Влада на Македонија

Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.152
Поени од реакции
35.243
Едвај чекам да видам како ќе релативизираат дежурните жртви тука и како ќе ја свртат приказната. Моја претпоставка е, дека каурството и славјаните се криви затоа што ги угнетувале невините албанчиња, па така младото момче Артан поради сите овие репресии и тоа што не можел да си најде работи ради каурите морал да работи што било, па поднел CV за преведувач кај докториве на Косово. За да прехрани фамилија не за друго. Исто така очекувам да искочи приказна дека спасил неколку Срби, и лично он ги извадил од куќата.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.304
Поени од реакции
78.997
многу повеќе шанса има да излезе приказна за тоа како он лично им вадел органи

Toa би било добар ПиАр кај албанското гласачко тело. Он е млад политичар, вака гради legacy и street credibility.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.665
Поени од реакции
7.576
Ваков дебил еднаш мајка раѓа...
Не би рекол, намерно цело време треска вакви глупости за да почне да се шират вести по стоти пат како Заев е кловн како Заев е глуп. А он во позадина ја распродава државата.

Ова се стадиумите на системското предавство од Заев:
  1. Давање изјави од тип на "Договор ќе биде пронајден, ние сме уверени дека со нашите пријатели бргу ќе дојдеме до решение".
  2. Потоа доаѓа заладување, успорување во процесот на преговори поради некакви "причини". Тука Заев почнува да дава умерени изјави за како има проблеми али решение ќе биде најдено заради Европската иднина.
  3. Доаѓа до комплетен прекин на преговорите. Заев дава изјави од типот на "Ние имаме црвени линии. Европа треба да се размисли..."
  4. Тука се пуштаат неговите кучиња и старата УДБА гарда. Тито Петковски, Павле Трајанов, Бучковски, Љупчо Ѓорѓиевски и плејада на други медиумски курви кои фрлаат со камења по опозицијата и ги преставуваат како најголем непријател и душман.
  5. Заев дава изјава дека сме многу блиску до решение.
  6. Заев потпишал и полош договор одколку што се најавувало оригинално.
Ова е сценариото кое се тера во претходните 5 години цело време. Од Тиранската платформа, преку преспа, преку коалицијата со ДУИ после последните избори и сега до договорот со Бугарија.

Јас имам нула сомнеж дека Заев ќе прифати се што бугарите ќе понудат и ПОВЕЌЕ. Не само тоа туку овој човек од власт нема да си оди со избори и на мирен начин. Едноставно не е возможно да биде сменет кога е спремен на се, а позади него има секта која ќе прифати се. Не е возможно на мирен начин да биде сменет кога ете го гледате после избори спремен е ако треба сите минситерски места да ги даде и се да продаде само да биде премиер. И додека СДС сектата му дава 250 000 гласачи без да бара абсолутно ништо за возврат он ќе е безбеден зошто ќе има доволно пратеници да направи влада со некакви франкенштајн коалиции.

Затоа јас не би се исмевал толку многу со Заев, тоа што он го прави се гледа дека функционира и повеќе од доволно. Човекот е еден од најбруталните политичари на балканот во моментов можеби. Ако му се остави и најмала дупка за он да може да се протне и да се спаси, можете да бидете сигурни дека ќе ја искористи.

Во иднина го очекувам следново:
  1. Масивно зголемување на "заболените" од ковид за комплетно ментално распарчување на обичниот народ. Ние веќе и пред ова бевме нација на хипохондрици која повеќе се грижи за тоа да остане во живот наместо да живее ,не па сега. Почнаа како ненормални да се однесуваат по улици.
  2. Предавство со Бугарија.
  3. Префрлање на гласањето во собрание на онлајн каде што ниту ќе има потреба од дискусија ниту ќе им прави разлика тоа што имаат само 62 пратеника. И лесно ќе го протуркаат договорот низ собрание под европска знаменце.
  4. Победа на локалните во Штип и масивна медиумска застапеност на истото.
  5. Славење на започнување на преговорите со ЕУ.
  6. Закажување на локални избори во април за да се откаже пописот.
  7. Повторно ширење на паранојата околу ковид за да се намали излезноста.
  8. Победа на СДС во најголем дел од оштините.
  9. И така во круг.
 
Последно уредено:
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.665
Поени од реакции
7.576
Убаво видување на работите.
Со еден збор долгогодишен автократ од типот на Мило.

Зошто народ овде веќе не излегува, исто една од работите кои ги направи Заев е тоа што народот нема желба за промени од причини што не гледа простор за промени, тие кои се бунеа не се овде или на маргините или пак се уплашени и тотално незаинтересирани, ова второво е во ген и е као вирус, одамна се пренесува.
Ако си во Македонија би ти препорачал реченицата што ја тргнав од цитат од тебе да ја тргнеш и ти. Дека не е мала шансата да ти чукнат џандари на врата. Они јавно може трескаат глупости и се прават кловнови али во позадина се многу брутални. Исто така тоа што ти го предложи не е никакво решение, истото само ќе им даде повод да се пресметаат со каква било опозиција во државата, а од друга страна ќе стават некоја кукла како костадинов на чело да живурка додека повторно некој монструм како Заев не излезе на врвот зошто нивниот систем е така организиран луѓето од типот на Заев да испливуваат на врвот. Исто така и не би го споредувал Ѓукановиќ со Заев, Ѓукановиќ беше и е стара школа на комунистички автократи кои немаат никаков проблем да направат што било за власт но сепак задржуваат некакво достоинство ( барем лично) правејќи го истото. Заев е како змија, нема мерка колку може да се изврти и извитка за да те касне.

Јас единствената шанса која ја гледам е градењето на пралелни институции и структури кои ќе се покаже да функционираат. Не треба да се гледа да се променат работите на централно ниво туку на локално ниво. СДС, ДПНЕ и ДУИ функционираат на база на масивната мрежа од корупција, феудализам и криминални империи на локално ниво. Справувањето со истите е клучот за да може да се направат какви било промени на централно ниво.

Да имаш контрола врз некоја клучна општина како Центар, Аеродром, Илинден, Карпош, Куманово, Струмица, Гевгелија, Штип вреди повеќе за востпоставување на политичка контрола одколку најголем дел од министерските места. СДС 10 години опозиција преживеаа зошто успеаа да ги задржат своите криминални империи во Струмица, Куманово, Карпош и Центар. ДПА сеуште беше важна партија додека имаше под контрола некој општини.
 
Последно уредено:
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.969
Поени од реакции
17.799
Ако си во Македонија би ти препорачал реченицата што ја тргнав од цитат од тебе да ја тргнеш и ти. Дека не е мала шансата да ти чукнат џандари на врата. Они јавно може трескаат глупости и се прават кловнови али во позадина се многу брутални. Исто така тоа што ти го предложи не е никакво решение, истото само ќе им даде повод да се пресметаат со каква било опозиција во државата, а од друга страна ќе стават некоја кукла како костадинов на чело да живурка додека повторно некој монструм како Заев не излезе на врвот зошто нивниот систем е така организиран луѓето од типот на Заев да испливуваат на врвот. Исто така и не би го споредувал Ѓукановиќ со Заев, Ѓукановиќ беше и е стара школа на комунистички автократи кои немаат никаков проблем да направат што било за власт но сепак задржуваат некакво достоинство ( барем лично) правејќи го истото. Заев е како змија, нема мерка колку може да се изврти и извитка за да те касне.

Јас единствената шанса која ја гледам е градењето на пралелни институции и структури кои ќе се покаже да функционираат. Не треба да се гледа да се променат работите на централно ниво туку на локално ниво. СДС, ДПНЕ и ДУИ функционираат на база на масивната мрежа од корупција, феудализам и криминални империи на локално ниво. Справувањето со истите е клучот за да може да се направат какви било промени на централно ниво.

Да имаш контрола врз некоја клучна општина како Центар, Аеродром, Илинден, Карпош, Куманово, Струмица, Гевгелија, Штип вреди повеќе за востпоставување на политичка контрола одколку најголем дел од министерските места. СДС 10 години опозиција преживеаа зошто успеаа да ги задржат своите криминални империи во Струмица, Куманово, Карпош и Центар.
Тогаш реална промена и не е можна, ако гледаме така. Реалната промена се врши преку свесен народ а тоа не можеш никако да го направиш, како јас да му објаснам на некој роднина, комшија, пријател за овие работи кога 90% од луѓето би се продале за 5евра, или би се уцвикале од едно чукање на врата од МВР. Единствено кога би се укинал ваквиот систем каде одлучува мнозинството, не знам кога ете твојот глас во твојот град би вредел 5 пати повеќе од останатите.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.665
Поени од реакции
7.576
Тогаш реална промена и не е можна, ако гледаме така. Реалната промена се врши преку свесен народ а тоа не можеш никако да го направиш, како јас да му објаснам на некој роднина, комшија, пријател за овие работи кога 90% од луѓето би се продале за 5евра, или би се уцвикале од едно чукање на врата од МВР. Единствено кога би се укинал ваквиот систем каде одлучува мнозинството, не знам кога ете твојот глас во твојот град би вредел 5 пати повеќе од останатите.
Огромен дел од гласачката популација е комплетно разочарана и намерно кај истата се шири дефитизам и параноја за кои било нови луѓе веднаш да бидат дескредитирани ( гледајте само сега со Левица, тргнаа со Орце Камчев/ДПНЕ, па Сорос, па Фашизам, па Трифун, едноставно ќе фрлаат додека нешто не се залепи). Истите многу е тешко да бидат анимирани да гласаат и по мене истото е најлесно ако покажеш дека твојата филозофија е функционална на дело а најлесниот начин за истото е преку локална власт со активни проекти. Еквивалентно на можноса на спроведување на директни проекти на локалната власт имаат многу мал број на министерства. Министерствата се генерално центрите на корупција каде што се прават најголеми пари, главните луѓе во партијата.
И не се сложувам дека 90% од луѓето би се продале за 5 евра. Можеби некој број од околу 40-50% али тоа е нормално во секоја држава. Не можеш ти да очекуваш во држава во која 30 години се тераат политики на полтронство дека таа бројка ќе биде помала. Затоа е потребно да дојдеш на активна власт и да покажеш дека може и на друг начин.

А општините кои ги набројав не ги набројав дека мислам дека треба да имаат поголем глас туку дека се центри од кои партиите вадат пари за да вршат поткуп низ целата држава. Замисли колкава штета можеш да направиш на градежната мафија ако имаш контрола врз Аеродром, Центар и Карпош. Колку пари се вратат преку вработувања по фирми во Илинден и казината во Гевгелција. Колку пари се вадат преку рекет на кафичите/клубовите во Центар, Карпош, Охрид. Организираниот криминал/мафија во Струмица и Куманово. Ако им превземеш контрола врз која било од тие општини и тргнеш да се справуваш со локалната корупција и рекет, им го ослабнуваш политичкиот полтронски систем низ целата држава.

Они го одржуваат политичкиот полтронски систем низ државата преку купување на гласови, преку контрола на клучни економски гранки во неколку општини. Почни да им ги одземаш приходите и барем според мене целиот систем би требало да почне да се ниша.
 
Последно уредено:
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.969
Поени од реакции
17.799
Огромен дел од гласачката популација е комплетно разочарана и намерно кај истата се шири дефитизам и параноја за кои било нови луѓе веднаш да бидат дескредитирани ( гледајте само сега со Левица, тргнаа со Орце Камчев/ДПНЕ, па Сорос, па Фашизам, па Трифун, едноставно ќе фрлаат додека нешто не се залепи). Истите многу е тешко да бидат анимирани да гласаат и по мене истото е најлесно ако покажеш дека твојата филозофија е функционална на дело а најлесниот начин за истото е преку локална власт со активни проекти. Еквивалентно на можноса на спроведување на директни проекти на локалната власт имаат многу мал број на министерства. Министерствата се генерално центрите на корупција каде што се прават најголеми пари, главните луѓе во партијата.

А општините кои ги набројав не ги набројав дека мислам дека треба да имаат поголем глас туку дека се центри од кои партиите вадат пари за да вршат поткуп низ целата држава. Замисли колкава штета можеш да направиш на градежната мафија ако имаш контрола врз Аеродром, Центар и Карпош. Колку пари се вратат преку вработувања по фирми во Илинден и казината во Гевгелција. Колку пари се вадат преку рекет на кафичите/клубовите во Центар, Карпош, Охрид. Ако им превзеемеш контрола врз која било од тие општини и тргнеш да се справуваш со локалната корупција и рекет, им го ослабнуваш политичкиот полтронски систем низ целата држава.

Они го одржуваат политичкиот полтронски систем низ државата преку купување на гласови, преку контрола на клучни економски гранки во неколку општини. Почни да им ги одземаш приходите и барем според мене целиот систем би требало да почне да се ниша.
Те разбирам ама тоа е уште потешко, еве да замислиме дека Апасиев станал градоначаник на Аеродром, невозможно е он сето тоа да го направави кога е сам и централната власт е на пример Заев. На една посериозна закана ќе се уплаши затоа што има семејство, ќе биде кочен од советот, итн. Пак доаѓаме до тоа дека е потребна колективна свест, дека не е се во платите и бонусите од партија.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.665
Поени од реакции
7.576
Те разбирам ама тоа е уште потешко, еве да замислиме дека Апасиев станал градоначаник на Аеродром, невозможно е он сето тоа да го направави кога е сам и централната власт е на пример Заев. На една посериозна закана ќе се уплаши затоа што има семејство, ќе биде кочен од советот, итн. Пак доаѓаме до тоа дека е потребна колективна свест, дека не е се во платите и бонусите од партија.
Си решил да го одиш патот, оди го. Не може да очекуваш дека народот ќе изгради свест и дека ќе почне да се бори ако ти самиот не си спремен за истото. Да беше толку лесно сите ќе бевме водачи. Ако не можеш да одолееш на заканите на локалните мафијаши да не мислиш дека ќе биде полесно кога ќе седнеш спроти Американските мафијаши, косовските мафијаши, бугарските мафијаши, грчките/српските/германските/холандските, итн ... Во споредба тие мафијаши нашите се монаси. Женската која го фотографираше станот на Бојко Борисов додека спиел ја најдоа во грција со скршен врат.

379px-Stjepan_Stevo_Filipović.jpg

Заев не може апсолутно ништо ако на прв ден градоначалникот на Аеродром почне да ги руши сите нелегални тераси на кафичите, и почне да им испраќа општинска инспекција на градилиштата и да ги казнува камионите што фрлаат градежен отпад после железничкиот мост. Не може да направи ништо кога системот со партиски вработувања по школите и градинките веќе не му постои. Кога буџетот на МЗТ повеќе нема да се краде. Кога буџетот на општината нема да се троши на напумпани тендери туку на реални проекти од корист на општината.

Мислам он ќе може да лае на телевизија зошто сега има еден куп полтрони кои му бараат да ги ухлеби на некое друго место. Али тоа е се што може да направи.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.304
Поени од реакции
4.701
Nekoi novinari ova go prenesuvaat deka bil preveduvac na Hag koga se vršela istragata ....a ne deka preveduval koga se vadeni organite

Kako i da e....vistinata ke izlezi
Чекај чекај, некој навистина верува дека им требало преведувачи кога наводно ваделе органи?
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.969
Поени од реакции
17.799
Си решил да го одиш патот, оди го. Не може да очекуваш дека народот ќе изгради свест и дека ќе почне да се бори ако ти самиот не си спремен за истото. Да беше толку лесно сите ќе бевме водачи. Ако не можеш да одолееш на заканите на локалните мафијаши да не мислиш дека ќе биде полесно кога ќе седнеш спроти Американските мафијаши, косовските мафијаши, бугарските мафијаши, грчките/српските/германските/холандските, итн ... Во споредба тие мафијаши нашите се монаси. Женската која го фотографираше станот на Бојко Борисов додека спиел ја најдоа во грција со скршен врат.

Прегледај го приврзокот 275967

Заев не може апсолутно ништо ако на прв ден градоначалникот на Аеродром почне да ги руши сите нелегални тераси на кафичите, и почне да им испраќа општинска инспекција на градилиштата и да ги казнува камионите што фрлаат градежен отпад после железничкиот мост. Не може да направи ништо кога системот со партиски вработувања по школите и градинките веќе не му постои. Кога буџетот на МЗТ повеќе нема да се краде. Кога буџетот на општината нема да се троши на напумпани тендери туку на реални проекти од корист на општината.

Мислам он ќе може да лае на телевизија зошто сега има еден куп полтрони кои му бараат да ги ухлеби на некое друго место. Али тоа е се што може да направи.
Точно дека не може ништо, само како што кажав единствено нешто на кој секој човек е слаб е семејството. Лесно е да го ризикуваш својот живот ако имаш некој идеал ама ако мислиш само за себе. Еве останува да видиме дали ќе се случи такво нешто, таков градоначалник би бранел као оној лик шо јадеше пендранци за Бранко на едни протести коа беше Грујо на власт.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.304
Поени од реакции
4.701
Што викал Ахмети:
Тој додаде дека Груби бил само преведувач кој преведувал додека се правеле интервјуа со одделни сведоци за улогата на „Жолтата куќа“ за време и по конфликтот во Косово.
А насловот на сајтот:

Ахмети потврди дека Груби преведувал во “Жолтата куќа”

Очај.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.982
Поени од реакции
14.769
Чекај чекај, некој навистина верува дека им требало преведувачи кога наводно ваделе органи?
Abe Puno....jas sum edinstven koj pišal ...ajde da rečime ,,pozitiven,, post na ova tema.....pa so mene sega se zakačaš????

Ne deka veruvam na ovie ili onie novinari, iskustvoto me naučilo deka prvo treba da se proveri neštoto pred da im se vleze vo grlo na tie što go napišale infoto....


PS.toa važi i za negatorite na infoto
 

Kajgana Shop

На врв Bottom