Влегло дете во продавница и вика на продавачката:
- Тето, дај ми тафе.
- Што сакаш?
- Тафе бе тето, тафеаво.
- Што е тоа тафе, не те разбирам.
- Како ма тето не ме разбираш, тафе, тафеаво, за пиење.
- Абе ти реков не знам што е тоа, ај гитла дома!
- Е тулето да ми го јадеш!
- Што рече, мангуп ниеден?
- А туле знаеш што е, тафе не знаеш???
Влегува човек во автобус и му вика на кондуктерот:
- Ввввве ммммоллллам едддна ккккарта.
- Евввве пппповввеллетте.
Ја зема картата човеков и застанува позади. Влегува на следната станица дечко и му вика на кондуктерот:
- Дајте ми една карта.
- Повели дечко.
Во тој момент првиов човек, налутен му се врти на кондуктерот:
- Ттти мммменнне ммме ззззаеббавваш?!
- Нннне тттеббе, нннегго.
Си биле една црнонокоса и една плавуша и разговарале за тоа кога ке немало струја.
Црнокосата рекла:
- Јас пред три дена чекав цели три сати во ливт за да дојде струја.
А пак плавушата:
- Ма тоа не е ништо јас пред една недела чекав цели пет сати на подвижни скали
---
Пингвински секс
Си бил некој чоек, имал десет евра и отишол во јавна куќа и му ги дал десетте евра и не очекувал кизниткаков секс. Тогаш дошла една секси девојка и го слекла и почнала да ми го пу*и. Но тоа траело многу кратко и таа излегла од собата. Тогаш чоекот почнал да трча по неа со слечени пантолони.
---
Си било некое дете, и му купиле точак...И детето среќно отишло да се повози, во еден момент здогледал продавница и решил да си купи лижалче, арно ама до продавницата биле гробиштата во кои во тој момент погребале некој човек, детето го оставило точакот пред гробиштата и отишол да си купи лижалче... Кога се вратил, гледа точакот му го нема... Започнл да плачи и отишол еден човек до него и му рекол:
- Абе ајде не плачи стар беше (мислеќи на човекот)
- Аха стар стар само еднаш се качив на него.
Добива мажот повик од болница и дознава дека жена му доживеала сообраќајка. Дежурниот лекар му вика: - Ќе преживее ама повредена и е кичмата. Ќе биде трајно и потполно парализирана, што значи дека ќе мора цел живот да ја храните. Мажот почнува да липти. - А нема ни контрола врз бешиката, ќе мора и пелени да и менувате, секој ден, по неколкупати на ден, до крај на живот. Мажот почнува гласно да плаче.
-Исто е и со столицата. Секој ден миење и тоа темелно, за да не добие инфекција.
Мажот паѓа на под, се тутка и почнува да рика од плачење.
Докторот се наведнува над него, го здрмува и му вика:
- Се заебавам бе, мртва е.
Наставникот по физика прашува:
-Кој ке повтори за електрична енергија? - Повекето ученици кренале рака но најмногу Цветко. Наставникот го стана Цветко. Цветко:
-Електричната енергија доаѓа од зоолошката градина! - Наставникот се зачудил и го прашал:
-Зошто Цветко од зоолошката градина? - Цветко:
-Па вчера кога имавме слава и кога наеднаш снема струја дедо ми рече "Пак некој мајмун ни ја исклучи струјата".
Една ноќ, откако брачниот пар легнува во кревет, мажот се врти кон жената и почнува нежно да ја чешка по рамото. Жената се врти накај него и му вели:
- Извини душо, но утре имам закажано кај гинекологот, сакам да останам свежа.
Мажот одбиен, разочарано се свртел на својата страна и се обидел да заспие. После неколку минути му текнува нешто, се свртел повторно кон жената и пак почнал да ја чешка, па и шепнал на уво:
- А дали имаш состанок на забар утре?
Цветко се расправал со жена му, само што не дошле до развод. И потоа тој решил да се обрати кај нејзините родители и да побара помош. Кога отишол кај нив тие го прашале:
- А, дали ти зете се обиде на убав начин да се смириш со нашата ќерка?
- Да, секако. Но таа ми рече да одам по ѓаволите... и ете така ја дојдов кај вас
Се вози Црвенкапа низ шумата со точак.Наеднаш точаков се распаѓа цел и волчко доаѓа да го завари.Работел што работел го напраил и брзо отишол кај баба и ја изел се облекол во нејзината облека и легнал.
Чукнала Црвенкапа па влегла и го видел волкот.
-Бабо бабо зошто имаш толкави уши?
-За да те слушам поубаво.
-А зошто имаш толкави очи.
-Мори ти да варосуваш без наочари да видиш колкави ќе ти станат.
Професорка во средно школо и најавува на учениците дека за една недела ќе имаат тест. Еден од мангупите во класот ја прашува:
- А професорке, оправдано ќе ми биде ако тој ден не дојдам во школо поради сексуална исцрпеност?
- Не, ќе мора да пишуваш со другата рака.
Барак Обама дошол на посета во Македонија и
како што е редот Бранко го однел на прошетка низ Скопје,
се шетале, муабетеле и само гледаат човек како моча на улица,
Обама извадил пиштол и го убил човекот.
Бранко изнервиран го прашал зошто го убил човекот.
Обама ладнокрвно му одговорил:
- Епа кај нас во Америка,
кога ќе видиме некој човек како моча на улица го убиваме...
После некое време, Бранко ја посетил Америка...
Се шетале по улица и гледаат некој човек како моча...
Бранко го извадил пиштолот и го убил
човекот за да му врати на Обама.
Следниот ден во весник:
"Убиен Македонскиот амбасадор во Америка."
Влегува човек во аптека:
- Ве молам лек против икање.
Аптекарот се доближува до човекот и му залепува шамар. Овој изненаден:
- Зошто ми удривте шамар!?
Аптекарот:
- Тоа секогаш помага, а нема да ве чини ништо.
Човекот:
- Да, ама лекот е за жена ми.
ечко си седи во кафич и си пие пиво кога му приоѓа некој постар човек и му вика:
- Вчера се работев со мајка ти.
Дечково само го погледнува и не реагира. Стариот се враќа по две минути :
- Вчера се работев со мајка ти и ептен е добра.
Дечково повторно не реагирал, само си го пиел пивото. По пет минути се враќа стариот повторно и вика:
- Вчера се работев со мајка ти и денеска пак ќе се работам!
Дечково се врти, го грабнува за рака и вика:
- Добро тато, доста пиеше, ај си одиме дома.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.