Вицеви без наслов 2 дел

Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.732
Поени од реакции
22.727
Откритија на маж и на жена

Мажот го открива зборот и го измислува разговорот,
жената го открива разговорот и го измислува дрдорењето,
мажот го открива земјоделството и ја измислува прехраната,
жената ја открива прехраната и ја измилсува диетата,
мажот го открива пријателството и ја измислува љубовта,
жената ја открива љубовта и го измислува бракот,
мажот ја открива жената и го измислува сексот,
жената го открива сексот и ја измислува мигрената,
мажот ја открива работата и ги измислува парите,
жената ги открива парите и сè оди во п. м.
 
V

Vollstandig

Гостин
Некој селанец дошол во градот и се возел со автобус. Некоја девојка го згазнала селанецот со штикла по ногата и почнала да му се извинува. Овој се свртел и и рекол:
- Девојко, не се секирајте, ние од село навикнати сме стоките да не газат.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.652
Поени од реакции
35.242
Се враќа Трпе дома,влегува во спалната и ја гледа Трпана со швалер во кревет.
Швалерот одеднаш скокнал, набрзина си ги собрал алиштата и ја летнал низ врата.
Трпе разочарано и вели на Трпана:
- Аман мори Трпано, кај го најде овој некултурен, ни мене здраво, ни тебе фала:D
 
V

Vollstandig

Гостин
Се враќа Трпе дома,влегува во спалната и ја гледа Трпана со швалер во кревет.
Швалерот одеднаш скокнал, набрзина си ги собрал алиштата и ја летнал низ врата.
Трпе разочарано и вели на Трпана:
- Аман мори Трпано, кај го најде овој некултурен, ни мене здраво, ни тебе фала:D
Заклучок? Културата пред се!
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Заминал Мујо Германија на печалба и после 1 година ја зема Фата со себе ... одат таму во некој ресторан и седнува до нив една млада згодна девојка .. и фата вика : која ти е оваа мујо ? А он и одговара: оваа ми е швалерка ... сите што се бизнисмени овде имаат швалерка . На другата маса го здогледуваат Хасо со некоја жена , и фата му вика на мујо : а онаа на Хасо швалерката ли е ? мујо и вика : да таа е , а фата : ухх ми олесна нашава поубава е :)

Оди мујо во полициска станица и му вика на командирот :
-Овде сум за огласот што го имате дадено во весник!
-За кој оглас ? му вика командирот ..а мујо вади весник од џебот и чита : - се бара ќелав маж на возраст од 45 години , што шета во паркот и силува жени .. и му вика на командирот
- јас сум заинтересиран ако давате добра плата ке почнам веднаш :)
 
Член од
15 март 2010
Мислења
603
Поени од реакции
1.807
Наставничката го прашува Трпе:
Трпе што значи татковината?
-Не знам!
Ти си глуп!Цветко што е татковината?
-Татковината е моја мајка.
Точно.Трпе што е татковината?
-Татковината е на Цветко мајка му!
Ти идиоте!Татковината е и твоја мајка исто така...Разбра?
-Разбрав!
Што разбра?
Јас и Цветко сме браќа. :pos:
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Полицаецот му вика на командирот : леле да видиш колку глупав син имам . А овој му вика не зборувај така за детето . Полицаецот го вика синот и му вика : Сине оди види дали сум надвор . И детево одма низ врата да види дали е надвор таткому , а на тоа командирот му вика : леле па овој стварно бил глупав можеше од пенџере да види ! :pos:
 

intro

★ ★ ★★ ★
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.360
Поени од реакции
1.060
Бил Гејтс фатил златна рипка и пак ја фрлил во водата. Се враќа рипката и му вика:
-Абе, а три желби?
-Добро ма ајде. Кажи шо сакаш?
 

blackeyed

passive-aggressive...
Член од
6 ноември 2008
Мислења
933
Поени од реакции
2.090
Оди Коле на автобуската и пита еден службеник:
- Куме дај две кифли, ако имаш милост.
- Не сам јас пекар пријателе, јас сам диспечер.
- Добро тогај че искаш ле диспечеш една!
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Оди Коле на автобуската и пита еден службеник:
- Куме дај две кифли, ако имаш милост.
- Не сам јас пекар пријателе, јас сам диспечер.
- Добро тогај че искаш ле диспечеш една!
На кој јазик е ова напишано ?
 
М

Мартин`

Гостин
Охриѓанец и прилепчанка во кревет:
Охриѓанецот: - Леле ш`о си уба, колку убај очи имаш, па то лицето убо, па меки рачина, бујни цицина, секси рамно стомаче ..
Прилепчанката: Че се сексаме или попис че прајме?
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Студент на факултет.

Оди некој студент на факултет и седнува до својот професор,а професорот му вели.
-Птиците и свињите не можат да седат на едно место.
А студентот му одговара тогаш вие одлетајте а јас ке останам на своето место.
Професорот изнервиран,решил да го кутне студентот.
Стундентот на следниот испит,одговорил за 10-ка но професорот решен да го кутне му поставил прашање,имаш две торби во едната памет во другата пари,што ке земеш ?
-Студентот одговорил,парите.
-А пак професорот му одговорил дека ако тој бил на негово место би го земал паметот,а студентот му одговорил,секој зема тоа што му е потребно.
-Професорот изнервиран,му го земал индексон и му напишал само ГОВЕДО.
-Студентот изнервиран излегол и по 2 минути пак влегол,и му рекол,извинете ?!,само се потпишавте а не ми ставивте оценка.


:pos::pos:
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.653
Поени од реакции
7.300
Одлучил директорот на психијатриска болница да вид кој е здрав за да го пушти.
Оди и гледда првиот каде што се удира со камен по главата и го прашува:
-Што правиш ти?
-Се дрогирам! - одговорил лудакот.
Директорот решил него да го остави. Оди следен и гледа се удира со два камења по главата и го прашува:
-Што правиш ти?
-Се дрогирам! - одговорил лудакот.
Докрторот сфатил дека и тој не е за пуштање. Оди на следниот и го видел како нешто поарен и околу него многу камења и го прашува:
-Што правиш ти?
-Јас сум дилер! - одговорил лудакот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom