Јас сум магнет за вражачките низ Скопје. Има една госпоѓа, ме има застането досега 3 пати и тоа на различни места од градот. Е сега си правам муабетче со неа, цигара ќе и понудам, 20 ден. ќе и дадам (колку да не е без ич муабетот) и нон стоп ми врти муабет за црна магија и црна жена во мојот живот која ме мрази... Ама тој муабет како почнал така и си заминува.
Денес пак ја сретнав, незнам дали веќе ме научи како изгледам или не, ама немав време да си помуабетам. Немаше ни 10 мин. налетав на една друга. И сега ај нели нема смисла (душичка жената) ќе ја ислушам. Застанавме да збориме и она стандардното, имаш среќа наредни 3 дена, ти се смееш надворешно ама душата ти е стегната во тупаница имаш таков пријател имаш таква пријателка.. И викам „Бабе“ еве за муабетот што си го направивме те частам 100 денари. И ги зема парите и ми вика.. Ти во минатото со кој си раскинала долга врска? Викам е бабе одамна беше знаеш деца, па дечковци... Вика сега си во врска долги години ама нема брак сеуште нели. Викам абе тежок живот што да се прави. Вика НЕ, имаш магија направено. И ме прашува кој е Горан? (инаку колку за инфо Горан е дечкото од претходната врска која ја раскинав пред 12 години а со кој одев долго) И јас овде се пресеков. Викам незнам, не познавам Горан... (лажев најнормално)
И вика Горан не сака да те види среќна дури до 59 години, оти после тебе не му е се исто.
Викам бабе отидов ...
Е ајде де сега, зошто кажа Горан, зошто не кажа Гоце или Аце? Зошто спомна претходна врска.. Требаше да видам што тревки ми нудеше за растерување на магијата, може ќе смотаФ нешто сега.