Влада на Македонија

Член од
15 декември 2020
Мислења
93
Поени од реакции
385
Заев на отворањето на новиот офис на бугарската компанија Скалефокус во Скопје..
 
Член од
22 април 2021
Мислења
131
Поени од реакции
458
Бугарското електронско разузнавање отвора канцеларија во Скопје.

Скејлфокус е фирмата која го изработи веб-сајтот за самопопишување на македонската дијаспора.
Преку backdoors овој сајт испраќа податоци до бугарската фирма, со што нелегално се споделуваат сите сензитивни податоци за самопопишаните, вклучувајќи ја тука и нивната национална припадност.

Заев на отворањето на новиот офис на бугарската компанија Скалефокус во Скопје..
 
Член од
6 април 2007
Мислења
1.095
Поени од реакции
443
Бугаро-македонската соработка под хитно мора да се прошири на повеќе полиња каде се гледа добра перспектива за развоj. Тоа подразбира на источниот сосед да му се овозможи да jа поддржува РСМ преку влез во банкарскиот, градежниот, енергетскиот и медиумски сектор. Додека не се крене рампата пред бугарските инвеститори за жал ќе има сомнежи за двоен аршин што како резултат има само дополнително да го комплицира спорот.
 
Последно уредено:
M

Macedon1um

Гостин

Koja rampa be slepec, ima dosta BG kompanii koi bez nikakov problem si rabotat vo Makedonija. Dosta izmisluvate nekakvi si nepostoecki precki, rampi itn kako shizofrenicari se odnesuvate.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.237
Поени од реакции
35.866
Бугаро-македонската соработка под хитно мора да се прошири на повеќе полиња каде се гледа добра перспектива за развоj. Тоа подразбира на источниот сосед да му се овозможи да jа поддржува РСМ преку влез во банкарскиот, градежниот, енергетскиот и медиумски сектор. Додека не се крене рампата пред бугарските инвеститори за жал ќе има сомнежи за двоен аршин што како резултат има само дополнително да го комплицира спорот.
И под хитно Македонците да ги признаат зачнатите деца за време на летните одмори родени од бугарските мајки.
Сигурно имаме осеменето десетина илјади Бугарки.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.623
Поени од реакции
5.148
Да имало вистински лидер од постарата гарда, народот ќе го препознаел. Истите такви ликови не само што не направиле ништо освен лична корист, туку и до ден денес ја замајуваат јавноста со нереални патриотски приказни, де за античка Македонија, па Македонија обединета, па овие биле вакви и такви а реалноста ја гледаме сите ние. И така неколку пати ја залажале младината а од друга страна под тој патриотизам си имаат лична корист, не дека и кај останатите не е така но сепак не се дојдени до степен да изчезнат како народ. Уште пак најчесто знаат да ја обвинат младината, не само вакви ликови туку и општо постарите, као да некој на 20 години е крив за неговите постапки а не генерациите од 45, 50 години. Има ок младина низ државата која е оставена сама на себе и е од вакви лажена со глупости, со вистински идеали, учење и заедничка сила истото би се сменило ама во Македонија ако кажеш една паметна мисла ќе те нападнат пет души, кој од злоба што не е он паметен, кој од завист што не може он така да зборува, кој од љубомора шо ете имаш муда да зборуваш, друг па ќе ти бара некоја маана од сто добри работи за да рече не го бива овој и тоа е.
Автоматски споено мислење:

ЕУ го разочарала, исто као да заклучиш дека фашистичка Германија разочарала. Нема за што да изиграваме Северна Кореа, за држава се гине, подобро да не снема и геноцид да ни направат, сите у логор да не бутнеа него вака да завршиме као сега.
ЕУ со оглед на тоа што го пропагираат низ цел Свет не само во Европа, и она што го подржуваат/одмолчуваат сега со бугариве и за разочарување е.
Мислам Ок е, има полно изјави од релевантни лица од ЕУ кои даваат јавна подршка на Мк и го осудуваат ова од бугарија, ама мора поконкретно нешто да превземат како санкции, рестрикции за ЕУ фондовите и сл. ако сакаат да изгледаат сериозно пред Светот, пред младите генерации и пред историјата која ја пишуваат, и мн мн вероватно од која цела ЕУ еден ден ќе се срами.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.623
Поени од реакции
5.148
Па уште кога ќе прочитам од овие ЕУ политичариве, нејќеле многу да притискаат пошто било тоа за Бугарија "емоционално прашање", па и за хитлер беше емоционално прашањето за евреите. Уште со тие стари емоции изгледа функционираат во Европа.
Ама ете дупиња од политичари сето кај нас, ахх како би отишол емоционално до Кина и еден стратешки воено економски договор би потпишал... ви ибам тоа фашистите европски
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.932
Поени од реакции
7.884
Па уште кога ќе прочитам од овие ЕУ политичариве, нејќеле многу да притискаат пошто било тоа за Бугарија "емоционално прашање", па и за хитлер беше емоционално прашањето за евреите. Уште со тие стари емоции изгледа функционираат во Европа.
Ама ете дупиња од политичари сето кај нас, ахх како би отишол емоционално до Кина и еден стратешки воено економски договор би потпишал... ви ибам тоа фашистите европски
Зошто си лут на Еу политичариве, тие само ја исполнуваат желбата на граѓаните на Северна Македонија. Тие мислат дека граѓаните на Северна Македонија се ок со барањата на Бугарија. Им кажал некој дека не е така ?
 
Член од
15 декември 2020
Мислења
93
Поени од реакции
385
Силва: Македонскиот јазик е јазик дефиниран согласно Уставот на Северна Македонија и е кодифициран во 1945 година.
....

-Сметаме дека предлогот што го поднесовме и кој беше прифатен од Северна Македонија и мислам дека Бугарија може во блиска иднина да го прифати исто така, е многу јасен, зборуваме за македонски јазик и предлагаме дека со унилатерална декларација поддржана од декларација на Советот на ЕУ секоја земја ја дефинира својата позиција, македонскиот јазик е јазик дефиниран согласно Уставот на Северна Македонија и е кодифициран во 1945 година, но ако сакате да ја знаете позицијата на португалското претседателство, прочитајте го текстот, порача Силва.

Тој смета дека не е на ЕУ да држи улога на „јазична полиција“ и дека тоа не помага во изнаоѓање на решение.
.......
Силва се осврна и на принципот на вето во Европската Унија.

-Фактот што ни е потребна едногласност и право на вето исто така значи обврска за земјите да изградат консензус, во Португалија би било неприфатливо земјата да го инструментализира ветото за да спречи консензус во ЕУ, јас би бил критикуван за такво нешто, незамисливо е една земја да се стави во положба да го користи правото на вето за да попречи формирање на одлука во Советот, едногласноста е важна поради националниот интерес, треба да го почитуваме тоа, но не можам да помислам на едногласноста без да помислам на обврската да придонесам кон консензус, изјави министерот за надворешни работи на Португалија.

........
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Бугаро-македонската соработка под хитно мора да се прошири на повеќе полиња каде се гледа добра перспектива за развоj. Тоа подразбира на источниот сосед да му се овозможи да jа поддржува РСМ преку влез во банкарскиот, градежниот, енергетскиот и медиумски сектор. Додека не се крене рампата пред бугарските инвеститори за жал ќе има сомнежи за двоен аршин што како резултат има само дополнително да го комплицира спорот.
Нешто реципроцитет има или само Македонија треба да се трти? Ќе дадете вие некоја телевизија, банка и некоја градежна парцела у Софија?
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.623
Поени од реакции
5.148
Зошто си лут на Еу политичариве, тие само ја исполнуваат желбата на граѓаните на Северна Македонија. Тие мислат дека граѓаните на Северна Македонија се ок со барањата на Бугарија. Им кажал некој дека не е така ?
Граѓаните на Северна Македонија незнаат што сакаат. Како и да ги возиш така ќе се понашаат, реално слаби се со интелект и лош менталитет. Реално и никој не ги прашува веќе. Референдумот не беше успешен па се спроведе, одлучуваат баш тие ЕУ политичари што се маваат од земја со триста њу ејџ политики а од другата страна се изживуваат со милион и кусур народ, што тоне од ден за ден.
 
Член од
22 април 2021
Мислења
131
Поени од реакции
458
“Бугарија да изјави дека македонскиот јазик не постоел пред 1944 година и дека јазикот во сите идни документи треба да биде сметан во согласност со Уставот на земјава, а од друга страна Македонија да изјави дека македонскиот јазик бил кодифициран во 1945 година – ова е јазичната формулација која ја понудила Португалија како дел од решението за тргање на бугарското вето доставено до Скопје и Софија“ за кое Заев преговарал.

Македонскиот јазик е кодификуван во 1945 и е целосно заснован на народниот говор на македонскиот народ,
на истиот оној јазик на кој говорел со векови наназад.
Бугарскиот е кодификуван во 1899 година.
Секој народ си го кодификува јазикот кога ќе си создаде држава и политички услови за тоа.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.168
Поени од реакции
35.415
Бугарите се толку глупи што не можат да ги разграничат поимите основање на држава и народ.

Народот со својот говорен јазик постоел векови пред да можат да основаат своја држава, и тогаш на собранието на АСНОМ е кодифициран и јазикот.

Не сме станале ние преку ноќ Македонци како што они сакаат тоа да го покажат.

До толку да си прост, и да се држиш како слеп за стап за едната иста глупа теза не знам што треба да си, веројатно припадник на некое татарско азиско племе.
 
Член од
17 јануари 2015
Мислења
421
Поени од реакции
194
“Бугарија да изјави дека македонскиот јазик не постоел пред 1944 година и дека јазикот во сите идни документи треба да биде сметан во согласност со Уставот на земјава, а од друга страна Македонија да изјави дека македонскиот јазик бил кодифициран во 1945 година – ова е јазичната формулација која ја понудила Португалија како дел од решението за тргање на бугарското вето доставено до Скопје и Софија“ за кое Заев преговарал.

Македонскиот јазик е кодификуван во 1945 и е целосно заснован на народниот говор на македонскиот народ,
на истиот оној јазик на кој говорел со векови наназад.
Бугарскиот е кодификуван во 1899 година.
Секој народ си го кодификува јазикот кога ќе си создаде држава и политички услови за тоа.
Не е точно тоа.

Различни форми на кодификации може да б'дат извршени и пред конституирането на држава и институционализирането на соодветна јазична кодификација.

Значи тоа се два различни процеси - од една страна етаблирането на книжевен јазик заснован на одреден(а) (група) диалект(и) дел од некој јазичен ареал, респективно заедница, и од друга страна прифакјането, односно официализирането, институционализирането на одреден книжевен јазик како стандарден службен јазик.

Словенците имале свој книжевен јазик и прет 1945 г.

Хрватите имале книжевен јазик и прет 1945 г.

Словаците имале книжевен јазик и прет 1945 г.

На овие народи не им било потребно некакво т.нар. "АСНОМ" да им го кодифицира книжевниот јазик, иако немале политичка независност и самостојност.

И нивните кодификации и стандартизации се резултат от напорите на домашните книжевници и различни движенија и школи. Со децении имало многу дебати, разни погледи, реформи и т.н.

За Б'лгарија важи истото - многу пред (но и после) 1878 г. продолжеле дебатите за тоа каков треба да биде стандардниот б'лгарски јазик, а не било тоа спуштено и одредено се декрет од некаква комисија дејствувашта под силен политички притисок.

Едноставно немало такво движенье и поддршка во Македонија за кодификација на отделен од стандартниот б'лгарски, нов книжевен јазик. Нити Делчев, нити Груев, нити Шапкарев, нити Миладиновци не се залагале за такво нешто, бидејки преродбениците от тој период нивните диалекти ги сметале за нераскинлив дел от б'лгарската јазична територија, а б'лгарскиот книжевен јазик сметале именно за високиот "стандард" на нивните наречија и за тоа си служеле со него.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom