Прво, Герасиме, треба да знаеш, дека станува збор за ангажирање на 8000 лица низ целата држава, а не вработување, за вршење на јавни работи. Јавни работи како копање некои канали на пр. пробивање траси, канализации и сл.
Работи извесно време, заврши работата и толку.
Оттука, не ти вреди спинувањето и небулозните муабети...
А кога сме кај превработеноста, веќе нашироко кружат муабети дека на зградата на општина Струмица попуштила статиката од премногу луѓе внатре. Е, таму навистина нема каде да седнат и треба некој столар да преземе мерки.

А да не зборуваме за тоа што вработени во најразлични јавни претпријатија под општинска капа во работно време држат пресови и сл. т.е. така земаат плата.
Ај претпоставувај си.
--- надополнето: 3 јуни 2012 во 21:22 ---
јас мислам дека не си ја разбрал доволно програмата па никаде немам прочитано за ангажирање на определено време или како што во минатиот екс ЈУ систем ја нарекувавме работна акција...груевски зборува за вработување ако добро разбрав .....
еве дел од програмата преродба во 12 корака....
Првите 4 мерки се од областа на вработувањето за 4.000 лица. Владата ќе ангажира 2000 лица кои имаат долгогодишна невработеност и дополнително уште 2.000 во соработка со општините каде има голема невработеност.
Вториот проект е за 1.000 нови вработувања со кредитирање. За дополнителни 550 вработувања, секое вработување ќе биде кредитирано со 3.000 евра . Фирмите ќе можат да вработуваат најмалку 3 лица за што ќе добијат 9.000 евра.
Со третиот проект се предвидени 1.000 нови вработувања, а ќе може да аплицираат граѓаните на 27 години и на кои обуката ќе им биде прво вработување. Владата планира да додели и 850 хектари државно земјоделско од 24 региони на Македонија.
Според Груевски земјиштето ќе се доделеува на работоспособни луѓе, а предност ќе имаат тие што примаат подолго време социјална помош. „Со оваа распределба на државно земјиште егзистенција ќе обезбедат 1.000 до 1.500 лица“, рече Груевски.
Владата планира уште дополнителни 8 мерки освен овие 4. Груевски кажа дека ќе обезбеди 10, 7 милиони евра за малите и средни фирми, за докапитализација на Македонската банка за поддршка и развојот со што „ќе се подобри пристапот на фирмите до кредитот.