Менувајќи ТВ програми , си гледам во МТВ1 се најавуваше во 13:30 прес конференција во живо од премиеро.
Си велам , што пукна сега , ме фати љубопитност едвај чекам , си менувам програми да видам дали и на другите има слична најава , но немаше ... сешто ми се врти у глава ... име , војна , атентат , све нешто кон лошо , пошто за добро слабо не информираат.
Љубопитноста уште повеќе ми се зголеми , 13:30 часот , сеуште не почнува ништо ... одат минутите , најавата сеуште шиба на МТВ1 ... и еве , во живо , нешто пред 14:00 часот , сите редени во строј , кој повисок кој понизок ... и премиеро напред ... почнува , најавува некои мерки , за мене многу нејасни , грејс периоди , кредити , камати ... слушам се зборува за 6000 нови вработени , АКО , ЌЕ ... 13 милиони евра.
Веќе ми се појасни , ќе дадат пари за да се вработат луѓе.
Се надеваат на соработка со неколку општини, но и другите не се исклучени.
Одма ми се мотаат у глава цифри , бројки , милиони евра.
Со неверување и сомнеж реагирам на секоја точка.
Особено на крај кога слушнав дека ќе се одвојат 13 милиони евра ... а пошто ние богат народ , мене ми се причинија малку тие пари , зарем бронзата била поскапа од работните места.
Потоа фатив калкулаторчето на рака , 300.000.000 евра = 140.000 - 192.000 вработувања.
Еј си велам , да беше до парите , ние пари си имаме , сите ќе не вработеа во администрација , на неколку години , додека не стигне време да платиме државни кредити.
Да беше до парите си велам , и земјоделството ќе цветаше заради субвенциите. ... но гледам во 2011та имаме 8000 помалку вработени во земјоделие во споредба со 2010та.
Плус помало земјоделско производство.