Заев спротивно на Изборниот законик на дневен ред на владата ставил точка за гласање без расправа – Доделување на финансиска поддршка на 159 компании, на само 4 дена пред одржување на локалните избори.
Со ова се крши член 8а од Изборниот законик, чиј што ст. 1 и 2 најстрого забрануваат исплаќање на буџетски средства во тек на кампања.
Чл. 8-а ст.1 т.3 вели: „Не може да се вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош или други исплати и материјални надоместоци од буџетски средства или од средства на јавните фондови кои не се редовни месечни исплати односно сите едногодишни трансфери и исплати или еднократни трансфери од буџетски средства или од средства на јавни фондови ниту да се отуѓува државен капитал ниту да се потпишуваат колективни договори“.
Ало, антикорупциска !!! нешто молчите последно време...