Ако си во Македонија би ти препорачал реченицата што ја тргнав од цитат од тебе да ја тргнеш и ти. Дека не е мала шансата да ти чукнат џандари на врата. Они јавно може трескаат глупости и се прават кловнови али во позадина се многу брутални. Исто така тоа што ти го предложи не е никакво решение, истото само ќе им даде повод да се пресметаат со каква било опозиција во државата, а од друга страна ќе стават некоја кукла како костадинов на чело да живурка додека повторно некој монструм како Заев не излезе на врвот зошто нивниот систем е така организиран луѓето од типот на Заев да испливуваат на врвот. Исто така и не би го споредувал Ѓукановиќ со Заев, Ѓукановиќ беше и е стара школа на комунистички автократи кои немаат никаков проблем да направат што било за власт но сепак задржуваат некакво достоинство ( барем лично) правејќи го истото. Заев е како змија, нема мерка колку може да се изврти и извитка за да те касне.
Јас единствената шанса која ја гледам е градењето на пралелни институции и структури кои ќе се покаже да функционираат. Не треба да се гледа да се променат работите на централно ниво туку на локално ниво. СДС, ДПНЕ и ДУИ функционираат на база на масивната мрежа од корупција, феудализам и криминални империи на локално ниво. Справувањето со истите е клучот за да може да се направат какви било промени на централно ниво.
Да имаш контрола врз некоја клучна општина како Центар, Аеродром, Илинден, Карпош, Куманово, Струмица, Гевгелија, Штип вреди повеќе за востпоставување на политичка контрола одколку најголем дел од министерските места. СДС 10 години опозиција преживеаа зошто успеаа да ги задржат своите криминални империи во Струмица, Куманово, Карпош и Центар.