Колку пати да кажам - ако знаете како да помогнете - пишете, ако не знаете - стојте на страна.
Од моите познавања ендорфинот се стимулира во хипоталамусот и хипофизата. Етимологијата на зборот ендорфин доаѓа од
endogenous и mo
rphine, што протолкувани би означувало нешто што се синтетизира во внатрешноста на организмот и има дејство слично на морфиумот.
Односно, ендорфинот на некој начин влијае врз контролата на болката - дејствува директно на невротрансмитерите, па затоа при тешки физички напори, и покрај болката, луѓето (па и животните) се во можност уште да ја извршуваат активноста.
Се поистоветува и со серотонинот затоа што на некој начин, ублажувањето на болката нели се смета за позитивно манифестирање врз организмот. Аналогно на тоа, зголеменото лачење на ендорфинот прави да се чувствуваме убаво.
Нивото на ендорфинот може да се покачи при стресни ситуации и интензивни физички активности.
Нема ништо лошо во тоа да се има високо ниво на ендорфин - едноставно, убаво е
--- надополнето ---
Кај го мерат ова? Да идам да се измерам
Не, озбилно...како иде мерењето и каде се врши?
Мерењето се врши со PET (односно, томографска емисија на позиторни) со кои се регистрира нивото на ендорфинот. Не знам дали го има кај нас, ама дефинитивно на тој начин се одредува нивото на ендорфинот
p.s. Темата преместена во здравје.