Еден млад монах пристигнува во манастир и игуменот го расшетува низ просториите . Влегуваат во една соба, во која има маса, натрупана со секаква вкусна храна и игуменот му кажува:
- Тука, чедо мое, можеш да јадеш што ти душа сака и колку сакаш секој ден, само во петок - не!
Влегуваат во друга соба со маса, пренатрупана со секакви пијалоци .
- Тука, чедо мое, можеш да пиеш што и колку сакаш секој ден, само во петок - не!
Влегуваат во трета соба , полна со разна облека .
- Тука, чедо мое, можеш да се преоблекуваш колку сакаш секој ден, само во петок - не!
Накрај го воведува во една мала собичка, кадешто има еден шкаф, го отвара шкафот и се гледа еден гол задник.
- Тука, чедо мое, можеш да доаѓаш и да е*еш колку сакаш, само во петок - не!
Младиот монах бил многу задоволен и му рекол на игуменот:
- Оче Игумене, се во манастирот многу ми се допадна и со радост ќе останам да служам , но зошто не можам да ги користам сите тие блага и во петок ?
- Затоа што, чедо мое, во петок ти си дежурен во шкафот.