Владата ја убива економијата

J

Johnny Stulic

Гостин
Наместо тоа може вакво нешто

Обама одобри 30 милијарди долари за "Џенерал моторс"


Претседателот Барак Обама го опиша ваквиот потег како тежок, но рече дека е ,исто така, фер, и додаде дека ќе и даде на оваа легендарна американска компанија шанса повторно да се издигне
Deneska bas diskutirav so kolegive za ova ,skepticni se kako prvo za izborot sto e odbran kako spasitel na GM ne znam kako se vika medzutoa bilo 31 dete(nivni zbor) koe prethodno nemalo nikakvo rabotno iskustvo i uste poveke kako vistinski kapitalisti se ogorceni toa sto drzavata intervenira vo privatniot sektor znaci koga GM pravese astronomski profiti vo 80-tite i 90-tite site akcioneri zarabotuvackata si ja delea ramnopravno i na nikoj ne mu tekna da plati ekstra danok na drzavata ,a pak sega koga padot e evidenten se bara intervencija od drzavata.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Некој треба да ја искине магистратурата,а некој докторатот по економија.
Еве Lurtz ќе критикува од сега,јас ќе одмарам малку:)

Патем и Фершпед ќе не кошта.
Зш ја? Глеј надвор славејчиња, сонце златно, зеленило одмор за душа...живот. Се е добро, зарем не? :)

За Фершпед, не знам колку и како е крив но ако се потсетиме дека има луѓе (човеци кои треба денеска да јадат и да се облечат и платат струја) што работат таму, а не се врзани со тоа затајување следи... Преку една уништена фирма директон или индиректно се уништуваат и други лица, па и фирми (трговски промет, туристички, намалена куповна моќ...). А од 10 или од 20 фирми? Дали постои можност, наместо да се забрани работа на фирма, да се одземе од челниците цела власт во фирмата и да се судат посебно? Зборот ми е да не трпи фирмата (не само Фершпед), оти со тоа трпи економијата.

Истото се однесува и на Охис, тивка смрт. Сега ќе отпуштаат работници, зошто? Тие и така не земаа плата одамна. Дали може некако да се спаси таа фирма? Нели, оти мнозински пакет има државата во него.

Само немојте аман некој пак дека ова е од Црвенковски, бидна тоа. Мислам дека сега е време да му се помогне и на Охис и на Железара (и од таму избркаа луѓе-мој близок роднина е еден од нив) и сличните и ако владата ги преусмери парите од биковите, чевлочистачите...во производниот па и другите сектори...дека ќе обезбеди егзистенција за тие што јадат леб од таму, за буџетот кој се рани од тие фирми и за поени за соодветната партија. Вака, сакале нејќеле (иако сум им сеуште наклонет на сегашните) ќе дојдеме до обратен ефект.

Народ има пари јес (погоре кажав за полни плажи, кафани...), али до кога и колкав процент е прашање. Реков и дека сме навикнати на немање (за времето на експертската влада), но бар малку да живнеме, да осетиме еднаш онака фино, без стегање. А овие работи ги нафрлав погоре ради малку разбивање монотонија на критика или фалба на властите и опозицијата :)

Но мислам дека ова "подобрување" нема да се деси, не сега туку следните ихааа години, без оглед дали е оваа влада или ќе дојде некоја друга, дали оваа или друга опозициона партија, пошто сме сведоци на менување на влади, реконструкции, но џабе. Магичен круг, еб*му магијата таква. Едноставно 20 годишно статус кво, 20-годишна баруштина, но Македонија е и мила ми е, па ниедна земја колку и да е поразвиена нема да ми е помила.

Фала Леандра на отстапениот простор :) Можи грешам, али ова е моето мислење по ова...
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Каматите на државните записи и натаму растат

Иако вети дека ќе престане, сепак, Владата упорно се задолжува на домашниот пазар
Во исчекување да се земе странски кредит преку емитување еврообврзница, со која би требало да се покријат се' поголемите финансиски дупки на земјава, Владата не престанува да се задолжува на домашниот пазар, по се' повисока каматна стапка.

Завчера во Министерството за финансии повторно се одржаа две аукции на државни записи, со кои државата, преку тримесечни и шестмесечни државни записи, успеа да собере вкупно 12,2 милиони евра или 750,4 милиони денари.

Тоа значи дека Владата, иако вети оти ќе престане со задолжувања на домашен терен, со цел да го намали притисокот врз банкарските камати, очигледно нема друг избор и продолжува да издава државни записи, со кои се задолжува кај домашните банки, компании и други инвеститори.

На аукцијата на тримесечни записи државата барала да се задолжи со 19,5 милиони евра, но купувачите не „загризале“ за целиот износ, туку купиле нешто повеќе од половина, односно записи за 10,5 милиони евра. Каматната стапка била 9,24 отсто, што е мало зголемување во однос на претходната аукција на 19 мај, кога за овие записи таа изнесуваше 9,20 проценти.

Доколку на претходната аукција банките имаа многу помал интерес за тримесечните записи, сега тој малку е зголемен. Па, така, банките купиле 27,85 отсто од записите, а другите клиенти учествувале со 72,15 проценти.

Од шестмесечните записи, пак, биле понудени записи на сума од 3,3 милиони евра, а се продадени за 1,7 милиони евра. Во оваа аукција, пак, банките воопшто не купиле шестмесечни записи, туку целиот износ отпаѓа на другите инвеститори. Се постигнала камата од 8,99 отсто, што е повеќе во однос на последната стапка од 8,8 отсто.

И додека се' уште нема прецизни информации кога ќе се емитува еврообврзницата, на кој износ, со која камата и дали воопшто ќе успее тоа задолжување кај странски банки, очигледно притисокот е голем и државата не престанува да се задолжува на домашниот пазар. Како последици на тоа банкарските камати од ден во ден зголемуваат, достигнувајќи рекордни вредности.

Експертите, пак, не престануваат да предупредуваат - Владата мора итно да донесе свежи пари од странство. (Н.Н.Ф.)



utrinski
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Некој сака да дели социјална помош преку таканаречено времено работно ангажирање....

ОПЕРАТИВЕН ПЛАН НА ВЛАДАТА
ПЕТ ИЛЈАДИ НЕВРАБОТЕНИ ЌЕ БИДАТ АНГАЖИРАНИ ПРЕКУ ПРОЕКТИ НА ОПШТИНИТЕ ФИНАНСИРАНИ ОД ВЛАДАТА


Пет илјади невработени лица ќе бидат ангажирани од јули до декември оваа години преку проекти за јавни работи на општините, финансирани преку Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2009 година на Владата.


Овие чекори, како што соопшти денеска на прес-конференција министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами, Владата ги презема во рамките на активностите за справување со економската криза.

Агенцијата за вработување веќе објави јавен оглас на кој општините треба да конкурираат со свои проекти за јавни работи. Лицата, кои ќе бидат ангажирани преку евиденцијата на Агенцијата, ќе добиваат надомест од 6.300 денари. Покрај тоа локалните самоуправи може да обезбедат надоместок за храна и превоз на работниците, а Бајрами апелираше тие исто така да вложат напори за обезбедување дополнителни средства за плати.

- За време на работното ангажирање невработените лица и понатаму ќе имаат право да ги користат стекнатите права по основ на невработеност. Предвидено е јавните работи да можат да се организираат за одржување и обновување на јавна инфраструктура, одржување и заштита на животната средина и природата, изјави Бајрами.

Директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска изјави дека целокупната процедура за избор на општините, проектите и лицата што ќе бидат вработени ќе биде транспаретна. - Процесот на организацијата и спроведувањето на јавните работи ќе се одвива целосно транспаретно за сите вклучено страни, како и за целокупната јавност, рече таа.

Заедницата на едициниците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) целосно ја поддржува оваа програма на Владата. Како што истакна нејзиниот претседател, градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, во овие услови од голема важност е реализацијата на јавни работи и тоа како за невработените лица така и за локалниот економски развој на општините, рече тој.

За активните програми за вработување за 2009 Владата одвои 795 милиони денари, со кои ќе бидат опфатени 13.929 лица, наместо првично предените 9.573. Овие средства се речиси тројно зголемени во споредба со 2008 година, кога за оваа намена беа потрошени 276 милуиони денари.

http://www.time.mk/story_eed9ed9732_article_af15ca2501.html
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Бензинот по осум месеци пак над едно евро
Македонските возачи од денеска, по осуммесечна пауза, повторно плаќаат над едно евро за литар бензин.
Дефицитот се приближи до милијарда долари
Расте трговскиот дефицит и минусот во девизните резерви, што е многу опасна комбинација, па Владата со итна интервенција мора
Во јули ќе земеме пари од ММФ
Владата ги отфрла информациите дека се премислила и ќе бара аранжман од Меѓународниот монетарен фонд. Такви шпекулации предизвика посетата на директорот на ММФ за Европа, Марек Белка, кој задутре во Скопје ќе се сретне со премиерот Никола Груевски, министерот за финансии, Трајко Славески и гувернерот, Петар Гошев. Шефот на Фондот за Европа ќе ги посети државите во регионов што имаат склучено аранжман со ММФ.Марек Белка треба да се информира од првите луѓе на финансискиот систем во Македонија какви се состојбите со државната каса, банкарскиот систем, дефицитот во платниот биланс и во трговската размена.
...
...
Славески тврди дека засега единствените пари што на Владата годинава и' требаат од ММФ се тие од нејзината квота во институцијата. Таа изнесува околу 100 милиони евра.

- ММФ пролетоска ни предложи да повлечеме околу 77 милиони евра од нашата квота. Нив би ги повлекле во форма на кредит, по најниска каматна стапка. Цената на тој капитал ќе биде ниска бидејќи најевтини се заеми од Фондот кои не ја надминуваат за три пати вредноста на националната квота- вели Славески.

ММФ месецов ќе пресече дали на членките на Фондот ќе им дозволи безусловно да ги користат своите пари во заедничката каса на ММФ тешка околу 250 милијарди евра. Доколу предлогот помине, а на крајот на јуни мине и на Конгресот на САД, Македонија веќе од наредниот месец ќе може да си ги бара своите пари од ММФ.

Македонија е единствената држава во регионот која нема склучено аранжман со ММФ. Уште пред глобалната финансиска криза да се прошири врз стопанствата, Романија, Унгарија, Албанија, Босна и Херцеговина и Бугарија побараа и добија аранжман од Фондот.
Сончеви колектори за пребродување на кризата
Искористувањето на обновливите извори на енергија треба да е приоритет во услови на глобална финансиска криза, истакна претседателот Ѓорге Иванов при вчерашната посета на Стопанската комора на Македонија. Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, ги поздрави напорите на шефот на државата да го поддржува бизнисот при неговата промоција во странство.

Многу е значајна помошта од претседателот во отворањето нови пазари на Блискиот Исток и поранешните држави на Советскиот Сојуз во централна Азија. Ако ги нападнеме тие подрачја, каде што нашите стоки се конкурентни, ќе можеме да го зголемиме извозот - рече Азески.
Стопанствениците бараат државна логистика
Се билда трговскиот дефицит, статистика објави дека за првите четири месеци од годинава минусот во размената изнесува 831 милион долари.

Бензинот поскапува два, дизелот 2,5 денари

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за два, а дизел горивата за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 8,41, односно за 5,81 отсто.
КРИЗАТА И СВИНСКИОТ ГРИП УДРИЈА ПО ТУРИЗМОТ
Македонскиот туризам се уште во позитива


Туристичките работници дополнително се ангажирани за да го задржат ланскиот број на туристи и бројот на ноќевања
Но и покрај криза, некој зима големи пари.
Се дели дивиденден колач вреден 1,3 милијарди евра
Со 1,16 евра по акција, Македонски Телеком е на третото место. Компанијата исплати околу 100 милиони евра дивиденда што е 98,6 проценти од минатогодишната добивка и третина од вкупниот приход. Околу 38 милиони евра и припаднаа на македонската влада, околу 60 милиони на Маѓар Телеком, а остатокот на помалите акционери.
ПРОТЕСТ НА КОНФЕКЦИОНЕРИ ВО ТЕТОВО
Плати од 2.000 денари во "Едко"
Вчера околу 300 работнички од фабриката за модна конфекција "Едко - Тетово" половина час мирно протестираа пред зградата на локалната самоуправа во Тетово, барајќи помош за надминување на исклучително тешката егзистенцијална состојба во која се доведени поради тоа што немаат добиено плати веќе четврти месец.
"Ги бараме своите плати, ако можат воопшто да се наречат плати. За вложениот труд, газдите месечно ни плаќаат од две до четири илјади денари. Бараме да ни ги намират придонесите за пензиско и здравствено осигурување за 6 месеци", изјавија вчера работничките, кои не сакаа да ги кажат нивните имиња од страв да не ги загубат работните места.
Тие одлучиле да протестираат пред локалната самоуправа откако два дена претходно штрајкуваа во кругот на нивната фабрика. Вчера имаа средба со трудовата инспекција и со градоначалникот на Тетово Сади Беџети, кои им ветија директно доаѓање во "Едко", со цел да се изврши контрола на нивните тврдења дека им се кршат најосновните права од работниот однос.
Сопственикот на фабриката Злате Ончевски, иселеник од Тетовско во САД, и неговите застапници во "Едко", вчера не се огласија.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
R

RAYTHEON23

Гостин
до ефектот е...илузијата е најинтересна во кулминацијата!!!!

во правиот момент!!!:kesa::kesa:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
ЦЦЦ...

Правиш работите да изгледаат многу црни... А толку пари се дадоа на реклами... Ништо не допрело до тебе? :smir:
Кога има реклами...го менувам каналот.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Кога има реклами...го менувам каналот.
Точно се гледа... Владата е успешна, нашата економија цути и луѓе како тебе кои немаат испран мозок се црвоточина на ова општество. „Не менувај канал-Владата на РМ“. :smir:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Нема проблем, ќе послушам. И така е делумно и од мои пари :)
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Славески ќе побара заем од Светска банка


Министерот за финансии Трајко Славески, кој учествува на Состанокот на ММФ и Светска банка во Будва, Црна Гора, на средба со Руд Треферс, еден од извршните директори на Светска банка побара Банката активно да продолжи со разгледувањето на барањето на заем за буџетска поддршка на Македонија.
Министерот Славески, како што информира неговиот кабинет, истакна дека претходните заеми од овој вид од Светска банка беа добро искористени од Македонија.
„Тој нагласи дека сега е вистински момент за дополнителен аранжман со Светска банка, заради пониските приходи во буџетот, предизвикани од последиците од глобалната економска криза“, се вели во соопштението од Министерството за финансии.
Славески вчера имал билатерални средби со министрите за финансии и за развојна соработка на Холандија, Вотер Бос и Берт Кендерс, со извршниот директор на ММФ Ахе Бакер, заменик претседателот на Светска банка Шигеу Катсу и со новиот претседател Филипе Ле Хуреу.
На средбите се дискутирало на повеќе теми меѓу кои и за макроекономската состојба во Македонија, со посебен осврт на глобалната криза и нејзиното влијание, како и за постојните проекти во областа на финансиите.


А1
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Сиромаштијата како изборен предмет
Незапишувањето на одреден процент осмоодделенци во средните училишта е последица на лошата социјална и економска состојба во која
Државните записи го горат денарот
Со записите со девизна клаузула нема да се намалат каматните стапки, туку ќе се поттикнат фирмите да ги вадат денарите од банки
http://www.vest.com.mk/?ItemID=F8B9AA8BB9CDB1489DD65AE5850DBA21
Струјата да поскапи 50 насто
На Македонија и се заканува целосен енергетски колапс ако до 2020 година не ги реализира планираните енергетски проекти, предупредија академиците на вчерашната презентација на нацрт-текстот на Стратегијата за развој на енергетиката за период 2009 - 2020 со визија до 2030 година, која од вчера е на јавна расправа. Академик Томе Бошевски на презентацијата објасни дека во последните 20 години во Македонија не се вложувало доволно во енергетскиот сектор, поради што земјата има огромни трошоци за увоз на струја.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
во државава..хе, хе...држава :)
Ќе си играме држава...додека не дојде шумарот и не не избрка

Во стратегијата се констатира дека Македонија плаќа најниска цена во Европа. 50 проценти помала од Бугарија, дури 100 насто поевтина цена имаме од Хрватска.
"Ниската цена на електричната енергија не им овозможува на енергетските компании да ги одржуваат и ревитализираат постојните објекти, а да не зборуваме за изградба на нови. Не гледаме друг излез, освен електричната енергија постепено да добие пазарна цена. Пари мора да се обезбедат. Цената на струјата во Македонија е за 50 отсто пониска од цената во Бугарија, двапати пониска од цената во Хрватска и во Романија, а за трипати пониска од земјите во ЕУ", вели академик Каневче.
А тој Каневче на парно се грее? Да го видам на струја да се грее, да плаќа 10-15 илјадарки месечно зимно време...При споредба на цена, треба да се спореди и стандардот во таа држава, платежната моќ. Како да споредиш фичо и порше.

Потрошувачката на енергија по жител во Македонија е на ниво на 1990 година и е многу ниска, но според потрошувачка во однос на БДП трошиме повеќе струја отколку во развиените земји. Главните потрошувачи се домаќинствата, кои трошат дури 53 отсто од електричната енергија и за 23 насто повеќе отколку домаќинствата во европските држави.
Населението е принудено да се грее на струја. Гасификација нема, парно почнаа нешто, застанаа. На што да се греме? На гранки од шумата или на лисја од дворот? Имаше глупи мерки за сами да прајме рестрикција, но на 12-15 степени не се живее дома. А алтернатива нема, ниеден од проектите за гасовод, за централно греење не се заврши како што треба. У ствари не се заврши.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom