Не ме заебавај се вади за 0.9 денари по литар давачка и што ке заработела 5.5 мил евр а на годишно ниво, не ме зафркавај капка во морето плус ова информација е од а1 така да сум многу скептичен и не можеш да ми кажеш дека заради о.9 денари дрѓавата што наплака давачка се толку поскапи горивата а не заради тоа што ти напишав во претхоново мислење
1.освен периодот на врвот на кризата кога привремено ја намали акцизата за горива па после пак ја врати на старо. но не ја зголеми туку ја врати акцизата на стапката што беше порано јас зборам да има повеке покачено отколку што било
2.нешто очигледно не гледаш дека за разлика од тогаш кога доларот беше слаб а еврото јако , сега е обратна ситуацијата тука барај ја разлика од тогаш колку било а сега колку е цената на нафтата не мора веднаш на владата како она за се да е дежурен кривец..
Eве ти цени на деривати во Македонија
Македонија
2005 50 дизел / 60 бензин
2006 55 дизел / 65 бензин
2007 54 дизел / 66 бензин / 70 $ за барел (брент) нафта
2008 60 дизел / 68 бензин / 147 $
2009 48 дизел / 55 бензин / 65 $
2010 58 дизел / 70 бензин / 85 $
2011 68 дизел / 80 бензин / 120 $
2012 75 дизел / 86 бензин / 128 $
Цени на брент нафта на светски берзи
И не се 0,9 денари по литар, туку доста поголема сума.А дневната потрошувачка е исто добра сума.
Знали по основа на акцизи над 160.000 евра дневно одат во буџетот, т.е. над 58 милиони евра годишно.Ова се само податоците од бензинските пумпи на Макпетрол односно грубо речено пола од податоците.
Лани сме трошеле над 620 тони бензин и дизел дневно
МАЈ 2012
17:38
Македонците лани точеле и трошеле над 620 тони бензини и дизел-горива просечно дневно на повеќе од 150 бензински пумпи низ целата земја. Од акциза на наточените дизел-горива и бензини во централниот буџет просечно на дневна основа се слевале над 160.000 евра.
Омилено гориво им е еуродизелот, а одвај го забележуваат биодизелот. Од бензините најмногу го трошат безоловниот Б-95. Регистрираните дизел возила полнеле над 3,5 литри, а бензинците помалку од еден литар просечно дневно, покажува анализата на МКД.МК правена врз основа на официјалните податоци за малопродажба на горива на „Макпетрол“, најголема компанија за трговија со деривати, која покрива повеќе од 65 отсто од македонскиот малопродажен пазар на нафтени деривати.
Македонците, во малопродажба, точат и трошат повеќе дизел-гориво иако има двојно помалку возила на дизел-погон. Лани се наточени и потрошени вкупно повеќе од 138.000 тони дизел горива што значи дека просечно дневно се точени 378 тони дизел-гориво. Тоа значи дека просечно на едно возило на дизел-погон дневно биле наточени над 3,5 литри нафта.
Наспроти возачите на дизел, сопствениците на бензинци лани танкирале и потрошиле околу 90.000 тони бензини, што значи дека на дневна основа биле точени околу 246,6 тони од овој дериват. Кога тоа ќе се подели на бројот на регистрираните моторни возила на бензински погон, кои според официјалната евиденција на МВР за 2010 година и нашата тенденција за раст од барем 5 отсто годишно, ги има барем 250.000 излегува дека во просек секој од нив дневно точел и трошел помалку од еден литар бензин.
Од аспект на централниот буџет покорисни биле сопствениците на возила на бензин. Од нив лани во буџетот влегле околу 1,95 милијарди денари односно околу 5,3 милиони денари (86.000 евра) просечно дневно. Наспроти нив дизелџиите просечно дневно ја полнеле државната каса со околу 74.000 евра односно со 4,5 милиони денари. Оваа разлика се јавува поради тоа што акцизата за дизел горивата изнесува 12 денари наспроти таа за бензините, која е 80 отсто повисока и изнесува 22 денари за литар.
Според официјалните податоци на „Макпетрол“, најголем учесник на пазарот на малопродажба со нафтени деривати еуродизелот е најпродаваното гориво на македонскиот пазар. Лани само оваа компанија , во малопродажба, продала 97.547 тони, што е речиси за половина повеќе од најпродаваниот бензин Б-95, од кој пумпашите наточиле 54.150 тони.
Дизелџиите и покрај еколошките кампањи се покажале конзервативни зашто не сакаат новини – лани потрошиле само 4.462 тони биодизел-гориво само 6 отсто од продажбата на еуродизелот. Во споредба со 2010 година продажбата на „еуродизелот“ лани бележи раст од 6 отсто, а продажбата на Б-95 е на речиси исто ниво како и во 2010 година.
МКД.МК
Друга работа, уште од пред продажбата на Окта во Македонија не е влезена брент нафта, а пресметките на цените се вршат на основа на таа нафта.Инаку е за 10-20 долари по барел поскапа од оваа кај нас преработена.
Уралската нафта и' носи милионски профити на ОКТА
Компанијата увезува неквалитетна евтина нафта, а ја прикажува како скапа брент нафта, од што има голем ќар
МАЈА ТОМИЌ
ОКТА увезува уралска или друга тешка сибирска нафта, која е евтина и со низок квалитет, а од друга страна, прикажува дека увезува и преработува скапа брент нафта. Капацитетите на ОКТА се градени во друго време и технологијата не одговара за преработка на поскапа нафта.
Но, тоа функционира добро за компанијата, бидејќи на тој начин таа остварува за себе високи профити, велат експертите. Затоа што берзанската цена на барел брент нафта е за околу 10 долари повисока, разликата од цените останува како чист профит за ОКТА.
Поголемиот дел од овој профит директно останува во Г*ција, во седиштето на „Хеленик петролеум“, бидејќи нафтата се транспортира до Македонија преку солунското пристаниште. Врз основа на цената на брент нафтата на Лондонската берза, иако таква реално не се увезува, туку поевтина, согласно со домашната методологија за пресметка на цените на нафтените деривати и курсот на денарот, се формираат малопродажните цени на дериватите. На тој начин ОКТА остварува висока заработувачка.
„Со веќе донесената тужба не можеме ништо да направиме. Но, затоа Владата може да поведе тужба пред меѓународните судови, затоа што ОКТА ги изигрува македонските закони и ги злоупотребува институциите и граѓаните со тоа што не' снабдува со поевтина и понеквалитетна нафта, а ја прикажува дека е брент и така остварува значителен профит. Секако, треба со документи да го потврди тоа“, вели Јакимовски.
ОКТА големи профити остварува и со едностраното користење на нафтоводот Скопје - Солун. Согласно со договорот, за транспорт на еден тон нафта, за секои пренесени милион тони годишно, се наплаќаат по 25 долари. (Иако експертските пресметки беа дека исплатливоста на нафтоводот е со 400.000 тони нафта годишно и цена на транспорт од 21 долари по тон.) Ако се транспортираат помали количества, со тоа се качува цената на превозот. Инаку, сега таа изнесува 26,4 долари по тон. Со вака прикажани трошоци за транспорт, кои се вградуваат во продажната цена на дериватите, според некои пресметки, ОКТА остварува најмалку 15 милиони долари чист профит годишно, споерд други извори е околу 600 милиони долари. ОКТА не ја прифати понудата на „Македонски железници“ за транспорт на суровата нафта, иако нивната цена беше за 9 долари по тон пониска, нанесувајќи и' со тоа директен удар на компанија.
Кога во 2002 година дојде на власт СДСМ, беа направени пресметки дека за три години од потпишувањето на купопродажниот договор со ОКТА во 1999 година, што го направи владата на Љупчо Георгиевски, државата е оштетена со 120 милиони долари. Тоа е по основа на неплатени акцизи и царини за увозот на нафтени деривати, увоз на нафтени деривати наместо сурова нафта, како и по основа на разликата во цената на нафтата на светскиот пазар со онаа која монополски се наметна на домашниот пазар.
Статијата е прочитана 1769 пати.
Се сеќаваш кој го потпиша договорот за ексклузивитет со Окта?Или немаш толку години?Да не испаднам проСДСМ, тие во 2002 крекаа за Окта, а го продадоа ЕВН.
Нека ги префрлат админите во темата за гориво ова и цитираното, ако не е за овде.