена по атентатот, на гробиштата во Марсеј, а неговиот гроб не бил одбележан. При обдукцијата бил пронајден куршум за кој се сметало дека веројатно бил истрелан од неговиот соучесник од усташкото движење, Мијо Kраљ. Тоа било договорено пред извршувањето на атентатот за да не проговори нешто во врска со неговото планирање во случај да биде фатен од страна на француските власти. Смртта кај атентаторот настанала од тој куршум.

Според полицијата, атентаторот немал можност и време да ја голтне отровната ампула што ја имал во палтото. Соучесниците во атентатот, Хрватите Мијо Kраљ, Иван Раиќ и Звонимир Поспишил, биле осудени на доживотен затвор, а Анте Павелиќ, таканаречениот организатор на атентатот, според францускиот суд, се разбира, добил смртна пресуда во отсуство. Поспишил умира во францускиот затвор во 1938 година. Другите двајца, по капитулацијата на Франција, биле ослободени од францускиот затвор од Германците. Во 1941 година Раиќ е најден мртов, односно отруен во својата куќа во Загреб, а Мијо Kраљ е ликвидиран од партизаните некаде во Босна.

ВАНЧО МИХАЈЛОВ: ВЛАДО САМО ЈА ИЗВРШИ ПРЕСУДАТА ШТО ЈА ИЗРЕКОА МНОГУ ЛУЃЕ!

Ванчо Михајлов во своето последно интервју дадено на 1 октомври 1989 година, меѓу другото, посведочува: „мојата мајка, која тогаш живееше во Србија, го молеше мојот брат двапати да ја води во белградскиот музеј во кој бил изложен пиштолот со кој бил убиен кралот: ’Благословена да му е раката’, рекла кога го видела пиштолот. Овој благослов очигледно се однесувал на човекот што ја изврши смртната пресуда над тиранинот Александар. Благословот беше даден во име на многу вдовици и сирачиња. Повод и причина за убиството беа многуте злодела на кралот и неговата власт. Личните убедувања на човекот што го уби Александар беа, тоа е јасно, и убeдувањa на целата ВМРО. Делото на Владо Черноземски не може да се нарече убиство. Владо само ја изврши пресудата што ја изрекоа многу луѓе, многу граѓани, меѓу кои и Срби“.

KОЈ Е ГЕНЕРАЛ Д-Р ХАНС ШПАЈДЕЛ?

Генералот Ханс Шпајдел е роден 1897 година. Kако матурант за време на Првата светска војна бил доброволец, а подоцна, од 1921 година, кога веќе е офицер на Рајсхверот, паралелно успева да заврши студии по економија и историја. Промовиран е за доктор по филозофија во 1925 година, а подоцна, во периодот од 1933 до 1935 година, бил назначен за помошник на германскиот воен аташе во Париз.

Сепак, неговата воена кариера на високи раководни места започнува во 1940 година кога е поставен за началник на штабот на воениот командант на Париз под германска окупација, се разбира, а веќе следната година е унапреден во чин полковник. Во 1942 година веќе е началник на Генералштабот на Петтиот армиски корпус на Источниот фронт. Во 1943 година е унапреден во генерал-мајор, а следната година станува началник на Генералштабот на Армиската група Б, прв соработник на фелдмаршалот Ромел. Само неколку месеци подоцна соработува со заверениците против Хитлер врбувајќи го за тоа дури и Ромел. Веднаш потоа, значи истата 1944 година, бил уапсен и потоа до крајот на војната останал во затвор од каде што е ослободен од Французите.

По војната, во 1950 година, генерал Шпајдел е воен советник на Аденауер, а од 1954 до 1955 година е претставник на Сојузна Република Германија во разговорите за нејзино пристапување во НАТО. Во 1955 година е унапреден во генерал-лајтнант на Бундесверот, а од 1957 до 1963 година е главен командант на копнените сили на НАТО за Средна Европа со седиште во Фонтебло, Франција. Поради непомирливите политички несогласувања со генерал Шарл де Гол, во септември 1963 година е тргнат од таа позиција, а веќе следната година заминува во пензија станувајќи претседател на Фондацијата за наука и политика. Во 1977 година ги објавува своите мемоари под наслов „Од нашето време“. Умира во 1984 година, значи точно 50 години по атентатот на Александар Први Kараѓорѓевиќ во Марсеј.

извор:
http://www.dnevnik.mk/?ItemID=70489D0A6FAF21439D87025FB811FD1B
 
Член од
5 октомври 2011
Мислења
155
Поени од реакции
233
Францускиот амбасадор и Каракачанов во спор за Владо Черноземски

10 октомври 2014

писмото тука

Францускиот амбасадор Ксавиер Лапер де Кабала критикува ВМРО заради сеќавање за "терористот" Владо Черноземски. Красимир Каракачанов му препорача да чита историја
Амбасадорот напишал писмо на лидерот на ВМРО, во кое објаснува дека случајно налетал на сеќавање на партијата за Величко Димитров Кери, (Владо Черноземски (1897-1934) на страната за жалост објави во весникот. "Труд" вчера.

Амбасадорот коментира дека во потсетиме се забележува "херојската" смрт "на еден бугарски терорист", починал пред осумдесет години.

Де Кабала коментира дека кратката биографија во сеќавање го претставува праведно како деец на ВМРО и сторител на нападот од 9 октомври 1934 година во Марсеј против југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, при што загинуваат и атентаторот, и неговата жртва.

"Веројатно знаете дека овој напад и последователната пукање доведуваат и до смртта на францускиот министер за надворешни работи во тоа време Луј Барту, како и на многу други лица, чија единствена вина била дека се качил да присуствуваат на преминувањето на кралскиот Конвојот по улиците на градот. Освен загинатите, петнадесетина други лица се повредени ", потсетува дипломатот.

Тој забележува дека во сеќавање на ВМРО сепак не се споменува ништо за последиците во Франција од терористичкиот напад на тогашната ВМРО.

"Љубопитен сум да дознаам каква е денешната позиција на Вашата партија за ова прашање", пишува амбасадорот на Каракачанов.

Де Кабала прецизира дека не сака ниту да осудува, ниту да героизира минатото.

Тој ги повика, веќе "обединети и солидарни" во рамките на ЕУ, да погледнат чесно и од далечина на најтешките моменти во нивната заедничка историја.

"Ако секој од нас води дијалог сам со своите фантоми, ќе бидеме осудени одново да преживееме истите ќор-сокак и истите трагедии. Ве молиме прифатите, Господине, моите најдобри чувства", завршува писмото на амбасадорот.

"Советувам г-дин францускиот амбасадор да прочита полициските протоколи од атентатот во Марсеј и ќе види дека Луј Барту починал не од куршумите на Черноземски, а од промискуитетна пукање на локалната полиција. На Барту не е укажана медицинска помош на самото место и тргнува кон болницата сам и умира од кр'возагуба, бидејќи има хемофилија. Сите повредени и убиени во Марсеј, освен југословенскиот крал, загинале поради пукањето на француската полиција ", коментира пред OffNews Каракачанов и додава дека ова е историска белешка за прашањето.

Според неговите зборови, уште поважно е зошто Черноземски избира да изврши овој чин и зошто оди во Марсеј и убива југословенскиот крал.

Каракачанов препорача на францускиот амбасадор да прочита книгата на францускиот автор Анри Пози "Војната се враќа". Таму совршено било опишано што претставува режимот на кралот Александар I - "еден деспотски режим, кој ги отстранува сите оние кои не се согласуваат со него".

"Има дел во оваа книга за Бугарите во Македонија во тоа време. Кои се злосторствата на кои се подложени. Тогаш на бугарското население во Македонија не му беше дозволено да се нарече бугарско. Злосторствата на кралот Александар почнуваат уште во 1913 година, кога дури и Иван Вазов опишал влегувањето на тогаш уште кнезот Александар во Скопје во поемата "Па шта си ти", додава лидерот на ВМРО.

Тој вели дека францускиот амбасадор има што да научи од многу француски автори, кои опишуваат злосторствата и режимот на кралот Александар I Караѓорѓевиќ.
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
743
Филм за настаните по убиството на Кралот Владо Черноземски
според песната тројца македонци коцка шо фрлаја кој да го изврши атентатот,ги судеа после тоа ама изгледа биле хрвати Звонимир Поспишил Иван Рајиќ кој заедно се обучавале во логори на усташите во Италија и Маџарска


Инаку за Владо Черноземски бил затвор поради убиство 1930
Наум Томалевски Лоенгрин од Крушево куќата негова е денешен музеј на илинденското востание Крушево истакнат ревулционер деец и градоначалник кој бидејќе застанал на страната на Протоѓеристите бил убиен од Владово акцијата загинале тројца телохранителот плус Манев од кај черноземски
,Инаку синот на Томалевски бил истакнат архитект во Бугарија кој ко проектирал Министерството за внатрешни работи и Денешната зграда на бугарската социјалистичка партија

Чудна работа е што брат му исто така истакнат писател не е многу познат кај нас а биле од Крушево Македонци
 

Attachments

Kajgana Shop

На врв Bottom