Не знам прикаскава дали е за тука..
Имало некој Борче од Куманово,што лечел вакви будали работи..
Млади луѓе се венчале,и било тоа свадбата шо било..Си се разотишле сите,овие си отишле у соба,си легнале..
Утредента мајка му на младоженецот рекла ај да ги разбудиме,а некој рекол,нека ги нека си поспијат уште малце,пошо вчера од свадбата сигурно се умориле..
Добро рекла мајка му на младоженецот..И ги остаиле да спијат,ама дошло 6 поручек времето,и почнале да тропаат на врата да ги разбудат,ама никој не реагирал..
Влегле внатре,овие ни дишат ни ништо..Легнати на грб и двајцата у иста положба..
И овие испаничени ни доктор ни ништо,право кај тој Борче..Како да претчувствувале нешто..
Кога отишле кај тој,он сам им рекол све..Ништо нити му кажале,нити што нити како..
Им рекол следново..
Немој да се плашите..
Ќе идете дома,кај што се подароците од свадбата ставени,ќе барате зелена бомбоњера..Ќе ја отворите бомбоњерата,и ќе најдете мртва змија навртена во круг..Кога ќе ја извадите змијата од кутијата,ќе умре тој што го направил ова..
Овие го послушале,отишле дома,нашле зелена бомбоњера,внатре мртва змија увиткана у круг,и кога ја извадиле умрел кумот..
Така нешто беше..Одамна ми ја има кажувано мајка ми..