Ви ги крадат, ги губите или ги расипувате мобилните телефони?

Necrophilia

Find Prettys Womans from your city for night
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
абе водка, требал само процесорот да се прелеми и пак ке бил топ телефонот, ама во тој случај немаше да го имаш сониериксонот
 
Handsome

Love me or Blow me !!!!
Член од
21 јануари 2006
Мислења
852
Поени од реакции
1
не знам...идиот сум нели??? да 8):kesa:
инаку еднаш многу се напив ко да не бев видел алкохол,земја воздух ракета и кога сум влегол во такси најверојатно сум го дал на таксистот зошто другиот ден ми го немаше телефонот а сите пари ми стоеја...а не се сеќавам на ништо од добри 3-4 саати од таа вечер...:tapp:
 
Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.606
Поени од реакции
13.304
Искуства од претходни телефони

Кажувајте ги сите ваши НЕГАТИВНИ И ПОЗИТИВНИ искуства од претходните мобилни телефони ...

Еве јас ке почнам :

Јас имам едно негативно искуство кога купив сони ериксон к700и : тоа џојстикот 3 пати го менував, екранот ми пукна од добро стоење, батеријата траеше 2 дена преку сила и така..

Позитивно искуство имам со Моторола В3 не ја служев долго но бев задоволен од перфомансите (повеке од к700и)

А вие ?
 
Necrophilia

Find Prettys Womans from your city for night
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
B_O_Z_I_N_O
ти ја споив темата со оваа, поради тоа што имаат иста тематика т.е. цел.
 
Necrophilia

Find Prettys Womans from your city for night
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
затоа што оваа тема е стара со месеци и иманаправено веќе три страни и е на иста база со твојата и тука може да се кажуваат такви искуства.
 
Рунчев

Esi mi dobaaar
Член од
29 мај 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
191
Е вака читајќи ги претходните постови ми текна на мојата нокиа 3310.. Тоа време ја купи 9990 ден од мобимак, хит голем беше особено кога го ставеше да вибрира и се вртеше во круг. Еден ден гледа покажува дека нема СИМ картичка, пробав ја вадив ставав но никако да ја одима картичката :) Тогаш гадно се изнервирав и го треснав од работ на масата и дисплејот едноставно стана лијаков :(. Страв ме фати и го ставив позади печката и измислив филм дека го сум го оставил некаде и дека неможам да го најдам...По некое време татко ми го пронајде и го проголта филмо...
Потоа зедов сименс не ми текнува баш што беше, ама знам дека го зедов 9500ден.. Еден ден враќајќи се од базент ми падна на плочките и му излегоа линии на екранот... Бидејќи беше под гаранција го однесов во Космофон и почекав некаде 1-2 месеца и ми рекоа дека не се поправа, дека процесорот е прегорен итн. Си го земав телефонот го однесов кај локален мајстор и човекот кога го отвори падна во несвест, во телефонот немаше половина делови, а тие што беа таму сите беа од различни фирми....
На крајот заклучив дека проблемот е до сумата, па затоа веќе не земам телефони од 9000 до 10000 ден :):)
 
во секој случај мислам дека проблемот е до тебе, а не до електрониката :) а тој локален мајстор најверојатно незнаел дека сименс користат епсон хибриди, сониериксон сигнал процесори и дијалог процесор на нокиа т.е. кај нокиа го викаме УЕМ.
 
Член од
6 мај 2006
Мислења
611
Поени од реакции
50
Епа ај и јас да се пофалам:pipi: Мислам дека беше втора средно и бевме на екскурзија во Крушево.. после долгата вожња до Мечкин камен и разгледувањето на споменикот и неговата околина не оставија кај едно ресторанче да си починеме по напорниот пат.=) Набрзина излетав од автобусот со мојата најдобра другарка во потрага по мојот тогашен симпатија:wub: се дружевме со неговото друштво се разбира.. се договоривме што ке се прави дур тргнат автобусите и иако јас премногу сакав секоја можна секунда да ја поминам покрај него (ах младост лудост) не можев да издржам ни секунда повеке без да одам во WC и го шепнав тоа на другарка ми, а останатите ни кажаа дека ке се движат бавно да побрзаме.. Замислете јас така затрескана стигам пред WC-то и гледам огрооомен ред.. некако успеав да се избуткам до вратата молејки ги сите да ме пуштат да одам пред нив, немаше шанса да дозволам да ни отидат предалеку па да чекам до следното застанување да го видам.. аххх како ли не бевме во ист автобус:nerv::icon_razz Веднаш штом се ослободи кабината улетав внатре и во брзање ги соблеков фармерчињата кога слушнав Пљас.. мојот мобилен излета од мојот џеб право во чучавецот:nesum:
Дали ви се верува пред цело школо и сите професори јас во единственото WC таму на планините си го оставив мојот нов мобилен телефон.. почнав да викам, да урлам... да објаснувам што се случило очајно обидувајки се да најдам некој што ке ми помогне дур не се појави прем мене сопственикот кој најдрско на цел свет ми кажа девојче кога не си мислела сега мобилен во мобимак-(тогашен) ке си бараш и ми сврте грб. Трчав по него за да ми каже до каде водат одводите и каде да си го барам телефонот.. нормално човекот само се насмеа. Незнам зашто бев толку упорна да стигнам до него иако бев пресвесна дека нема да функционира, но знаев дека сакам да го имам па по секоја цена. Една од моите професорки дојде со мене до шахтата ја отворивме и сите можни соученици што беа во близина се собраа да го сведочат настанот. После неколку покани од страна на професорката некој да посегне по него таа задача ми остана на мене. и да.. со кеси на рацете посегнав по телефонот и го извадив. За срека воопшто не беше како скопскиве канализации... дупка и цевка немаше ниту вода навистина беше чисто но сепак беше ужасно искуство. Кое потоа се прераскажуваше по автобусите:kesa:а јас со цел памет бев срекна што не сум ја изгубила картичката во која имаше безценети пораки- КАКО НЕ! ах како ли само сум размислувала коа ке се сетам.. можам цел ден да си се смеам на самата себе. Се деси што се деси.. симпатијата ми беше тука на неколку метри од нас не избегал некаде во далечините каде што не можам да го најдам, а јас жива срекна што сум блиску до него со картичката пуна со негови пораки во џеб:pos2::pos2::pos2: аааа смешно ми ее:pipi:
 
Рунчев

Esi mi dobaaar
Член од
29 мај 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
191
во секој случај мислам дека проблемот е до тебе, а не до електрониката :) а тој локален мајстор најверојатно незнаел дека сименс користат епсон хибриди, сониериксон сигнал процесори и дијалог процесор на нокиа т.е. кај нокиа го викаме УЕМ.
Проблемот секако дека е до мене:kesa:, а за мајсторот не ми спомнувај тој од телевизор прави кука за зајци :), ама во тоа време само он ги баратеше телефоните..
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
17.055
Поени од реакции
51.412
За чување сум жив звер нема изгубено телефон сите 3 што сум ги имал еве ми ги дома седат.(да не се урочам) а имам 2 телефона најдено првиот ми извади пари за Нова година а со вториот на одмор отидов..што значи ваљда дека кај и да е треба да изгубам и јас..:kesa:
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
164
Ни сум расипал, ни ми украле, ни сум изгубил мобилен телефон. (пу пу :pos: )
 
PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Ги губам, сите до еден. Некои си ги наоѓам после, некои па некој друг си ги наоѓа. :icon_lol: Конкретно претпоследниот мобилен си го изгубив во Место, кога отидовме после собиранката во Дајмонд, таа на 2 јуни што беше. Ми го нашле под сепаре (веројатно ми испаднал), ми се јави шанкерот (пошто вечерта се запознав со него, иначе тикви што ќе се јавеше :pos:), ама јас дур отидам да го земам, се` одложував и на крај кога конечно решив да наминам, читам на врата дека затвориле и дека зимска сезона отвара тек у Октомври. :pos: И така, се откажав од тој телефон.

Исто и ги расипувам, тоа е неминовно, ама за тоа си има лек, ми ги поправале. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom