Ви се случила некоја натприродна работа?

Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
I mene mi se ima sluceno ama slicno. Ova mi se sluci pred 6 godini. Za vreme na svetskoto prvenstvo vo japonija i j.korea vo 2002....i nekako vo pamet mi dojde deka ekvador ke ja pobedi hrvatska so 2:1 i odam na skolo i na drugarite im vikam ekvador ja tepase hrvatska a oni mi vikaat tie uste nemaat igrano i deka sum se pomesal so nesto.....ivecerta gi gledam rezultatite i stvarno bese taka Ekvador-Hrvatska 2:1 (inaku ova bese mec vo grupata):toe:
Еквадор-Хрватска играа на 13.6.2002 година! Зар ти уште идеше на школо на тој датум? И... 1-0 беше за Еквадор.
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
Posle mesec dena majka mi si rabotela vo kujna nesto, imala pusteno muzika na radio u dnevna i sve super i slusa samo kako nekoj igra i se kacuva na masa u dnevna, pa viknala dosta more zaso mislela deka e tatko mi, samo koga gleas tatko mi i vika sto e- bil u WC, majka mi se svrtela i se smrznala. Videla nekoj visok covek so mustaki, oblecen vo obleka ko od pred ne znam kolku godini, i i se nasmeal. Majka mi trcankata nadvor od stan od strav i koga se vratila nemalo nikoj.
Кај исчезна татко ти од приказната или па незнаеш да лажеш ко што треба ??? Или не те излажале како што треба???:toe:
 

Ајверсон

Confessions*
Член од
4 август 2007
Мислења
3.116
Поени од реакции
5
Пред некоја вечер ми се деси ова.. ама стварно језиво...

Се враќав од скитање низ град.. касничко беше, полнок минеше ..
Низ мојата маала после 9/10 часот е темно ко у дупка, и нема некоја раздвиженост. .. Не дека ми е страв го знам секое коше, би одел мижејки насекаде.. . но .. вракајки се загледав едно маче. .. ова ко од филмот и верувајте потсвесно почнав да го следам ко на тој ебениот филм со мачката шо ја следат.. и наместо за 10 мин да бев дома, јас вртев низ цела маала и по тоа клето маче и се вратив дома за 25. .. кога седнав дома, некако ко да се расонив... не ни бев свесен шо правев. .. Уште се тресам на самата помисла... ко хипноза беше ебаго. .. :S
 
Член од
5 март 2007
Мислења
194
Поени од реакции
4
не можам да им оддолеам на приказните на баба ми за самовили и слични паранормални појави. со која убеденост ми ги раскажува тоа чудо некое, книга можам да напишам
и тоа на времето, нели кога немало дроги апчиња ѓаоли врагови..
што е најинересно немало ни струја во селото
како некое дете згазнало светец
како кокошки се претварале во убава девојка
па самовилска свадба ... слушале музика

инаку баба ми е страшен верник, не во смисла на голем познавач на религијата како таква, него онака слепо верување во бога, бидејќи тоа така го наследила
па затоа, секоја среда и петок цел живот пости, секој велигденски и божиќен пост, значи по неколку месеци пости. потоа секоја вечер кандило си пали дома пред иконче мала од богородица. црква во недела освен кога лежеше во болница нема пропуштено
секој втор збор и е господ, во животот никогаш нема излажано (нема ни капацитет да лаже), за да украде нешто да не збориме.. и ред други работи

многу ми се интересни нејзините соништа, кои што одпосле перфектно ги толкува и никогаш не ги заборава што е чудно за толку стара жена без скоро па никакво образование, речиси неписмена
така ми има кажано дека албанец на сон е светец, неколку пати и се има појавено и тоа во, за нејзе, судни моменти во животот.
богородица па скоро секој месец..
никогаш не заборава да ми рече: мајке да верувате во бога
или: богородица мене ме чува, јас вас ве чувам

од нејзе имам исто така некое верување дека ете во некој период од годината ако сабајлечки те опее кукавица на гладно срце, демек голема несреќа ќе те снајде скоро... што и се има случено, па знаела дека нешто ќе ја снајде нејзе лично или најбиските, потоа и се случи навистина страшна работа за која не би должел многу, битно ми беше она со кукавицата..
затоа секое одење на село првото утро баба ми ми` пика сув леб во уста уште очите ми се неотворени, само за да птицата не ме опеела на гладно срце.. без разлика дали јас верувам во тоа, она верува, без разлика што се случува во мојот живот она вели дека ме чува..
чуден човек е баба ми
 

Anuskan

~Keep Smiling~
Член од
13 јануари 2008
Мислења
191
Поени од реакции
10
Кај исчезна татко ти од приказната или па незнаеш да лажеш ко што треба ??? Или не те излажале како што треба???:toe:
Бил у веце нели, серел чоекот, не исчезнал!:pos2: Ја слушнал мајка ми како го вика и то. Не можел сред "работа" да станува. И плус не ни помислил дека такво нешто може успат на мајка ми да и се случува.
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
Бил у веце нели, серел чоекот, не исчезнал!:pos2: Ја слушнал мајка ми како го вика и то. Не можел сред "работа" да станува. И плус не ни помислил дека такво нешто може успат на мајка ми да и се случува.
ПА затоа и те прашав:smir:...Пошто рече КОА СЕ ВРАТИЛА НЕМАЛО НИКОЈ.:salut:
 

Anuskan

~Keep Smiling~
Член од
13 јануари 2008
Мислења
191
Поени од реакции
10
Немало никој во дневна сакав да кажам! А татко ми си вршел работа во веце:pos2:, уште немал појма што се случило.
П.С. Аман веќе јас раскажав што ми кажале мене, ни ја не знам дали да верувам. Ако сакате верувајте, смејте се или што и да е.
 
Член од
24 мај 2007
Мислења
92
Поени од реакции
0
Најчудното до сеа што ми се има десено.Незнам како ке го сватите
ама ај да пробам ја најдобро да го објаснам. :)
Се прибрав вчера дома накај 13 30 часот и тркај се навака натака некако седнав пред комп.Гледам колку е часот и ми покажува 14 02.
на ѕид исто така имам саат гледам 13 40.СИ викам не е можно 20 мин
еден да касни.Вракам поглед у комп гледам 13 и 50.се на се цело време за гледање по саатите беше не повеке од 20 секунди.
Незнам дали ја погодив темата за ваква дешавка ама сепак Чудно е.
:nesum:
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Абе не е да те плашам:).
Не буквално да ти тежат очите, него замајан си, делуваш поспано итн.
Мене ми се случи те така да спијам многу. Јас преку ден спијам исклучиво кога сум ептен изморен, а во тоа време гајле немав. Е сега, почнав многу да спијам и кога ќе станам пак да бидам изморен како уопште да не сум одмарал. И тоа со очите така, се ме тераше да ги т`рлам. И отидов кај една жена, и таа ми баеше и кога заврши утредента бев како нов. Жената претходно ми имаше направено амајлија, нешто замоткано, некои билки се изгледа, ама амајлијата ми се скрши. И она се чудеше зашто ме фаќале уроци кога сум имал амајлија. Е тогаш јас и кажав дека амајлијата ми е скршена. Таа ми направи нова и оттогаш не сум имал некои проблеми.
Тоа со спиењето траеше од некаде средината на септември, а на баење бев не знам точно кој ден, ама знам дека беше првите 2-3 дена од октомври.
Абе луѓе у кој век сме за уште да веруваме у вакви глупости? Ако нешто не е во ред со мене значи треба да идам на бајачка, да ми даде амајлија и средено е:pos2:
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
Абе луѓе у кој век сме за уште да веруваме у вакви глупости? Ако нешто не е во ред со мене значи треба да идам на бајачка, да ми даде амајлија и средено е:pos2:
Глупости?!?!?!
Колку и да звучи смешно , колку и да звучи застарено, сепак и не е тоа глупост....а зошто???
Затоа што автосугестијата , сугестијата и пласибо ефектот се докажани дека навистина делуваат.
А сите тие бајачки мајачки се сфатливи дека имаат ефект кога ќе ти се познати тие работи , и покрај тоа што сите такви врачови тоа го поврзуваат со некои си мистериозни сили.

Уроци и баење...навистина постои...и навистина делува.....ама не е тоа мистерија , кога сето тоа многу лесно се објаснува преку психичките феномени како што е пласибото.:salut:
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
9
Поени од реакции
0
Ova mene so mi se ima deseno ne e niso strasno ali aj da kazam:
Ako go imate gleano Egdzorcizmot na Emili Rows u filmov kazuvaat deka 3 saat e demonsko vreme toa koa demonite se potsmevale na svetoto trojstvo bla bla bla... I devojkava se budi u 3 saat i neso pagaat sranja od masata ne e bitno. Ja na kom. dremev ko po obicaj i mi se prispa sestra mi bese iskocena, a majka mi spiese u dr. soba i si legnav, a do krevetot imase masice i na sredina na masata imase kesa nekoja. Go gleam kom. i bese 3 i 2 min. gi zatvaram ocite i kesava padna a ubavo ptimetiv deka bese na sredina kolku se upickav ke poludev i onakva lele sestra mi neka doe i ete ja nea po 5 min. lele kolku se izraduvav. Si zaspav i se bese OK. Drugi vakvi desavki ne mi se desile fala bogu:je:
 

5ko

Член од
20 октомври 2007
Мислења
122
Поени од реакции
3
Мене пред некоја вечер ноќта кога дуваше ветер забрзано движејќи се по тротоар одеднаш помеѓу две згради во простор кој не беше осветлен пред мене се појави бел дух и се движи во мој правец за момент ми поминаа морнци и дишењето ми се промени (изгледа се подисплашив) но по цели 3 секунди сватив дека тоа е жена на која ветрот и ги дувнал чаршавите од тераса а она само си ги собрала и ги префрлила преку рамо.
Сеуште ми се смее кога ќе се сетам на тоа.
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
119
Поени од реакции
6
Neznam dali ke vi e ova CUDNO ama jas stanuvam nautro i si mislam negde okolu 11:30 e i go gledam saatot na mob. gledam 12 bez 15, odam vo dnevna gledam na zidnoot casovnik 17:10, go vklucuvam kom. gledam 12 i 30. Bidejki nemozev da utvrdam kolku e saatot se javiv kaj drugarka mi i ja prasav dali znaete so mi rece?! Veli: Pa ti budalo, legnuvaj, spi, so ti teknalo volku rano da mi zvonis pa nema ni 10 saat! Zamislete!!!!
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Глупости?!?!?!
Колку и да звучи смешно , колку и да звучи застарено, сепак и не е тоа глупост....а зошто???
Затоа што автосугестијата , сугестијата и пласибо ефектот се докажани дека навистина делуваат.
А сите тие бајачки мајачки се сфатливи дека имаат ефект кога ќе ти се познати тие работи , и покрај тоа што сите такви врачови тоа го поврзуваат со некои си мистериозни сили.

Уроци и баење...навистина постои...и навистина делува.....ама не е тоа мистерија , кога сето тоа многу лесно се објаснува преку психичките феномени како што е пласибото.:salut:
А зар не се сите тие проблеми на психичка база и баш тоа се користи за да се помогне, значи се допира до човечката психа и на разни начини се прават обиди да се реши проблемот. Многу наши болки и болести се баш заради вакви психички промени и затоа да речеме дека со делување врз човечката психа ќе дојде до подобра и психичка и физичка состојба на човекот. Не сум запозната со баења и сл ствари, ама веројатно тоа е нешто вакво, како што кажа лесно објасниво преку психичките феномени.
Амајлија како амајлија не може да ти помогне, туку може да ти помогне само она внатрешно чувство кое гради сигурност баш ради убеденоста во моќта на таа амајлија.
Значи пак, се` е до човековото гледиште на работите, на пример, некој е сигурен дека проблемот може сам да си го реши, а некој се плаши, се вади од памет што ли му се дешава, и бара бајачки:toe: .
 
Член од
9 февруари 2006
Мислења
112
Поени од реакции
2
Кај мене на работа стално се дешава нешто чудно, де телевизор сам ќе се упали у DVD соба (иако сега некој ќе рече тајмер имало, ама проверено е тајмерот е исклучен),башка заклучена е собата па еднашка сабајлечки иако немаше жив чоек тука, од копче сам се себе упали компјутер и такви ствари
 

Kajgana Shop

На врв Bottom