Е вака читајќи ги претходните постови ми текна на мојата нокиа 3310.. Тоа време ја купи 9990 ден од мобимак, хит голем беше особено кога го ставеше да вибрира и се вртеше во круг. Еден ден гледа покажува дека нема СИМ картичка, пробав ја вадив ставав но никако да ја одима картичката

Тогаш гадно се изнервирав и го треснав од работ на масата и дисплејот едноставно стана лијаков

. Страв ме фати и го ставив позади печката и измислив филм дека го сум го оставил некаде и дека неможам да го најдам...По некое време татко ми го пронајде и го проголта филмо...
Потоа зедов сименс не ми текнува баш што беше, ама знам дека го зедов 9500ден.. Еден ден враќајќи се од базент ми падна на плочките и му излегоа линии на екранот... Бидејќи беше под гаранција го однесов во Космофон и почекав некаде 1-2 месеца и ми рекоа дека не се поправа, дека процесорот е прегорен итн. Си го земав телефонот го однесов кај локален мајстор и човекот кога го отвори падна во несвест, во телефонот немаше половина делови, а тие што беа таму сите беа од различни фирми....
На крајот заклучив дека проблемот е до сумата, па затоа веќе не земам телефони од 9000 до 10000 ден
