Владата ја убива економијата

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Имаше ли министерот Славевски докторат од Харвард? Да не е упатен некој...

Да бе.. магистерски?..

Славески дипломира на Економскиот факултет во Скопје во 1983 година, а магистрира и докторира на истиот факултет во 1988 и 1997 год., респективно. Последипломските студии ги завршува на Калифорнискиот државен Универзитет во Чико, САД (1986 – 1987 год.) и на Универзитетот Харвард (1989 - 1990 год.).

Трајко Славевски - Википедија
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Uh jebote blagi Rimski papa...ili tozi HARDVARD ne e HARDVARD ili imaat posebni kursevi za majmuni.....kako Sorbona na vremeto kade na diplomite pisuvalo VAZI SAMO za na ORIENTOT..... :)
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Проблем е неговата потчинетост на политиката и партијата. Економистите се ставаат во функција на одредена политика. Мораат да ја бранат колку и да е погрешна.
На времето и Таки Фити ја бранеше приватизацијата.:toe:
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.032
Проблем е неговата потчинетост на политиката и партијата. Економистите се ставаат во функција на одредена политика. Мораат да ја бранат колку и да е погрешна.
На времето и Таки Фити ја бранеше приватизацијата.:toe:
Јас мислам дека на Трајко ни Господ не може да му се умеша...
Човекот е навистина посебен... Како посебна салама...
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
До кај ќе стигнеме до крајот на годината?

Денарот ѕида трговски дефицит

Македонија во првите четири месеци годинава направи рекорден дефицит во размената со најголемите трговски партнери од регионот, Србија и Грција. Најмногу падна размената со Грција, дури 60 отсто


Преценетоста на денарот, покрај глобалната рецесија, е највиновен за растот на трговскиот дефицит на Македонија со соседните држави. Вака македонските експерти ја коментираат констатацијата на агенцијата за бонитет „Фич“ дека поради нефлексибилниот курс на денарот македонската економија потешко ќе го запре растот на трговскиот дефицит што сега се создава. Глобалната рецесија го притиска денарот, а државата ја плаќа неговата стабилност. Соседните држави имаат променливи курсови, па поради тоа нивните фирми сега станаа поконкурентни за трговските партнери од светот, сметаат економистите. Во Стопанската комора на Македонија се убедени дека главен виновник за трговскиот дефицит е глобалната криза

Македонија во првите четири месеци годинава направи рекорден дефицит во размената со најголемите трговски партнери од регионот, Србија и Грција. Најмногу падна размената со Грција, дури 60 отсто споредено со првите четири месеци лани, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Извозот е помал за 33 отсто, а увозот за 54 отсто. Тргувањето со нашиот втор најголем партнер, Србија во првите четири месеци во 2009 година се преполови. Тоа се намали за 55 отсто споредено со истиот период во 2008 година. На Србија сме е' продале 38 отсто помалку, а од неа сме купиле 44 отсто помалку стоки споредено со лани.

Таков драстичен пад во трговската размена Македонија нема со најголемиот трговски партнер, Германија. Оваа држава е прва од членките од Европската унија што прогласи рецесија и е една од најпогодените од глобалната криза. Размената со Германија од почетокот на годината до крајот на април ни се намали за 22 отсто. Извозот со Германија се намали за 57 отсто, а на увозот за 55 отсто.

Вкупната размена со Балканот во истиот период е помала за дури 60 отсто, а со најголемиот регионален партнер, Европската унија, за 46 отсто.Дел од економските аналитичари веќе подолго време апелираат до Владата и до Народната банка на Македонија дека поради преценетоста на денарот и поради нејзиниот фиксен девизен курс, македонските фирми се повеќе ја губат својата конкурентност дури и со фирмите од регионот. Последниот извештај на меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Фич“ ги потврди овие предупредувања. Во него стои дека трговскиот дефицит на Македонија растел и затоа што во околните држави, кои имаат флексибилен курс, депресирале валутите. Србија, Хрватска, Албанија и Словенија имаат променливи курсови. Вредноста на националната валута на Србија од почетокот на октомври минатата година до крајот на февруари годинава се намали за 18,3 отсто. Од почетокот на март до средината на април динарот дополнително падна за 0,6 отсто. Хрватската валута, куната, од октомври 2008 година до март 2009 година се намали за 4,4 отсто, а до половината на април за уште 0,7 отсто. Српскиот гувернер, Радован Јелашиќ, неодамна изјави дека државата не е толку богата за да има фиксен девизен курс. Тоа беше неговиот одговор на барањето да го смени курсот на националната валута во фиксен.

Народната банка на Македонија за половина година потроши околу 600 милиони евра за одбрана на денарот. Иако централната банка и во други времиња интервенирала од девизните резерви на менувачкиот пазар за да ја испегла понудата на денари и на девизи, сега тоа станува проблематично бидејќи девизните резерви слабо се полната. Тие се се' попразни затоа што паѓа извозот, странските инвестиции и девизните пратки од иселениците.



http://www.time.mk/story_151f84f715_article_ef416ca2a1.html
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Собранието денеска во рамки на продолжението на 56. седница со 57 гласа „за“ и 15 „против“ го донесе Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка по Договорот за заем по Проектот за подобрување на општинските услуги, по скратена постапка.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=109453
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Собранието денеска во рамки на продолжението на 56. седница со 57 гласа „за“ и 15 „против“ го донесе Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка по Договорот за заем по Проектот за подобрување на општинските услуги, по скратена постапка.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=109453
Незнам што треба да се искоментира за овој заем.Заем за подобрување на општинските услуги:toe:не чини 19 милионки.А од друга страна плачат да не ја изнесат дивидендата од државава,незнам каква политика е ова.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Каде е сега Кљусев па 50 марки плата да имате, на рака да перете, него сте аздисале инокс, горење... Само вие трошете, нема више кредити (така барем кажаа на тв, се стега ременот, празници се ближат...тешко нас).
 

Cak

Член од
22 април 2009
Мислења
212
Поени од реакции
18
Каде е сега Кљусев па 50 марки плата да имате, на рака да перете, него сте аздисале инокс, горење... Само вие трошете, нема више кредити (така барем кажаа на тв, се стега ременот, празници се ближат...тешко нас).
Druze sto proceniti si u pravo nema so da kazam da veke da ne go imas kazano ti
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Некој тера инает

Каматите на државните записи и натаму растат


Иако вети дека ќе престане, сепак, Владата упорно се задолжува на домашниот пазар
Во исчекување да се земе странски кредит преку емитување еврообврзница, со која би требало да се покријат се' поголемите финансиски дупки на земјава, Владата не престанува да се задолжува на домашниот пазар, по се' повисока каматна стапка.

Завчера во Министерството за финансии повторно се одржаа две аукции на државни записи, со кои државата, преку тримесечни и шестмесечни државни записи, успеа да собере вкупно 12,2 милиони евра или 750,4 милиони денари.

Тоа значи дека Владата, иако вети оти ќе престане со задолжувања на домашен терен, со цел да го намали притисокот врз банкарските камати, очигледно нема друг избор и продолжува да издава државни записи, со кои се задолжува кај домашните банки, компании и други инвеститори.

На аукцијата на тримесечни записи државата барала да се задолжи со 19,5 милиони евра, но купувачите не „загризале“ за целиот износ, туку купиле нешто повеќе од половина, односно записи за 10,5 милиони евра. Каматната стапка била 9,24 отсто, што е мало зголемување во однос на претходната аукција на 19 мај, кога за овие записи таа изнесуваше 9,20 проценти.

Доколку на претходната аукција банките имаа многу помал интерес за тримесечните записи, сега тој малку е зголемен. Па, така, банките купиле 27,85 отсто од записите, а другите клиенти учествувале со 72,15 проценти.

Од шестмесечните записи, пак, биле понудени записи на сума од 3,3 милиони евра, а се продадени за 1,7 милиони евра. Во оваа аукција, пак, банките воопшто не купиле шестмесечни записи, туку целиот износ отпаѓа на другите инвеститори. Се постигнала камата од 8,99 отсто, што е повеќе во однос на последната стапка од 8,8 отсто.

И додека се' уште нема прецизни информации кога ќе се емитува еврообврзницата, на кој износ, со која камата и дали воопшто ќе успее тоа задолжување кај странски банки, очигледно притисокот е голем и државата не престанува да се задолжува на домашниот пазар. Како последици на тоа банкарските камати од ден во ден зголемуваат, достигнувајќи рекордни вредности.

Експертите, пак, не престануваат да предупредуваат - Владата мора итно да донесе свежи пари од странство.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F40D41326495E8489AEABCF8625BA171
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Владата плаќа граѓаните да не потплаќаат
Околу 420 илјади евра чини владината кампања за борба против корупцијата, за која македонските граѓани сметаат дека најмногу ја има во судството, парламентот, јавната администрација, медиумите, а прв пат и во приватниот сектор

Околу 420 илјади евра чини кампањата на Владата за борбата против корупцијата. Главниот тендер вреден речиси 393 илјади евра го добила фирмата „Омега комуникејшн“, а околу 24 илјади евра поделиле фирмите „Аквариус дизајн“ и „Репринт“. Инвентивноста на фирмите ќе ја видиме најрано дури по септември бидејќи Владата најави дека ги сопрела кампањите поради економската криза.
------------------

Шуќур, но треба сите кампањи да се сопрат, доста е вакво пренасочување на парите по разни фирми. Барем во ваков период.


Наместо тоа може вакво нешто

Обама одобри 30 милијарди долари за "Џенерал моторс"


Претседателот Барак Обама го опиша ваквиот потег како тежок, но рече дека е ,исто така, фер, и додаде дека ќе и даде на оваа легендарна американска компанија шанса повторно да се издигне
--------------------------
Од другите вести за економијата
Ребалансот на Буџетот пред пратениците
Возилата ќе поскапуваат
Ќе има отпуштања од „Усје“
Фершпед без лиценца поради пакет лижавчиња

Азија е посилна од кризата
Меѓународниот монетарен фонд предвидува дека само Азија в година ќе има пораст од 6,1 отсто, а показателите и за годинава од ден на ден се...

Тетовци незаинтересирани за субвенции
Македонско-турски бизнис разговори
Ребалансот не ги исчисти партиските вработувања
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Некој треба да ја искине магистратурата,а некој докторатот по економија.
Еве Lurtz ќе критикува од сега,јас ќе одмарам малку:)

Патем и Фершпед ќе не кошта.
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Владата плаќа граѓаните да не потплаќаат
Околу 420 илјади евра чини владината кампања за борба против корупцијата, за која македонските граѓани сметаат дека најмногу ја има во судството, парламентот, јавната администрација, медиумите, а прв пат и во приватниот сектор

Околу 420 илјади евра чини кампањата на Владата за борбата против корупцијата. Главниот тендер вреден речиси 393 илјади евра го добила фирмата „Омега комуникејшн“, а околу 24 илјади евра поделиле фирмите „Аквариус дизајн“ и „Репринт“. Инвентивноста на фирмите ќе ја видиме најрано дури по септември бидејќи Владата најави дека ги сопрела кампањите поради економската криза.
Не ги сопре целосно. Уште им траат на МТВ и на Наша бурек ТВ. Криза некриза, бурекот мора да јаде.:pov:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom