А добро што сте се фатиле за тој интернет и граѓаните што сурфале со бесплатниот диал-уп. Капацитетот е само 500 конекции, така што ни од далеку нема да бидат покриени реалните потреби. Ова му доаѓа како една чешма со вода да очекуваме да напојува град. Мислам дека интернет провајдерите ќе си продолжат со работа најнормално, како и интернет кафеата, кој тоа ќе премине на сурфер сурфер или како веќе беше логинот на Телеком, а трае еден месец, после се по старо.
Во моментов имаме три бесплатни работи : интернет - 1 месец, папаниколау тест за жени на клинички центар се врши - мислам нема рок и бесплатен систематски преглед што се состои од пар рутински лекарски прегледи кај матичните лекари.
Позитивно е што СДСМ не го правеа ова, поточно абер немаа од вакви кампањи, кои што барем делуваат некако оптимистички. Но некако многу површински ми личи барем мене (јас нити сум , нити имам потреба да сакам некоја партија или личност или да правам лице некому и за нешто, се обидувам да ценам само добри и лоши активности во корист на мојата држава и да следам како е кај државите во развој).
Btw оние 100,000 компјутери сепак ќе ни ги испорача Кина, btw македонскиот посредник е Fonko . Сепак драги сограѓани ќе се сложите дека секој од вас чул барем за три македонски фирми кои се занимаваат токму со хардвер и оперативни системи и кои се бескрајно далеку пред Фонко во тој бизнис. А и така и така го чувме министерот за информатика како јавно кажа дека незнаел на пример во Куманово колу училишта воопшто имало, а пак министерот за образование исто така јавно изјави дека немал поим за точна бројка на училишта, а од нив колку се исправни за инсталација, а колку неисправни тоа вероватно освен самите јадници кои работат таму и децата што учат никој не го знае. Толку за прецизната организација и координација.
Вакво арчење на 24,000,000.00 ЕУР ми е многу недомаќинско. Да сме држава ќе ги задржевме парите дома и можеа да се вложат во приватниот сектор, каде што се најпотребни. Од нив цицаат 120,000 службеници, а вероватно и ќе продолжат така.
Поентата ми е ќе се направат пар кампањи за да се каже еве нови работи драги граѓани кои досега ги немаше , а од друга страна 24М што кутриот Никола Поповски - Скржавиот ги штедеше неколу години - брада.
