Ви се случила некоја натприродна работа?

Doc holidej

I'm your huckleberry!
Член од
6 септември 2012
Мислења
78
Поени од реакции
52
Знаев дека за месечарење ќе ме праша некој:D, не месечарам и никогаш не ми се случило тоа...до сега веќе ќе знаев ако имам таков проблем:D
а да не си пиел..оти и ја некогаш начукан мешам работи...бај д веј ти верувам бац..
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Е ајде де сега, зошто кажа Горан, зошто не кажа Гоце или Аце? Зошто спомна претходна врска.. Требаше да видам што тревки ми нудеше за растерување на магијата, може ќе смотаФ нешто сега.
Од сеа со мене под рака. Баш ме интересира што мене ќе ми каже. Да не ме направи дека "состојбава" која ја имам е клетва која ја направил некој на моите, што ги мрази :D.
 
Член од
30 јануари 2010
Мислења
101
Поени од реакции
17
Јас сум магнет за вражачките низ Скопје. Има една госпоѓа, ме има застането досега 3 пати и тоа на различни места од градот. Е сега си правам муабетче со неа, цигара ќе и понудам, 20 ден. ќе и дадам (колку да не е без ич муабетот) и нон стоп ми врти муабет за црна магија и црна жена во мојот живот која ме мрази... Ама тој муабет како почнал така и си заминува.
Денес пак ја сретнав, незнам дали веќе ме научи како изгледам или не, ама немав време да си помуабетам. Немаше ни 10 мин. налетав на една друга. И сега ај нели нема смисла (душичка жената) ќе ја ислушам. Застанавме да збориме и она стандардното, имаш среќа наредни 3 дена, ти се смееш надворешно ама душата ти е стегната во тупаница имаш таков пријател имаш таква пријателка.. И викам „Бабе“ еве за муабетот што си го направивме те частам 100 денари. И ги зема парите и ми вика.. Ти во минатото со кој си раскинала долга врска? Викам е бабе одамна беше знаеш деца, па дечковци... Вика сега си во врска долги години ама нема брак сеуште нели. Викам абе тежок живот што да се прави. Вика НЕ, имаш магија направено. И ме прашува кој е Горан? (инаку колку за инфо Горан е дечкото од претходната врска која ја раскинав пред 12 години а со кој одев долго) И јас овде се пресеков. Викам незнам, не познавам Горан... (лажев најнормално)
И вика Горан не сака да те види среќна дури до 59 години, оти после тебе не му е се исто.
Викам бабе отидов ...

Е ајде де сега, зошто кажа Горан, зошто не кажа Гоце или Аце? Зошто спомна претходна врска.. Требаше да видам што тревки ми нудеше за растерување на магијата, може ќе смотаФ нешто сега.

Знај само едно дека неможеш да лажеш некој во кој има сила дали темната -во која спаѓаат гатачи гледачи на кугли карти и тн.... а тој кој го има божјиот дух-тоа се пророците тие се божјите слуги али да знаеш дека има многу лажни пророци-(Луѓе кои се гатачи гледачи се декларираат дека се божји слуги а животот на тие луге е во хаос никаде не го спомиња бог тие се лажни пророци) во таквите луге има сила тие се свесни дека ти ги лажеш.Адека постои невидлива сила постои само едно знај дека гатачите не се од Бога.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
А ако гатачите искажуваат тајни божји пораки? Не сите, ама некои од нив, блосоени од божја милосија?
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
А ако гатачите искажуваат тајни божји пораки? Не сите, ама некои од нив, блосоени од божја милосија?
мхм, баш циганката што ја сретнав е божји гласник... Сама ми кажа низ муабет додека ми ја кажуваше цената на тревките.
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Некои случки се постирани на блогот ММК. Подоцна ке постирам еден сон кој го имав раскажано пред некое време. Во детали е... Сега за жал немам време
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Ми се нема случено натприродна работа, но интересен е фактот колку „атеисти“ од форумов во делот религија плукаат со сарказам и иронија, а тука се изјаснуваат небаре ко роман да пишуваат.
Каде jа наjде поврзаноста на неверувањето во бог со неверувањето во натприродни работи од типот магии, други димензии, НЛО и слично? Атеистот не верува во Бог и краj, се друго е по негов избор и доколку сака ќе верува во натприродни работи. За натприродните работи има повеќе докази отколку за постоењето на Бог.
 

Paramour

Distinctively Different
Член од
6 октомври 2012
Мислења
125
Поени од реакции
71
Каде jа наjде поврзаноста на неверувањето во бог со неверувањето во натприродни работи од типот магии, други димензии, НЛО и слично? Атеистот не верува во Бог и краj, се друго е по негов избор и доколку сака ќе верува во натприродни работи. За натприродните работи има повеќе докази отколку за постоењето на Бог.
кои натприродни работи и какви докази?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom