leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.562
То, то, то . Знаев, сакав да ја ставам како посебен пост, ама ќе ми ги споеше:smir:Записиве ми се болна точка,неможам да им преќутам
За економијата„Рико“ сака да изгради четири хидроцентрали во Македонија
Словенечката компанија „Рико“ е заинтересирана да ги изгради хидроцентралите„Чебрен“„Галиште“, „Бошков мост“ и една хидроцентрала на реката Вардар. Овој амбициозен план деновиве го соопшти сопственикот на „Рико“, Јанез Шкрабец, јавува „Макфакс“.„Рико“ ја гради хидроцентралата „Света Петка“ (Матка 2), бизнис што го доби на оглас што го распиша ЕЛЕМ.
Проектот „Матка 2“ е од големо значење за Македонија и претставува крупна инвестиција во време на светска економска криза, кога има постојан недостиг од енергетски природни ресурси, истакнуваат во „Рико“. Во компанијата соопштуваат дека за изградба на „Матка 2“ ќе им требаат повеќе пари од претходно планираните.
Владата допрва ќе не презадолжи
Владата упорно ја гази независноста на монетарната политика, а цената за тоа ќе ја платат граѓаните преку поскапите каматни стапки, велат експертите
Владата планира во наредниот квартал да се задолжи 72,2 милиона евра кај банките со редовни емисии на државни записи. Тоа е речиси три милиони евра повеќе отколку во првиот квартал, кога откако драстично ги подигна каматните стапки, прибра најмногу преку државните записи. Не се исклучува можноста да се објават и вонредни емисии на записи со девизна клаузула.
Според експертите, со ваквата политика Владата манифестира очај поради празниот буџет. Народната банка на Македонија ќе биде повторно принудена да ја зголеми основната каматна стапка, по што сигурно ќе поскапат старите кредити за граѓаните и фирмите, а нови речиси и ќе нема, најавуваат економските аналитичари...
Ребаланс од една рака во друга би го нарекол “преферанс“,слично на една игра со карти.НБРМ презема мерки за да се намали потрошувачката на граѓаните. Каматите на кредитите растат.
Но проблем е најголемиот потрошувач - владата, која што иако направи ребаланс се уште го има најголемиот буџет. Не се усогласени со НБРМ.
Тековно си игра на девизниот пазар мања веча,потоа ги исплаќа обврските на државата кон странство,ги надгледува банките и сега воведе инструмент со кој стана агент на нашите банки,односно нивните пари она ги вложува во странски обврзници за да се добие на сигурност.А НБРМ тековно што работи? Оти колку што знам донесени се/имаат одлуки со кои бааги се влијае врз банките и нивната тековна политика. Зошто тие одлуки не ги измени според ситуацијата? Оние кои работат во финансиски институции знаат кои одлуки пречат или создаваат проблеми во нивното работење во вакви услови. А тргнати се буквално и парите од оптек, за поголеми потреби пари не може да се најдат... што конкретно НБРМ презема во сето ова? Не би требало да се само опомени од гувернерот, туку конкретни активности во чекор. Оти НБРМ има многу конкретни инструменти, но според медиумите ќе испадне невино јагне.